Постарите проповедаат без попуштање
1 Како што луѓето стареат, многумина од нив се сосредоточуваат на тоа да се пензионираат од својата редовна световна работа и да уживаат безгрижен живот во текот на своите преостанати години. Можеби мислат дека доволно напорно работеле и дека сега заслужуваат одмор. Или, пак, можеби едноставно сакаат да го уживаат животот, она што преостанало од него (Лука 12:19).
2 Како Јеховини предадени слуги, ние имаме поинакво гледиште во животот. Знаеме дека нема пензионирање од Божјата служба. Нашето гледиште е позитивно, бидејќи држиме ‚во видик вечен живот‘ (Јуда 21, НС). Спознанието и искуството насобрано со години можат да ја подобрат проникливоста и увидот на лицето. Тоа би можело некому да му овозможи да стане помудар и поурамнотежен и да покаже подлабоко ценење за животот. Сите овие атрибути се од голема корист за еден министер на добрата вест.
3 Остарувањето не е само работа на физичко стареење; тоа вклучува и нечиј душевен став. Доколку очекуваш да живееш долго време и се стремиш да останеш млад во своето гледиште, твоите шанси за тие две работи можат да се зголемат. Постарите луѓе можат да го збогатат својот живот преку зголемување на своето духовно спознание и преку споделувањето на истото со другите (1. Кор. 9:23).
4 Вистински примери: На возраст од 86 години, една сестра рекла: „Кога медитирам за 60-те години што поминаа откако ја дознав вистината, Божјето охрабрувачко ветување ми го исполнува срцето. Да, Јехова кој со лојалните ќе постапува лојално, дозволува да пожнееме обилна радост“ (Псал. 18:25, НС). Еден постар брат се потсетил како смртта на неговата сопруга му дошла како тежок шок, после што неговото здравје многу се влошило. Тој рекол: „Сепак, преку Јеховината незаслужена љубезност повторно заживеав — доволно за да можам после две години да стапам во пионерската служба. Колку само сум му благодарен на Јехова што со ова зголемување на проповедничката активност, моето здравје навистина се подобри!“
5 Колку е пофално тоа што толку многу постари се одлучни да продолжат со проповедањето до оној степен до кој им дозволува нивното здравје и силата — без попуштање! Тие имаат добра причина да извикаат: „Боже, Ти ме поучуваше од младоста моја, а јас сѐ досега ги објавував чудесата Твои“ (Псал. 70:17).