ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 4/95 стр. 2
  • Состаноци за служба за април

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Состаноци за служба за април
  • Нашата служба за Царството 1995
  • Поднаслови
  • Седмица од 3 април
  • Седмица од 10 април
  • Седмица од 17 април
  • Седмица од 24 април
Нашата служба за Царството 1995
km 4/95 стр. 2

Состаноци за служба за април

Седмица од 3 април

Песна 46

10 мин: Локални известувања и избрани Известувања од Наша служба за Царството. Разгледај ја статијата „Сѐ нека биде подготвено за Споменот“.

15 мин: „Благодарни за она што го имаме.“ Прашања и одговори. Колку што дозволува времето, дај додатни коментари темелени на Стражарска кула од 1 декември 1990, 17. и 18. страница, пасуси 15-20.

20 мин: „Стражарска кула и Разбудете се! — списанија за нашиве итни времиња!“ Дискусија со присутните. Раскажи искуство кое изразува ценење за списанијата (gE 22.07.91, стр. 9) Договори се со двајца објавители да покажат како да се подготви презентација според дадениот предлог, а потоа нека ги изнесат презентациите еден на друг.

Песна 81 и заклучна молитва.

Седмица од 10 април

Песна 212

10 мин: Локални известувања. Благајнички извештај и благодарност за донациите. Теократски вести. Потсети ги сите дека е потребно да им се помогне на интересентите да присуствуваат на Споменот. Подбуди ги, исто така, да направат посебни напори да учествуваат во службата на подрачјето овој викенд.

15 мин: „Да го задржиме нашето единство на Царството.“ Дискусија со присутните.

20 мин: „Богати во делото Господово.“ Надгледникот за служба го обработува материјалот со прашања и одговори. Разгледај ги проширените подготовки за дистрибуција од куќа до куќа на посебната Вест за Царството. Дискутирај за тоа какви се плановите за обработување на сето подрачје што му е доделено на собранието. Објасни што треба да се стори за да им се помогне на новите да учествуваат во службата по прв пат. (Види Наша служба за Царството од март 1995, стр. 1.)

Песна 87 и заклучна молитва.

Седмица од 17 април

Песна 42

13 мин: Локални известувања. Раскажи охрабрувачки врвни точки од прославата на Споменот, и повтори на кои начини може да им се даде натамошна помош на новите кои присуствувале. Охрабри ги сите да присуствуваат на посебното предавање на 23 април, а воедно и да им помогнат на новозаинтересираните да дојдат повторно. Разгледај ги подготовките за служба на подрачјето во врска со дистрибуцијата на Веста за Царството.

15 мин: „Дали ја согледуваш потребата?“ Прашања и одговори. Накратко осврни се на моменталните цели кон кои се стремат старешините во своето дело на пастирење. Објасни што можат да сторат поединците за да помогнат.

17 мин: „Барај ги подучливите.“ Дискутирај за тоа колку е важно да се прават повторни посети. Охрабри на употреба на Библијата. Договори да се прикажат една до две презентации.

Песна 47 и заклучна молитва.

Седмица од 24 април

Песна 45

15 мин: Локални известувања. Разгледај како напредува дистрибуцијата на Веста за Царството на подрачјето. Побарај од објавителите да раскажат искуства што ги доживеале кога ја нуделе Веста за Царството. Предложи една презентација на списанија што ќе одговара на локалните прилики. Објави ги сите подготовки за учество на собранието во вечерното сведочење како што се зголемува денот.

12 мин: По потреба на собранието. Или, одржи говор на тема „Охрабрувај ги другите“, темелен на Стражарска кула од 15 јануари 1995, стр. 21-23.

18 мин: Води ја редовно вашата семејна студија. Еден сопруг со својата сопруга изразува загриженост поради тоа што нивните деца не напредуваат. Сопругот признава дека бил немарен кога требало да се води семејната студија; понекогаш минувале и по неколку седмици без никаква семејна поука. Тие ги разгледуваат советот и упатствата што се дадени во Водич за Школата, стр. 35 и 36, пасуси 12-14. Обајцата се обврзуваат да ѝ дадат предност на семејната студија секоја седмица, не дозволувајќи да ги спречат другите активности.

Песна 146 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели