Следи го интересот што си го пронашол
1 Кога работиме од куќа до куќа, обично сме ограничени во времето што можеме да го поминеме со еден интересент. Во повеќето случаи вистински поучуваме кога правиме повторни посети и водиме библиски студии (Мат. 28:19, 20). За да поучуваме делотворно на повторните посети, треба да си го повториме она што сме го дискутирале на првата посета, а потоа да се подготвиме за понатамошна дискусија.
2 Ако си зборувал за нестабилноста на семејното уредување, можеш да го користиш материјалот од 29. поглавје од книгата „Живеј засекогаш“ и да речеш:
◼ „Претходно зборувавме за тоа колку е мудро да се следат библиските совети за да се има среќен семеен живот. Што мислите, што е клучот за обединување на денешните семејства?“ Дозволи одговор. Осврни се на 27. пасус од 247. страница и прочитај Колосјаните 3:12-14. Дај и додатни коментари што покажуваат како може искрената љубов да ги обедини семејствата. Објасни како може едно систематско проучување на книгата Живеј засекогаш да помогне при решавањето на проблемите.
3 Ако при твојата прва посета сте дискутирале за сѐ полошите услови во светот, можеш да продолжиш со зборовите:
◼ „Сигурен сум, ќе се согласите дека се потребни големи промени ако сакаме некогаш да живееме во мир. Библијата покажува дека Сатана е првенствената причина за нашите проблеми. Многумина се прашуваат зошто Бог му допушта да постои толку долго. Што мислите Вие?“ Дозволи одговор. Сврти во книгата Живеј засекогаш на 20. страница, пасуси 14 и 15, и објасни зошто Сатана сѐ уште не е уништен. Потоа прочитај Римјаните 16:20, кој покажува што можеме да очекуваме во блиска иднина.
4 Ако сте зборувале за благословите што ќе бидат остварени кога ќе владее Царството, на повторната посета можеш да речеш:
◼ „Божјето Царство ќе донесе прекрасни благослови за Земјата и за човештвото. Овие благослови се добро илустрирани овде, на 12. и 13. страница. Од она што го гледате, што Ви се допаѓа Вам? [Дозволи одговор.] Помислете само како би изгледало да се живее во еден ваков свет.“ Прочитај го 12. пасус. Ако постои интерес, постави го прашањето од 13. пасус и дискутирајте за одговорот. Укажи на тоа дека ова поглавје одговара и на други прашања за благословите на Царството, и дека ќе ти биде драго да дискутирате за нив при следната посета.
5 Можеби ќе можеш да започнеш студија ако кажеш:
◼ „Многу луѓе пронашле одговори на своите библиски прашања кога ја користеле оваа книга.“ Сврти на Содржината и прашај: „Која тема Ве интересира најмногу?“ Дозволи одговор, сврти на поглавјето што му го привлекло интересот и прочитај го првиот пасус. Објасни како прашањата на дното од секоја страница ги истакнуваат главните точки од секој пасус. Илустрирај му со тоа што ќе дискутирате за уште еден до два пасуси, а потоа договори се да дојдеш повторно.
6 Следењето на интересот со помош на книгата Живеј засекогаш ја покажува нашата желба потполно да ја извршиме службата (2. Тим. 4:5). Можеби ќе можеме да им помогнеме на оние што нѐ слушаат, да посегнат по вечен живот (Јован 17:3).