Состаноци за служба за јули
Седмица што почнува од 5 јули
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Коментирај за априлскиот извештај за служба на теренот во земјата и во локалното собрание. Теократски вести.
20 мин: „Моли се за помош од Јехова“. Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и потоа продолжи со дискусија со прашања и одговори. Објасни како различните искрени молитви играат витална улога во успешната служба. Повикај ги присутните да раскажат искуства кои покажуваат како навремените молитви им помогнале во службата. (Види Стражарска кула од 15 октомври 1996, страница 32.)
15 мин: Добро користи ги брошурите. Говор и прикази. Објасни зошто брошурите се скапоцени алатки во нашата служба. Тие делотворно зборуваат за теми од општ интерес, концизно обработуваат една основна тема и едноставно ги објаснуваат библиските науки. Спомни кои брошури се нудат овој месец и покажи од кои има резерва локално. Прикажи две-три кратки презентации темелени на предлозите кои се наоѓаат под насловот „Презентации“ во Индексот на публикации на Watch Tower.
Песна 181 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 12 јули
10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај.
15 мин: „Претходната подготовка донесува радост“. Говор и интервјуа. Објасни зошто подготовката е неопходна за активноста во службата на теренот и како ни овозможува да доживееме поголема радост во она што го правиме. (Види Vodič, страници 37, 38, пасуси 1—3.) Интервјуирај двајца или тројца способни објавители кои кажуваат како се подготвуваат пред да одат во служба и на кој начин тоа им помага. Раскажи искуство од Стражарска кула од 15 април 1993, 30. страница, кое ја покажува делотворната употреба на книгата Расправљање во подготовката за служба.
20 мин: „Да ‚преминеме на главното!‘“ Учество на присутните и прикази. Разгледај го секој предлог за тоа што да се каже за да се најде уво што слуша. Искусни објавители нека покажат неколку уводи кои се делотворни. Повикај ги присутните да понудат дополнителни предлози и да раскажат охрабрувачки искуства кои покажуваат што е навистина делотворно локално.
Песна 183 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 19 јули
10 мин: Локални известувања.
15 мин: Локални потреби.
20 мин: Треба ли да се приклучам кон некоја организација? Дискусија со присутните темелена на книгата Расправљање, страници 257—261. Честопати среќаваме луѓе кои се приемчиви за пораката за Царството, но одбојно им е „приклучување“ кон некоја религиозна организација. Разгледај ја дефиницијата за „организација“ и седумте обележја кои ја идентификуваат Јеховината видлива организација. Објасни зошто таа е поинаква од другите и како поврзаноста со неа донесува вистински благослови.
Песна 123 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 26 јули
15 мин: Локални известувања. Потсети ги сите да го предадат извештајот за служба на теренот од јули. Рубрика прашања.
10 мин: „Нова програма за Покраинскиот собир“. Говор. Објави го датумот на следниот покраински собир. Охрабри ги новите да размислуваат за крштавање. Поттикни ги сите да присуствуваат на секоја сесија.
20 мин: Дали правиме ученици? Надгледникот за служба дискутира со еден или двајца слуги помошници за неколку точки од Стражарска кула од 15 февруари 1996, страници 19—22. Истакни ги библиските причини зошто треба да ги бараме достојните на нашето подрачје и да правиме ученици од нив (Мат. 10:11). Тие се оние кои воздивнуваат поради сета злоба и безбожни услови што ги гледаат околу себе и кои се склони да го бараат Јехова пред да избувне денот на неговиот гнев (Езек. 9:4; Соф. 2:2, 3). Меѓу нив се оние ‚кои се исправно настроени за вечен живот‘ (Дела 13:48, NW). Нашиот налог е да правиме ученици, поучувајќи ги луѓето за сѐ што заповедал Исус (Мат. 24:14; 28:19, 20). Иако можеме да покренеме почетен интерес кај оние што ги среќаваме во делото од куќа до куќа, при неформалното сведочење и во делото на улица, ние правиме ученици во службата кога го следиме интересот — на повторните посети и на библиските студии. Истакни практични предлози како може да се направи тоа.
Песна 151 и заклучна молитва.