Помогни им да чујат и „другпат“
1 „Другпат сакаме да послушаме за тоа“ (Дела 17:32). Така одреагирале некои на познатиот Павлов говор на Марсовото Брдо. Слично и денес, некои сакаат да слушнат повеќе за пораката за Царството што им ја пренесуваме на нашата прва посета.
2 Но, најмногу даваме поуки кога ќе дојдеме повторно за да го негуваме интересот. Добрата подготовка ќе ни помогне да постигнеме позитивни резултати. На 49. страница од Водичот за Школата се препорачува: „Прво, јасно разбери ги аргументите што го поддржуваат материјалот. Потоа, обиди се да утврдиш зошто е така. Види дали можеш тие мисли да ги изразиш со свои зборови. Добро разбери ги библиските докази. Биди подготвен делотворно да ги примениш библиските стихови“.
3 Ако си ја оставил книгата „Библијата — Реч Божја или човечка?“, можеш да кажеш нешто слично на ова:
◼ „Кога разговаравме минатиот пат, дискутиравме зошто можеме да имаме доверба во Библијата. Книгата што Ви ја оставив го поставува прашањето ‚Зошто да се чита Библијата?‘ [Прочитај го уводот од страница 5 и дозволи му да одговори на заклучното прашање.] Библијата ни кажува дека мошне бргу Бог лично ќе ги реши сите збунувачки проблеми на човештвото и таа нѐ води по патот по кој мораме да одиме за да ги уживаме благословите на тоа среќно време. [Прочитај Псалм 118:105.] Оваа книга е обликувана како средство за лична и семејна студија на Библијата. Ќе ми биде драго да Ви покажам како се користи.“
4 На посетите каде што си го оставил трактатот „Зошто можеш да имаш доверба во Библијата“, можеш да го кажеш следново:
◼ „Сите ние сме заинтересирани за она што го носи иднината. Со оглед на денешниве прилики во светот, што мислите дека ќе се случи? [Дозволи одговор.] Додека човекот може само да нагаѓа што ќе се случи, Бог точно знае што ќе биде тоа. [Прочитај Исаија 46:10.] Може да Ве изненади фактот што Библијата претскажува дека наскоро ќе ги уживаме благословите на еден рајски нов свет. [Прочитај го 3. пасус од 4. страница.] Дозволете ми да Ви кажам нешто повеќе за ова извонредно ветување.“
5 Нема поголемо богатство што можеме да им го пренесеме на другите, од точното спознание за Божјата Реч. Таквото спознание ќе ги поучи луѓето да се плашат од Јехова и ќе ги охрабри да одат по неговите патишта, што донесува вечен благослов (Изр. 2:20, 21).