Библијата — извор на утеха и надеж во еден немирен свет
1 Овој свет го држи човештвото под огромен притисок и во потреба од утеха и надеж. Библијата е единствениот извор на вистинска утеха. Таа дава надеж за еден нов свет на праведност (Рим. 15:4; 2. Петр. 3:13). Книгата Insight, том 1, страница 311, забележува: „Без Библијата не би го познавале Јехова, не би знаеле за извонредните користи што произлегуваат од Христовата откупна жртва и не би ги разбрале барањата што мора да ги исполни едно лице за да добие вечен живот како член на владата на Божјето праведно Царство или како негов поданик“.
2 Во ноември посебно ќе го насочуваме вниманието на улогата што ја игра Божјата Реч, Библијата, во помагањето на луѓето да излезат на крај со притисоците од светот. Ќе ја нудиме книгата Библијата — Реч Божја или човечка? Што да кажеме за да им помогнеме на исправно настроените поединци да ја сфатат вредноста на Библијата?
3 Откако ќе се претставиш, можеш да кажеш отприлика вака:
◼ „Веројатно се слагате дека сме опкружени со проблеми кои тежнеат да ни го одземат душевниот мир. Каде можеме да најдеме практични совети кои ќе ни покажат како да излеземе на крај со овие проблеми? [Дозволи одговор.] Јас лично сум открил дека Библијата смирува, бидејќи таа нѐ учи како да бидеме среќни. [Прочитај Лука 11:28.] Целта на нашето дело е да ги охрабриме луѓето да ја читаат Библијата и да извлечат корист од нејзините упатства. Ова средство за проучување на Библијата, Библијата — Реч Божја или човечка?, може да Ви помогне да го сторите тоа. Видете што вели таа за причината на повеќето проблеми во светот. [Прочитај ја втората реченица од пасус 9 на страница 187.] Доколку имате желба да ја прочитате оваа книга, радо ќе Ви го оставам овој примерок.“
4 Можеш да избереш и едноставен пристап како овој:
◼ „Сакаме кај луѓето да побудиме поголемо ценење за Божјата Реч, Библијата. Би Ви го дал овој трактат Зошто можеш да имаш доверба во Библијата. Тој објаснува зошто можеме да најдеме во Библијата сигурна надеж за еден подобар свет. [Сврти на 6. страница и прочитај го Псалм 37:29 сосе заклучниот пасус.] Самите прочитајте го трактатот, а следниот пат кога ќе Ве посетам, ќе ми кажете што мислите за надежта што ја дава Библијата.“
5 Некои објавители можеби ќе сакаат да го користат следниов директен пристап за започнување на библиска студија:
◼ „Ве посетувам за да Ви понудам бесплатна домашна библиска студија. Дозволете ми накратко да Ви покажам како можете да го правите тоа. [Покажи ја книгата Библијата — Реч Божја или човечка? и сврти на поглавје 12 — Извор на повозвишена мудрост. Според покажаниот интерес, побарај еден или два библиски стиха и коментирај ја главната мисла што тие ја носат. Ако објасниш како се бараат библиските стихови, заедно со објаснувањето дадено во публикацијата, ќе покажеш како Библијата може да биде извор на помош за секој проблем што може да се доживее сега, а и како со доверба да се гледа на иднината под уредувањето на Божјето Царство.] Ќе ми биде драго да дојдам повторно и понатаму да дискутираме за надежта за Царството.“
6 Библијата е извор на утеха и надеж, како и на вистината која може да нѐ доведе до вечен живот (Јован 17:3, 17). Делењето на библиското спознание со другите му угодува на Јехова, „Кој сака сите луѓе да се спасат“ (1. Тим. 2:4).