Состаноци за служба за јуни
НАПОМЕНА: Наша служба за Царството ќе прави распоред за Состаноците за служба за секоја седмица во текот на летото. Собранијата можат да направат промени по потреба за да се овозможи присуствување на Обласниот конгрес „Радосни фалители“ и 30-минутно повторување на врвните точки од програмата на Состанокот за служба во седмицата после конгресот. Повторувањето на програмата од обласниот конгрес за секој ден треба однапред да се додели на двајца или тројца оспособени браќа кои ќе бидат во состојба да се сосредоточат на истакнатите мисли. Ова добро подготвено повторување ќе му помогне на собранието да ги запомни клучните мисли за лично да ги примени и да ги употреби на подрачјето. Коментарите на присутните и раскажаните искуства треба да бидат кратки и конкретни.
Седмица од 5 јуни
12 мин: Локални известувања и избрани Известувања од Наша служба за Царството. Разгледување на претстојните летни активности; потсети ги сите да останат активни во службата, да одат на состаноци и да ги доставуваат извештаите.
15 мин: „Јехова дава моќ.“ Прашања и одговори. Осврни се на искуството од Стражарска кула од 1 февруари 1992, стр. 32.
18 мин: „Јехова е нашиот Творец.“ Дискусија со присутните. Подготви два приказа кои покажуваат како да се користат предложените презентации. Вклучи некои кратки предлози за тоа како да се прават повторни посети, следејќи ги местата каде што била оставена Веста за Царството во април и мај.
Песна 57 и заклучна молитва.
Седмица од 12 јуни
10 мин: Локални известувања. Благајнички извештај.
17 мин: „Христос како Пример за младите.“ Прашања и одговори. Вклучи коментари од Стражарска кула од 1 септември 1986, стр. 4-6 (англ.).
18 мин: „Помогни им на оние кои немаат вера.“ Еден водител на Собраниска студија на книга ја разгледува статијата со двајца до тројца објавители, а потоа дискутира за тоа како да се употреби материјалот. Тие вежбаат, изнесувајќи презентации еден на друг.
Песна 106 и заклучна молитва.
Седмица од 19 јуни
10 мин: Локални известувања. Прикажи две до три кратки презентации на списанија кои би можеле да се користат во службата оваа седмица.
18 мин: Оддавај им признание на другите. Говор на старешина, темелен на Стражарска кула од 1 декември 1994, стр. 28-30. Нагласи ја потребата да се оддава чест и да се покажува љубезна заинтересираност за другите во собранието.
17 мин: „Добро искористи го своето време.“ Прашања и одговори. Во врска со времето што се поминува пред ТВ, повтори ги предлозите дадени во поднасловот „Имај контрола“, на 11. страница од Разбудете се! од 22 мај 1991 (англ.).
Песна 187 и заклучна молитва.
Седмица од 26 јуни
15 мин: Локални известувања. Накратко дискутирај за важноста на правењето повторни посети. Главниот дел од нашето дело на поучување се врши кога доаѓаме повторно за да го негуваме интересот. Малкумина можат духовно да напредуваат само со литературата. Кога ќе пропуштиме да дојдеме повторно, ја пропуштаме и најдобрата можност да им помогнеме. Повторните посети произведуваат библиски студии. Многумина објавители постигнале најдобри резултати кога се вратиле по ден-два наместо по една седмица. (Види во книгата Нашата служба, стр. 89,90.)
15 мин: Рубрика Прашања. Прашања и одговори што ќе ги обработи водителот на Студија на Стражарска кула. Дај додатни коментари темелени на Водич за Школата, стр. 91, 92.
15 мин: Разгледување на литературата што се нуди во јули. Дискутирај за истакнатите обележја на брошурите што собранието ги има на залиха. Некои објавители накратко нека прикажат како може да се понудат на врата. Примери: Се грижи ли Бог навистина за нас? (Сврти на стр. 26 и 27, укажи на илустрациите и дискутирај за еден од библиските стихови во врска со претстојниот Рај.) Која е смислата на животот? — Како да се пронајде? (Сврти на стр. 30 и 31, разгледај еден од цитираните библиски стихови и дискутирајте за илустрацијата.) Кога ќе умре некој што го сакаш. (Сврти го вниманието на прашањата што се поставени на 2. страница, а потоа коментирај за една до две утешни библиски мисли што се наоѓаат на 31. страница.) Извести го собранието кои брошури ги има моментално на залиха.
Песна 77 и заклучна молитва.