ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 11/94 стр. 3
  • Прашања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања
  • Нашата служба за Царството 1994
  • Сличен материјал
  • Биди претпазлив кога проповедаш
    Нашата служба за Царството 2012
  • ‚Темелно да сведочиме‘ — проповедајќи во станбени згради
    Нашата служба за Царството 2008
  • Методи на проповедање на добрата вест
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • Биди делотворен во службата
    Нашата служба за Царството 1998
Повеќе
Нашата служба за Царството 1994
km 11/94 стр. 3

Прашања

◼ Каква претпазливост е потребна додека работиме на опасни подрачја?

1 Сѐ почесто слушаме извештаи за насилства, за напади заради грабеж и за општествени немири, посебно во урбаните средини. Иако тоа нѐ загрижува, сепак, знаеме дека дури и во немирни подрачја има искрени луѓе кои ќе се огласат на пораката за Царството. Затоа, кога е прикладно, мораме да собереме храброст за да продолжиме со проповедањето, уверени во Јеховиниот грижлив надзор (Изр. 29:25; 1. Сол. 2:2).

2 Кога одиме на потенцијално опасно подрачје, Јехова очекува од нас да бидеме претпазливи и добро да расудуваме. Биди буден. „Умниот го гледа злото и се клони; а безумните одат напред и се казнуваат“ (Изр. 22:3). Искусните објавители сфаќаат колку е мудро да се работи во парови, па дури и во група од по неколку објавители, ако е неопходно. Проповедник 4:9, 12 вели: „Подобро им е на двајца, отколку на еден . . . ако некој го надвие едниот, тоа двајца ќе го навасаат“. Криминалците честопати ги демнат оние кои се сами, кои со самото тоа се полесни жртви.

3 Биди крајно внимателен кога одиш во згради со мрачни ходници и пусти скалишта. Биди претпазлив кога прифаќаш покани да влезеш во некоја куќа или во стан. Немој да се убедуваш со некој кој можеби изгледа опасно или сака да провоцира. Веднаш претстави се како Јеховин сведок. Некои објавители секогаш држат в рака Библија, Стражарска кула или Разбудете се! заради идентификација.

4 Држи ги на око поединците кои бесцелно се шетаат наоколу. Биди претпазлив кога влегуваш во лифт со луѓе кои не изгледаат како станари на таа зграда. Не носи скап накит. Ако мораш да бидеш надвор откако ќе се стемни, избегнувај да одиш по мрачни и непрометни улици. Ако си жртва на напад заради грабеж, не противи се кога ти бараат само пари или нешто друго што носиш со себе; твојот живот е далеку подрагоцен од било која материјална работа што ја поседуваш (Мар. 8:36).

5 Браќата кои го преземаат водството треба да бидат будни, односно секогаш да знаат каде се објавителите и што прават на подрачјето. Обично е најдобро групата да се држи сконцентрирана на истото подрачје за да може другите секогаш да бидат во близина. Ако се појави било какво насилство или немир во квартот, групата треба веднаш да го напушти подрачјето.

6 Ако сме будни и претпазливи, можеме да продолжиме да ги достигнуваме оние од подрачјата со многу раширен криминал — оние кои „жалат, кои воздивнуваат за гадотиите, што се вршат“ (Езек. 9:4).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели