ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 3/95 стр. 1
  • Многу е дадено — многу се бара

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Многу е дадено — многу се бара
  • Нашата служба за Царството 1995
  • Сличен материјал
  • Спремно да се понудиме за секое добро дело
    Нашата служба за Царството 1995
  • Порака што мораме да ја објавуваме
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
Нашата служба за Царството 1995
km 3/95 стр. 1

Многу е дадено — многу се бара

1 Колку само сме привилегирани што ја имаме вистината! Поради тоа што сме му предадени на Јехова, ‚поверено ни е Евангелието‘ (1. Сол. 2:4). Ова нѐ става под поголема одговорност. Исус рекол: „Кому е многу дадено, многу и ќе се бара од него“ (Лука 12:48б).

2 Колку само се вистинити овие зборови! Бидејќи сите ние сме благословени со спознание за Божјата Реч, со извонредно братство и со прекрасна надеж, може со право да се рече дека нам ни е многу дадено. Се разбира, многу и се очекува за возврат.

3 Задржи исправен став кон барањата: Некои заклучиле дека многу се очекува од нас. Како Глава на христијанското собрание, Исус Христос одредува „што е потребно“ (НС) за тоа да функционира исправно (Ефеш. 4:15, 16). Тој нѐ уверува дека ‚јаремот Негов е благ и бремето Негово е лесно‘ (Мат. 11:28-30). Со љубов ги зема во обѕир оние што имаат ограничувања (Лука 21:1-4). Ако го дадеме најдоброто од себе, без оглед на износот, ќе бидеме благословени (Кол. 3:23, 24).

4 Прашај се: ‚Дали се интересите на Царството на прво место во мојот животот? Дали го употребувам своето време и средствата на начин што донесува фалба на Божјето име и корист за другите? Дали ми претставува поголемо задоволство да му служам на Јехова отколку себично да уживам во материјалните работи?‘ Ако одговориме чесно на овие прашања, ќе видиме какви мотиви имаме во срцето (Лука 6:45).

5 Избегнувај да бидеш искушан да направиш нешто што е зло: Никогаш порано не сме биле толку многу искушувани и ставани под притисок да гледаме на личните интереси, да бидеме алчни и да го сакаме сензуалното задоволство. Секој ден сме соочени со морални предизвици, со искушенија да направиме компромис. За да ги совладаме успешно овие предизвици, мораме да бараме помош од Јехова (Мат. 26:41). Тој може да нѐ зајакне преку својот дух (Иса. 40:29). Од голема помош е секојдневното читање на Божјата Реч (Пс. 1:2, 3). Важна улога играат, исто така, самодисциплината и самосовладувањето (1. Кор. 9:27).

6 Не е доволно само да го сакаме она што е добро — мораме и да го мразиме она што е зло (Пс. 96:10). Тоа значи да не развиваме копнеж по работи што се зли. Во Изреки 6:16-19 се наведени седум работи кои Јехова ги мрази. Очигледно е дека оној што сака да му угоди на Јехова мора исто така да ги мрази таквите работи. Бидејќи сме благословени со точно спознание за вистината, треба да сакаме да постапуваме во склад со тоа спознание, задржувајќи го својот ум на добри работи.

7 Исправно е да се молиме за поволни околности за да бидеме „секогаш богати во делото Господово“ (1. Кор. 15:58). Многумина утврдиле дека исполнетиот план во Јеховината служба е заштита бидејќи остава малку време за тежнеење по бескорисни работи.

8 Според сето ова што го разгледавме, она што Јехова го бара од нас е мошне разумно (Мих. 6:8). Ги имаме сите причини да бидеме благодарни за секоја предност во службата (Ефеш. 5:20). Затоа, „работиме напорно и се напрегаме“ (НС), уверени дека нашата награда ќе биде неспоредливо поголема од сето она што се бара од нас (1. Тим. 4:10).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели