Вистинското обожавање се шири во Источна Европа
1 Христијаните од првиот век биле ревносни проповедници на Царството. Тие се радувале кога собранијата ‚се умножувале по број секој ден‘ (Дела 16:5). Нивното смело проповедање го проширило вистинското обожавање во Азија, Африка и Европа, а од тоа произлегла богата жетва на верници.
2 Во ова време на крајот, вистинското обожавање продолжува да се шири, особено во земјите на Источна Европа. Во земјите каде што бевме под ограничувања од владата сѐ до почетокот на 1990-тите, сега доживуваме извонреден пораст. Годишњак за 1999 открива дека две такви земји, Русија и Украина, известија по повеќе од 100.000 објавители кои учествуваат во јавната служба. Во 15-те територии на поранешниот Советски Сојуз, од 1991 година повеќе од 220.000 лица му се предале на Јехова и се крстиле! Овој брз пораст создаде потреба од изградба на многу нови Сали на Царството и Конгресни сали, како и од проширување на голем број објекти на подружниците.
3 Како што беше известено во Наша служба за Царството од март 1997, дел од Фондот на Заедницата за Сали на Царството сега се користи за да се обезбедат заеми за собранијата во земјите каде што постои многу итна потреба од повеќе Сали на Царството, но има ограничени средства и големи економски проблеми. Во периодот од март 1996 до октомври 1998, Заедницата одобри 359 барања за заем за Сали на Царството од канцеларии на подружници кои надгледуваат 11 земји во Источна Европа. Приложените фондови се користат за да се купи земјиште и материјали за изградба на нови Сали на Царството и за да им се помогне на собранијата да ги преуредат постоечките објекти. Фотографиите што се прикажани овде ни даваат претстава за тоа како прилозите за Фондот на Заедницата за Сали на Царството во Соединетите Држави и во други земји им користеле на нашите браќа во Источна Европа.
4 Во текот на 1998, Бугарија доживеа 12-процентен пораст, а браќата беа восхитени кога во април истата година беше свечено отворена нивната прва Сала на Царството. Хрватска имаше 4-процентен пораст, и засега браќата таму градат уште Сали на Царството за да се унапредува вистинското обожавање. Во Унгарија, 144 собранија користат 80-тина Сали на Царството. Ова значи дека од 235-те собранија во таа земја, 61 процент имаат свое место на обожавање. Во Македонија, со програмата за изградба на Сали на Царството беа завршени две нови сали, а во тек се и други. Летото 1999, во главниот град Скопје се заврши двојната Сала на Царството. Оваа сала е со капацитет да служи за најмалку шест собранија.
5 Минатата година, во Русија се крштаваа во просек по повеќе од 260 лица секоја седмица! Следејќи го примерот од другите земји, руската подружница сега организира 12 регионални одбори за градба на нивното широко подрачје, за да се поддржуваат идните проекти за изградба на Сали на Царството. Во северниот дел на Санкт Петерсбург, во тек е изградбата на првата Конгресна сала во таа земја, со капацитет за 1.600 лица. Објектот ќе вклучува и пет Сали на Царството со по 200 седишта. За да се задоволат духовните потреби на нашите браќа и на многуте заинтересирани во Украина, завршени се 84 Сали на Царството и уште 80 се во изградба.
6 Зарем овој пораст во Источна Европа не ги радува нашите срца? Без оглед на тоа каде живеме, проширувањето на вистинското обожавање нѐ потсетува дека Бог не е пристрасен и дека неговата стрпливост ќе значи спасение за едно „големо мноштво“ (Отк. 7:9; 2. Пет. 3:9). Колкава само предност е да имаме мало учество во придонесот за духовниот раст на другите, па дури и на оние кои се во далечни земји! Изреки 28:27 нѐ уверува дека „кој дава на сиромав, нема да осиромаши“. Нашата спремност да помогнеме во покривањето на овие трошоци за изградба резултира во ‚имање еднаквост‘ на материјалните работи, овозможувајќи им на сите да ја доживеат среќата што доаѓа од давањето и радоста што произлегува кога ќе се види како вистинското обожавање се шири насекаде во светот (2. Кор. 8:14, 15; Дела 20:35).
[Слика на страница 3]
Сацеле, Романија
[Слика на страница 3]
Марду, Естонија
[Слика на страница 3]
Севница, Словенија
[Слика на страница 3]
Тизавашвари, Унгарија
[Слики на страница 4]
Јурмала, Летонија
[Слики на страница 4]
Талин, Естонија
[Слика на страници 4 и 5]
Таураге, Литванија
[Слики на страници 4 и 5]
Белград, Југославија
[Слики на страница 5]
Приевиза, Словачка
[Слика на страница 5]
Матезалка, Унгарија
[Слики на страница 6]
Вранов над Топлоу, Словачка
[Слика на страница 6]
Рума, Југославија
[Слики на страница 6]
Торнакалнас, Летонија