ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 3/95 стр. 2
  • Состаноци за служба за март

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Состаноци за служба за март
  • Нашата служба за Царството 1995
  • Поднаслови
  • Седмица од 6 март
  • Седмица од 13 март
  • Седмица од 20 март
  • Седмица од 27 март
Нашата служба за Царството 1995
km 3/95 стр. 2

Состаноци за служба за март

Седмица од 6 март

Песна 34

13 мин: Локални известувања и избрани Известувања од Наша служба за Царството. Дискусија за рубриката Прашања.

15 мин: „Многу е дадено — многу се бара.“ Прашања и одговори. Охрабри ги оние што ги исполнуваат условите да размислат за да се пријават за помошна пионерска служба во април.

17 мин: „Објавување на ‚зборовите на пророштвото‘.“ Разгледување на врвните точки. Предложи им на присутните да раскажат искуства што ги доживеале кога ја користеле или ја врачиле книгата Откровение. Подбуди ги сите да бидат позитивни кога ја нудат книгата, бидејќи таа се занимава со актуелни настани што се однесуваат на секого. Прикажи една до две презентации.

Песна 6 и заклучна молитва.

Седмица од 13 март

Песна 132

10 мин: Локални известувања. Дај кратки коментари кои го свртуваат вниманието на рамката „Потсетник за секретарот и за надгледникот за служба“. Благајнички извештај.

15 мин: „Навремената Вест за Царството ќе биде раширена низ целиот свет.“ Говор на старешина. Нагласи колку е важна оваа претстојна посебна активност во текот на април и мај. Подбуди ги сите, вклучувајќи ги и новите, да планираат потполно учество.

20 мин: Исполнување на условите за некрстен објавител. Говор на старешина, кој истакнува мисли од Стражарска кула од 1 април 1989, од статијата „Да им се помогне на другите да го обожаваат Бог“, пасуси 1-10. Вклучи и информации од Наша служба за Царството од јуни 1990, од рубриката „Прашања“, пасуси 1 и 2.

Песна 62 и заклучна молитва.

Седмица од 20 март

Песна 106

15 мин: Локални известувања. Разгледај ја собраниската активност на подрачјето во февруари, нагласувајќи ги оние точки што охрабруваат и оние на коишто е потребно поправање.

15 мин: По потреба на собранието. Или говор на темел на статијата „Ако сте должни данок, платете данок“, од Стражарска кула од 15 ноември 1994, стр. 26-28.

15 мин: „Помогни им на другите да ‚се придржуваат кон работите што се запишани‘.“ Повторување на главните точки, а потоа да се прикажат една до две повторни посети.

Песна 112 и заклучна молитва.

Седмица од 27 март

Песна 105

5 мин: Локални известувања.

12 мин: „Најважниот настан во човечката историја.“ Дискусија со присутните. Разгледај ги локалните подготовки за Споменот. Објасни зошто треба да ги поканиме интересентите и да им помогнеме да присуствуваат.

18 мин: Исполнување на условите за крштевање. Говор на старешина, кој истакнува мисли од Стражарска кула од 1 јуни 1989, од статијата „Како може крштевањето да нѐ спаси?“, пасуси 7-21. Вклучи и информации од Наша служба за Царството од јуни 1990, од рубриката „Прашања“, пасуси 3 и 4, нагласувајќи колку е важно да се допушти доволно време за да се покаже значително учество во службата на проповедање.

10 мин: Нудење на Стражарска кула и Разбудете се! во април. На често обработувани подрачја, можеме да ја нудиме и која било брошура (освен брошурата Училиште). Таму каде што е пронајден интерес при повторна посета, може да се понуди претплата. Разгледај ги следниве предлози за понуда на списанијата од куќа до куќа: Имај на лицето пријателска насмевка. Биди одушевен. Зборувај побавно. Дискутирај само за една статија од списанието. Дај му ги списанијата на станарот в рака. Нека знае дека ќе дојдеш повторно со следните броеви. Заврши го разговорот позитивно, ако се списанијата одбиени. Води белешки за сите места каде што си оставил литература, како и за покажаниот интерес. На крајот, прикажи една до две кратки презентации во кои се нудат најновите списанија.

Песна 33 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели