ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 4/97 стр. 1
  • Мноштвата се присоединуваат

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Мноштвата се присоединуваат
  • Нашата служба за Царството 1997
  • Сличен материјал
  • Продолжи духовно да напредуваш!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Сите можат да помогнат во правењето нови ученици
    Нашата служба за Царството 2007
  • Април — време ,напорно да работиме и да се напрегаме‘
    Нашата служба за Царството 2001
  • Да продолжиме да се изградуваме еден со друг
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
Повеќе
Нашата служба за Царството 1997
km 4/97 стр. 1

Мноштвата се присоединуваат

1 Како што било случај во првиот век, растот што денес го доживува христијанското собрание е феноменален (Дела 2:41; 4:4). Последнава година се крстија 366.579 нови ученици — во просек над 1.000 секој ден! Во последниве три години се крстија повеќе од еден милион лица. Навистина, Јехова и понатаму присоединува мноштва верници (Дела 5:14, НС).

2 На многуте нови, на кои им недостига искуство во христијанското живеење, им треба помош и обучување од оние кои се силни во верата (Рим. 15:1). Меѓу раните христијани имало некои кои дури и со години после нивното крштавање, пропуштиле да се ‚стремат кон зрелост‘ (Евр. 5:12; 6:1, НС). Од таа причина, во своето писмо до Евреите, Павле истакнал подрачја на кои треба христијаните духовно да растат. Кои се тие и како може да биде дадена потребната помош?

3 Стекнување добри навики за проучување: Во склад со Павловото упатство, да се биде добар ученик подразбира активно учење, повторување и користење ‚тврда храна‘ која ја дава Јеховината организација (Евр. 5:13, 14, НС; види Стражарска кула од 15 август 1993, стр. 12—17). Ако ги вклучуваш новите верници во духовни разговори и споделуваш со нив скапоцени камења на вистината кои си ги пронашол преку личното истражување, можеш да ги поттикнеш да стекнат добри навики за проучување. Можеби повремено би можел да поканиш некој од новите да те придружува на твојата лична или семејна студија.

4 Редовно присуствување на состаноците: Твојот верен пример и зборови на охрабрување полни со љубов ќе им помогнат на новите членови на собранието да избегнуваат едно друго подрачје на загриженост кое го спомнал Павле — ‚обичајот‘, кој го имаат некои, да ги пропуштаат христијанските состаноци (Евр. 10:24, 25). Помогни им да сфатат дека состаноците се нивно духовно јаже за спасување кое води до собранието. Преземи иницијатива да направиш да се чувствуваат добредојдени како дел од нашето братство.

5 Пристапување кон Јехова со доверба: За да ги совладаме телесните слабости и недостатоци во личноста, мораме да го бараме Јехова во молитва, изразувајќи му ги нашите најдлабоки мисли и најинтимни грижи. Новите мораат да научат дека со тоа што ќе го преколнуваат Јехова за помош, како што поттикнал Павле, не ќе има потреба да се колебаат (Евр. 4:15, 16; 10:22). Раскажувајќи ги своите лични искуства во тој поглед, ќе ја зајакнеш довербата на новиот дека Јехова ги слуша искрените молитви.

6 Определување време за служба: Исто така, Павле покажал дека ‚секогаш кога Му принесуваме на Бога пофална жртва‘, тоа е духовно зајакнувачки (Евр. 13:15). Можеш ли да поканиш некој нов објавител да те придружува во твоите седмични подготовки за служба на теренот? Можеби вие двајцата би можеле да ги подготвите вашите презентации или да разгледате некое обележје од службата кое поновиот сѐ уште не го пробал.

7 Мноштвата кои се присоединуваат се причина за голема радост. Нашето раширување во обучувањето и поттикнувањето на новите членови на собранието ќе им помогне да ја развијат силната вера која е потребна за „спасение на душата“ (Евр. 3:12, 13; 10:39).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели