ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 11/98 стр. 3-6
  • Биди делотворен во службата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Биди делотворен во службата
  • Нашата служба за Царството 1998
  • Сличен материјал
  • Методи на проповедање на добрата вест
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • Зошто е добро да имаш свое подрачје?
    Нашата служба за Царството 2013
  • Делотворно користи го своето време
    Нашата служба за Царството 1999
  • Применувај го Златното правило во службата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
Повеќе
Нашата служба за Царството 1998
km 11/98 стр. 3-6

Биди делотворен во службата

1 Небото потемнува, а еден грозоморен звук станува сѐ погласен додека не се претвори во заглушувачка бука. Се спушта еден облак во вид на дим. Што е тоа? Една војска од милиони скакулци кои доаѓаат потполно да ја опустошат Земјата! Оваа сцена што ја опишал пророкот Јоил се исполнува денес во проповедничкото дело на Божјите помазани слуги и нивните придружници, големото мноштво.

2 Стражарска кула од 1 мај 1998, страница 12, пасус 19, забележа: „Божјата современа војска од скакулци дава темелно сведоштво во „градот“ на христијанскиот свет (Јоил 2:9) . . . Тие сѐ уште ги прескокнуваат сите препреки, влегувајќи во милиони домови, пристапувајќи им на луѓето на улица, разговарајќи со нив по телефон и контактирајќи со нив на секој можен начин додека ја објавуваат Јеховината порака“. Зарем не е голема предност да учествуваме во ова дело ополномоштено од Бог?

3 За разлика од дословните скакулци, чија единствена цел е да се нахранат, ние како Јеховини слуги сме длабоко заинтересирани за животите на оние на кои им проповедаме. Сакаме да им помогнеме на другите да ги научат славните вистини содржани во Божјата Реч и да бидат поттикнати да преземат чекори кои ќе водат до нивно вечно спасение (Јован 17:3; 1. Тим. 4:16). Значи, сакаме да бидеме делотворни во начинот на кој ја извршуваме нашата служба. Каков и да е приодот на проповедање што ќе го примениме, треба да размислиме дали го извршуваме на начин и во време кое ќе донесе најдобри резултати. Бидејќи ‚обликот на овој свет се менува‘, ќе биде добро да ги анализираме нашите методи и нашиот пристап за да провериме дали успешно се соочуваме со предизвикот да бидеме колку што е можно поделотворни (1. Кор. 7:31).

4 Додека настојуваме на разни начини да стапиме во контакт со луѓето, делото од куќа до куќа сѐ уште зазема главно место во нашата служба. Дали си открил дека луѓето честопати не се дома или спијат кога ќе ги побараш? Колку само фрустрира тоа, бидејќи не можеш да ја споделиш со нив пораката за добрата вест! Како можеш да се справиш со овој предизвик?

5 Биди флексибилен и разумен: Во првиот век, рибарите во Израел рибареле ноќе. Зошто баш ноќе? Иако тоа не било баш најзгодно време за нив, сепак било најдобро време за да се фатат најмногу риби. Тоа било најпродуктивно време. Коментирајќи за оваа практика, Стражарска кула од 15 јуни 1992 наведе: „И ние треба да го проучиме своето подрачје за да одиме на риболов, така да се каже, кога повеќето луѓе се дома и се приемливи“. Внимателното набљудување на општествените навики покажало дека во многу населби од предградијата и во станбените подрачја луѓето можеби се дома тогаш кога ќе ги побараме рано во саботните или неделните утра, но обично не се приемливи за нашите посети во тоа време. Ако тоа е случај на твоето подрачје, можеш ли да го прилагодиш времето на твоите посети доцна наутро, па дури и попладне? Тоа е еден добар начин да ја зголемиме делотворноста на нашата служба, а и да покажеме обѕирност кон нашите ближни, што е доказ за вистинска христијанска љубов (Мат. 7:12).

6 Во Филипјаните 4:5 (NW) апостол Павле нѐ потсетува дека треба ‚нашата разумност да им биде позната на сите луѓе‘. Во склад со ова инспирирано упатство, сакаме да бидеме урамнотежени и разумни во нашите методи додека ја извршуваме задачата да проповедаме со ревност и воодушевеност. Не сакаме ‚да се притеснуваме да поучуваме јавно и од куќа до куќа‘, туку сакаме да се погрижиме нашата служба од куќа до куќа да ја извршуваме во време кога е разумно и продуктивно (Дела 20:20, NW). Исто како рибарите од Израел во првиот век, ние сме заинтересирани за ‚рибарење‘ во време кога можеме да бидеме најпродуктивни, а не во време кога ние мислиме дека е најзгодно за нас.

7 Какви прилагодувања можат да се направат? Најчесто, состаноците за служба на теренот се одржуваат во 9.00 или 9.30 во сабота или во недела, а после тоа групата веднаш започнува на подрачјето со делото од куќа до куќа. Меѓутоа, некои старешински тела направиле подготовки групата да учествува во други облици на службата, како што е сведочењето на улица, на деловно подрачје или на повторни посети, пред да одат од куќа до куќа и на станбени подрачја. Други собранија одредиле време за состаноци за служба на теренот подоцна наутро — во 10.00, 11.00 или 12.00 часот. Потоа групата оди директно во делото од куќа до куќа и останува во служба сѐ до рано попладне. На некои подрачја најдобро време за состанок за служба на теренот можеби е рано попладне, а не наутро. Таквите прилагодувања можат да придонесат за зголемена продуктивност во делото од куќа до куќа.

8 Биди прониклив и тактичен: Додека контактираме со луѓето од куќа до куќа, наидуваме на различни реакции на нашата порака. Некои станари се приемливи, други се рамнодушни, а некои можеби се склони кон расправање или кавги. Ако е случај последново, на страница 7 од Расправљање на темељу Писма потсетени сме дека ние не настојуваме „,да победиме во расправија‘ со луѓе кои не покажуваат ценење за вистината“. Ако станарот е непријателски расположен, најдобро е да си заминеме. Никогаш не треба да им се противиме на луѓето инсистирајќи тие да разговараат со нас или да го прифатат нашето гледиште. Ние не им ја наметнуваме нашата порака. Тоа не би било разумно и би можело да предизвика проблеми за другите Сведоци и за делото воопшто.

9 Пред да почнеме да работиме на некое подрачје, мудро ќе биде да провериме во картичката на подрачјето дали има забелешки за адреси на кои станарите рекле да не одиме. Ако има такви адреси, на секој објавител кој работи на таа улица треба да му се каже каде да не оди. Никој не треба на своја рака да оди во тие станови доколку надгледникот за служба не дал такво упатство. (Види Наша служба за Царството од јуни 1994, рубрика прашања, [англ.].)

10 Можеме да ја зголемиме нашата делотворност ако бидеме проникливи додека одиме од куќа до куќа. Набљудувај додека се приближуваш кон некој дом. Дали се спуштени сите завеси или ролетни? Има ли некаков звук на активност? Тоа би можело да биде знак дека станарите спијат. Веројатно ќе имаме попродуктивен разговор со станарот ако дојдеме подоцна. Можеби ќе биде најдобро во тој момент да го одминеме станот и да си го запишеме бројот на куќата. Би можел повторно да наминеш кај тој стан пред да си заминеш од подрачјето или, пак, да си забележиш повторно да дојдеш подоцна.

11 Сепак, можат да се појават ситуации во кои од невнимание ќе разбудиме некого или ќе му сметаме на некој друг начин. Тој можеби ќе биде раздразнет или налутен. Како треба да реагираме? Изреки 17:27 (NW) советува: „Човекот кој има проникливост е со смирен дух“. Иако ние не се извинуваме поради нашата служба, сигурно можеме да кажеме дека ни е жал што сме дошле во незгодно време. Учтиво можеме да прашаме дали би било попогодно некое друго време и да понудиме повторно да навратиме. Еден искрен израз на лична заинтересираност кажан со благ тон честопати ќе го опушти таквото лице (Изр. 15:1). Ако станарот ни каже дека редовно работи во ноќна смена, со картичката на подрачјето може да се приложи забелешка со цел идните посети да се прават во погодно време.

12 Проникливоста е на место и додека настојуваме темелно да го обработиме нашето подрачје. Бидејќи многу луѓе не се дома кога ќе ги посетиме првпат, треба да вложиме дополнителен напор да стапиме во контакт со нив за да им ја пренесеме пораката на спасение (Рим. 10:13). Извештаите покажуваат дека понекогаш објавителите неколкупати одат на истата врата во ист ден обидувајќи се да ги најдат луѓето дома. Ова не останува незабележано од соседите. Може да се создаде непријатен впечаток дека Јеховините сведоци ‚секогаш доаѓаат‘ на нивната улица. Како може да се избегне тоа?

13 Примени проникливост. Кога повторно ќе дојдеш на местото каде што немало никој дома, има ли некакви знаци дека некој е дома сега? Ако во поштенското сандаче се гледаат писма или летоци, веројатно лицето сѐ уште не е дома и овој пат не би била продуктивна понатамошна посета на таа врата. Ако не можеш да стапиш во контакт со лицето откако неколкупати си се обидел во различно време од денот, на пример навечер, веројатно ќе можеш да стапиш во контакт со станарот по телефон. Ако не, на вратата може дискретно да оставиш трактат или леток, особено ако подрачјето се обработува прилично често. Сосема веројатно е дека со тоа лице ќе може да се контактира следниот пат кога ќе се обработува подрачјето.

14 Треба да избегнуваме долги разговори на врата кога станарот е изложен на лошо време. Ако те поканат внатре, внимавај да не го извалкаш подот. Користи добро просудување кога те предизвикува куче што лае. Кога работиш во станбени згради, зборувај тивко и избегнувај да правиш врева која ќе ги вознемири станарите и ќе го разгласи твоето присуство.

15 Биди уреден и достоинствен: Со добра организација можеме да избегнеме да формираме големи, лесно забележливи групи кои се собираат на подрачјето. Некои станари можеби се чувствуваат загрозени кога неколку автомобили и комбиња доаѓаат пред нивниот дом со голема група објавители. Не сакаме да оставиме впечаток дека ние „напаѓаме“ станбени подрачја. Подготовки за обработка на подрачјето најдобро се прават на состанокот за служба на теренот. Мали групи објавители, на пример едно семејство, делуваат помалку застрашувачки за станарите и им треба помала реорганизација додека го обработуваат подрачјето.

16 Уредноста бара родителите внимателно да го надгледуваат однесувањето на нивните деца додека работат на подрачјето. Децата треба да се однесуваат добро кога ги придружуваат возрасните на вратата. Не треба да им се допушти слободно да си играат или да се шетаат, привлекувајќи непотребно внимание на станарите или минувачите.

17 Потребна е урамнотеженост и во паузите за кафе. Наша служба за Царството од јуни 1995, страница 3, наведе: „Кога сме во служба на проповедање, може да изгубиме драгоцено време на паузите за кафе. Меѓутоа, кога временските прилики се лоши, паузата ќе нѐ освежи и ќе ни помогне да продолжиме. Сепак, многумина претпочитаат да бидат зафатени со сведочење на луѓето, откажувајќи се од дружење со браќата на паузите за кафе во текот на времето што е одвоено за службата“. Иако е лична одлука дали некој ќе запре за да се освежи, забележано е дека понекогаш големи групи браќа и сестри се сретнуваат во некоја кафетерија или во ресторан. Освен времето што е потребно за да бидат послужени, присуството на мноштво може да ги вознемири другите гости. Понекогаш гласно се дискутира за искуствата од утринската служба на теренот, а тоа може да одземе од достоинството на нашата служба и да ја намали делотворноста. Со проникливост, објавителите можат да избегнат да преполнат некој објект и непотребно да си одземаат време од службата.

18 Многумина доживеале добри резултати пристапувајќи им на луѓето секаде каде што ги има — на улиците, на паркиралиштата и на други јавни места. И овде сакаме да дадеме добро сведоштво не само со нашите зборови туку и со нашата разумност. Објавителите во секое собрание треба да се погрижат да ги почитуваат границите на своето подрачје за да не ги преплавуваат пешаците во комерцијалните подрачја и влезовите на подземните железници или вработените во бизнисот, како што се бензиските пумпи кои се отворени 24 часа. За да се погрижиме да ја извршуваме нашата служба уредно и достоинствено, ќе работиме само во нашето доделено подрачје освен ако не се направени некои посебни подготовки преку Собранискиот службен одбор на некое друго собрание, со цел да му се помогне. (Спореди 2. Коринтјаните 10:13—15.)

19 Некои собранија со многу места во кои може да се сведочи јавно ги организирале тие места во подрачја. Тогаш се отвора картичка на подрачјето на поединечен објавител или група. Ова овозможува поделотворно обработување и спречува премногу објавители да работат на истото подрачје во исто време, во склад со начелото од 1. Коринтјаните 14:40: „Сѐ да се врши како прилега и уредно“.

20 Нашиот личен изглед треба секогаш да биде достоинствен и претставителен како за министри кои го носат Јеховиното име. Истото важи и за опремата што ја носиме. Излитени чанти за книги и Библии со извиткани или извалкани листови одвратуваат од пораката за Царството. Се вели дека облеката и дотерувањето „се општествен стенограм кој ѝ дава на околината информации за тоа кој си и што си и каде се вклопуваш во редоследот на работите“. Значи, нашиот изглед не треба да биде неуреден или запуштен, блескав или екстравагантен, туку секогаш ‚достоен за Евангелието‘ (Фил. 1:27; спореди 1. Тимотеј 2:9, 10).

21 Во 1. Коринтјаните 9:26 апостол Павле изјавува: „Јас, пак, сѐ така трчам, но не на несигурно; се борам не како оној што удира по ветер“. Имитирајќи го Павле, одлучни сме да имаме делотворна, продуктивна служба. Додека имаме ревносно учество во делото на сведочење денес како дел од Јеховината „војска од скакулци“, да користиме христијанска разумност и проникливост додека им ја пренесуваме пораката на спасение на сите кои се на нашето подрачје.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели