ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/96 стр. 2
  • Состаноци за служба за декември

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Состаноци за служба за декември
  • Нашата служба за Царството 1996
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 2 декември
  • Седмица што почнува од 9 декември
  • Седмица што почнува од 16 декември
  • Седмица што почнува од 23 декември
  • Седмица што почнува од 30 декември
Нашата служба за Царството 1996
km 12/96 стр. 2

Состаноци за служба за декември

Седмица што почнува од 2 декември

Песна 160

10 мин: Локални известувања. Избрани Известувања од Наша служба за Царството.

15 мин: „Кој ќе ја слуша нашата порака?“ Прашања и одговори. Вклучи точки од Разбудете се! од 22 март 1987, страница 5 (англ.), во врска со тоа зошто е привлечна нашата порака.

20 мин: „Божјата Реч обезбедува водство“ (пасуси 1—6). Воведи го делот со 1. и 2. пасус. (Вклучи ја книгата Расудување, стр. 43—45, давајќи краток преглед на четирите „Причини за разгледување на Библијата“.) Способни објавители нека ги прикажат предложените презентации во пасусите 3—6. Покани ги присутните да коментираат за тоа: 1) како поставените прашања помогнале да се поттикне интерес, 2) како употребените стихови одговараат на темата за која се дискутирало, 3) како било спомнато во врска со донациите, 4) како повторната посета логично го проследила почетниот интерес и 5) како била понудена студија.

Песна 70 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 9 декември

Песна 136

10 мин: Локални известувања. Благајнички извештај.

15 мин: Да им се помага на постарите да учествуваат во службата. Многу верни постари објавители имаат длабока желба да учествуваат во проповедање со собранието, но имаат физички ограничувања кои се должат на староста и слабото здравје. Постојат начини на кои можеме да покажеме кон нив обѕир за да ги вклучиме во групата за служба: Понуди се да им обезбедиш превоз; среди да работат во домови каде што има помалку скали за качување; автомобилот нека ти биде близу за да можат да се одморат кога ќе се уморат; понуди се да ги поведеш на нивните повторни посети; дај им до знаење дека ќе ги однесеш дома кога ќе чувствуваат дека не можат да продолжат. Постарите се благодарни за помошта што им се нуди. Спомни и други начини на кои покажувате таков обѕир во локални услови. Разгледај главни точки од статијата „Ние ги цениме постарите!“ која се наоѓа во Стражарска кула од 1 јули 1986, стр. 18, 19.

20 мин: „Божјата Реч обезбедува водство“ (пасуси 7—9). Коментирај за статијата „Потреба од водство“ во Стражарска кула од 1 мај 1993, стр. 3. Објасни зошто нашите презентации треба да ја нагласат важноста да се бара помош од повисок извор — Бог. Еден објавител нека ги прикаже презентациите од пасуси 7, 8. Нагласи дека наша крајна цел е да започнеме библиска студија со книгата Спознание.

Песна 79 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 16 декември

Песна 209

10 мин: Локални известувања. Понуди некои предлози за тоа како тактично да се одговори на празничните поздрави.

15 мин: „Спремно да се понудиме“. Прашања и одговори. Вклучи коментари од Стражарска кула од 1 септември 1984, стр. 14.

20 мин: „Да се радуваме на порастот што го дава Бог“. Одушевувачки говор на старешина. Цитирај искуства или доказ за порастот во земјите кои се претставени, како што е дадено во неодамнешните Годишници (англ.).

Песна 48 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 23 декември

Песна 114

10 мин: Локални известувања. Истакни некои точки за разговор во текуштите списанија што можат да се употребат во службата оваа седмица. Дај краток преглед на подготовките за служба на подрачјето за 1 јануари.

15 мин: Локални потреби. Или, старешина држи говор за „Пензионирањето — отворена врата кон теократска активност?“ од Стражарска кула од 15 јули 1996, стр. 24, 25. (Види Увид [англ.], том 2, страница 794, пасуси 2, 3.)

20 мин: „Запишување во Теократската школа за проповедање“. Говор на надгледникот на школата. Дај локални статистики за запишувањето и охрабри ги сите кои можат да се запишат. Разгледај ги упатствата за задачите на учениците кои се дадени во „Распоредот за теократска школа за проповедање — 1997“.

Песна 166 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 30 декември

Песна 112

10 мин: Локални известувања. Ако вашето собрание треба да ги смени термините за состанок во новата година, дај љубезно охрабрување поттикнувајќи ги сите да ја задржат редовната присутност во собранието во неговите нови термини. Кратко разгледај ја понудата на литература за јануари.

10 мин: „Помош во вистинско време“. Сврти го вниманието кон статијата и истакни вредни врвни точки од секоја од новите публикации.

25 мин: Подготви се да присуствуваш на обласниот конгрес за 1997. Секретарот ги обработува информациите за конгресот од додатокот на Наша служба за Царството од јануари 1997, со прашања и одговори. Прво, прочитај го писмото со задолженија за конгресот од 15 декември 1996. Потоа, откако ќе се разгледа 5. пасус од статијата, прочитај ги уводните и заклучните пасуси од списокот со препорачани места за ноќевање. Како што е наведено во статијата, нагласи ги библиските начела во врска со следењето на упатството од Заедницата во врска со сместувањето. Пофали ги браќата за соработката со подготовката на Заедницата за сместување.

Песна 81 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели