Рубрика прашања
◼ Дали си подготвен за итен случај?
Во денешниов свет, „времето и приликите“ честопати се здружуваат и создаваат итни медицински случаи, вклучувајќи го и притисокот да се прими трансфузија на крв (Проп. 9:11). За да бидеме подготвени за таков случај, Јехова на многу начини обезбедил помош преку неговата организација, но од нас очекува да го дадеме својот дел. Следи еден преглед кој ќе ти биде од помош.
• Секогаш носи ја тековната картичка Однапред дадена медицинска директива/ослободување.
• Погрижи се твоите деца да ја носат тековната Легитимација.
• Разгледај го додатокот од Наша служба за Царството од септември 1992 и вежбај како да расудуваш со лекарите и судиите во врска со лекувањето на твоето дете.
• Разгледај статии за крвни фракции и алтернативи за крв. (Се препорачува: Стражарска кула од 1 октомври 1994, страница 31; 1 јуни 1990, страници 30, 31 [англ.]; 1 март 1989, страници 30, 31 [англ.]; Разбудете се! од 8 април 1995, страници 27—31; 8 август 1993, страници 22—25 [англ.]; 8 март 1992, страница 22 [срп.]; и додатоците од Наша служба за Царството од септември 1992 и ноември 1990. Чувај си ги во папка за да ти бидат при рака.)
• Совесно одлучи дали можеш да дозволиш да се користат апарати кои ја циркулираат крвта надвор од телото или дали можеш да прифатиш производи кои содржат крвни фракции. (Ако пополниш формулар за трајно ополномоштување, односно полномошно — што е препорачливо — ќе видиш дека на формуларот е направена подготовка да го изнесеш твојот личен информиран избор на лекување.)
• Пред да отидеш в болница, ако воопшто е можно, извести ги старешините за да можат да те поддржат и да контактираат со Одборот за врска со болниците (ОВБ) ако е неопходно. Во случајот со мало дете, замоли ги старешините рано да го известат ОВБ.
Јасно изјави дека одбиваш крв: Извештаите покажуваат дека некои браќа и сестри чекаат до последната минута за да им кажат на лекарите што ги лекуваат дека не сакаат крв. Тоа не е фер кон медицинскиот персонал и те става на ризик да примиш трансфузија. Ако лекарите ги знаат твоите убедувања и твоите желби се поткрепени со потпишани документи кои ги наведуваат твоите конкретни упатства, тоа им помага да дејствуваат без одлагање и честопати им дава дополнителни опции за бескрвно медицинско лекување.
Бидејќи во секое време може да се појави итен медицински случај, обично тогаш кога најмалку очекуваш, уште сега преземи чекори да се заштитиш себеси и своите деца од трансфузија на крв (Изр. 16:20; 22:3).