ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/94 стр. 1
  • Покажи ценење за Божјиот дом

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Покажи ценење за Божјиот дом
  • Нашата служба за Царството 1994
  • Сличен материјал
  • Да покажуваме почит кон нашите свети состаноци
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Зошто да бидеме точни?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Да се ценат христијанските збирови
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Однесувај се на начин достоен на добрата вест
    Нашата служба за Царството 1995
Повеќе
Нашата служба за Царството 1994
km 12/94 стр. 1

Покажи ценење за Божјиот дом

1 Во библиски времиња Јехова му заповедал на својот народ редовно да се собира во неговиот дом (3. Мој. 23:2). Овие собири им помагале своите мисли да ги концентрираат на Божјата Реч, овозможувајќи им време за медитација, за дружење и за дискусија околу Јеховиниот Закон. Умовите им се исполнувале со Божји мисли, што донесувало богати духовни благослови. Ова биле навистина радосни прилики. Ваквата подготовка го унапредувала единството и чистото обожавање. Ништо помалку важно не е ни собирањето во Божјиот дом денес.

2 Како да покажеме ценење за состаноците? Некои собранија известуваат мала посетеност на состаноците. Понекогаш одредена ситуација може да спречи некого да присуствува на состанок. Но, дали си дозволил релативно ситни проблеми да те попречуваат редовно да присуствуваш на состаноците? Некои можеби одлучиле да останат дома поради мала главоболка или затоа што биле изморени после напорниот работен ден. Други се чувствувале должни да ги пречекаат роднините кои не се верници, а кои сакале да ги посетат. Некои дури испуштиле состаноци за да ја гледаат омилената ТВ програма или некој спортски настан. Степенот на ценење покажан во овие ситуации очигледно не се изедначува со искрената желба што ја изразиле Кореевите синови: „Копнее душата моја сакајќи да е во Господовите дворови“ (Пс. 83:2).

3 Иако на состаноците се дава изобилство од духовна храна, на некои присутни им е тешко да ѝ посветуваат внимание. Тие може да се фатат себеси како мечтаат, размислуваат за грижите што ги имале тој ден, па дури и како задремуваат. Многумина увидуваат дека правењето кратки белешки им помага да останат будни и да се сосредоточат на она што е речено. Запишувањето, исто така, ги втиснува информациите во умот. Покрај тоа, за да се извлече потполна корист, од помош е претходната подготовка. Ако се подготвуваме добро, ќе можеме „да бидеме нарочно внимателни“ (Евр. 2:1).

4 И децата, исто како возрасните, треба да ги впиваат упатствата што се даваат на состаноците. Она што децата ќе го научат ќе биде многу ограничено ако родителите им донесуваат играчки и боенки за да се занимаваат и да бидат мирни. Недостига исправна стега кога на децата им се дозволува да си играат, да зборуваат, да плачат или да прават други работи што ги вознемируваат оние кои седат околу нив. Честите и непотребни прошетки до тоалетот или до чешмата за време на состанокот обично се намалени кога детето знае дека секојпат со него ќе дојде еден од родителите.

5 Важна е точноста: Понекогаш, некои неизбежни околности можат да нѐ спречат навреме да дојдеме на состанокот, но вообичаеното задоцнето пристигнување после првата песна и молитвата покажува недостиг на почитување кон светата цел на состаноците и кон одговорноста да избегнуваме да ги вознемируваме другите. Запомни дека пеењето и молитвата со нашите браќа на собраниските состаноци се дел од нашето обожавање. Вообичаеното доцнење најчесто е последица на лоша организација или на пропустот да се планира однапред. Точноста покажува дека ги почитуваме и ги цениме нашите состаноци.

6 Како што денот се приближува сѐ повеќе, потребата од заедничко состанување може да стане само поголема (Евр. 10:24, 25). Да го покажеме нашето ценење преку редовно присуствување, претходна подготовка, точност, сосредоточено внимание, а потоа и со применување на она што сме го научиле.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели