Најди радост во твојата света служба
1 Тие се вратиле „со радост“. Библискиот извештај кажува како се чувствувале 70-те ученици кога се јавиле кај Исус после едно големо проповедничко патување. Доживеале внатрешно чувство на радост затоа што ја извршувале Божјата волја (Лука 10:17). Што може да ти помогне да најдеш слична радост во светата служба?
2 Позитивен став: Ја имаш предноста што ти е дадена од Бог да ги запознаеш луѓето со Јеховината величествена намера. Со твоето проповедање можеш да помогнеш некому да се ослободи од деградирачките практики на овој свет и од прангите на лажната религија. Можеш да им ја понудиш на луѓето надежта за живот во еден свет ослободен од раздорот што нѐ опкружува денес. Помисли колку се радува Јехова кога успешно го садиш семето на вистината во некое приемчиво срце. Биди позитивен кога се молиш Божјиот дух да го создаде во тебе плодот на радоста додека ја вршиш службата со сето свое срце.
3 Практична обука: Состанокот за поука што го водел Исус со 70-те ученици е спореден со денешниот Состанок за служба. Тој им дал обука да можат делотворно да ја извршуваат својата служба (Лука 10:1—16). Денес, Состанокот за служба те обучува како да им пристапуваш на луѓето, како да започнуваш разговори и како да започнуваш и да водиш домашни библиски студии. Ако се трудиш и ако ги подобруваш своите проповеднички вештини, ќе видиш дека секое чувство на немир и недостаточност што можеби го имаш ќе исчезне и ќе биде заменето со доверба и радост.
4 Сосредоточи се на иднината: Исус пронашол радост во својата света служба и покрај страдањата што ги доживеал. Зошто? Затоа што погледот му бил сосредоточен на благословите и предностите што лежеле пред него (Евр. 12:2). И ти можеш да го сториш истото ако мислите и срцето ти бидат сосредоточени на Јеховиното име и на благословите што ќе ги донесе Божјиот нов свет. Тоа ќе ја зголеми радоста и смислата на твојата служба.
5 Извршувањето света служба на Јехова е најголемата предност што можеш да ја имаш денес. Затоа, речи: „Одлучив да ја исполнам волјата Твоја, Боже мој“ (Псал. 39:8).