Споменот — настан од огромна важност!
1 В недела, на 23 март, после заоѓањето на Сонцето, ќе го прославиме Споменот на Христовата смрт (Лука 22:19). Навистина, тоа е настан од огромна важност! Со тоа што го задржал својот интегритет спрема Јехова сѐ до смртта, Исус докажал дека е можно човек да задржи совршена божествена оддаденост, дури и под тежок притисок, поддржувајќи ја на тој начин законитоста на Јеховиниот суверенитет (Евр. 5:8). Освен тоа, Христовата смрт ја обезбедила совршената човечка жртва која била потребна за да го откупи човештвото, овозможувајќи им на оние кои практикуваат вера вечно да живеат (Јован 3:16). Со нашето присуство на Споменот, можеме да го покажеме нашето искрено ценење кон Јеховината љубов и кон Исусовата жртва за нас.
2 Сите се охрабрени да ја следат програмата за читање на Библијата што е предвидена за 18—23 март, како што е забележано во Календарот на Јеховини сведоци за 1997. Исто така, една семејна дискусија за поглавјата 112—116 од книгата Најголемиот човек кој некогаш живеел ќе ни помогне да го сосредоточиме нашето внимание на најважната седмица во човечката историја.
3 Можеш ли да го зголемиш времето кое го поминуваш во службата на подрачјето за време на периодот на Споменот? Многу објавители потполно ќе ги искористат петте викенди во март за да служат како помошни пионери. Зошто да не бидеш меѓу нив? Сите ние можеме да имаме целосно учество во нагласувањето колку е важно присуството на Споменот. Со оглед на тоа што се паѓа в недела, на многумина ќе им биде полесно да присуствуваат. Немој да заборавиш да ги поканиш да ни се придружат сите библиски ученици и другите заинтересирани лица. Сподели го со нив она што е наведено на страница 127, пасус 18 од книгата Спознание, во врска со единствениот ден во годината кој треба да биде посебно прославен.
4 Пристапи му на овој најголем настан за 1997 со длабоко ценење за сето она што значи за нас Исусовата смрт. Биди присутен вечерта на 23 март, кога насекаде вистинските христијани верно ќе го прославуваат Споменот.