ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 3/02 стр. 2
  • Распоред за состаноците за служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците за служба
  • Нашата служба за Царството 2002
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 11 март
  • Седмица што почнува од 18 март
  • Седмица што почнува од 25 март
  • Седмица што почнува од 1 април
Нашата служба за Царството 2002
km 3/02 стр. 2

Распоред за состаноците за служба

Седмица што почнува од 11 март

Песна 70

13 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Користејќи ги предлозите на 8. страница, нека има еден приказ како да се презентира Стражарска кула од 15 март. Покажи како да се постапи кога некој сака да го прекине разговорот велејќи „Не ме интересира“. (Види ја книгата Расправљање, 16. страница.)

12 мин: Да ја задржиме нашата христијанска неутралност. Говор на способен старешина. Изразувањето на патриотизмот станало сѐ повообичаено на училиште, на работното место и во околината. Многумина што го разгоруваат го прават тоа како свој начин да се справат со тегобната загриженост и жалење поради националните трагедии. Иако и нас нѐ боли она што го гледаме во светот, го разбираме поголемото спорно прашање за универзалниот суверенитет и утешени сме од пораката за Царството. Кога тактично им објаснуваме на другите зошто не се приклучуваме на националистичките активности, треба да им ја дадеме утехата и надежта што сме ги пронашле во Божјата реч. Брошурата Јеховините сведоци и образованието, страници 20—24, поднасловот „Поздравување на знамето“, објаснува зошто не учествуваме во патриотските прослави. Обработи ги главните мисли и охрабри ги родителите внимателно да ги разгледаат овие информации заедно со своите деца. Раскажи ги искуствата од 20. страница од брошурата и од 31. страница од српското издание на Разбудете се! од 8 јануари 1996. Нагласи ја потребата да се покаже исклучителна оддаденост на Јехова, додека истовремено се почитува и владиниот авторитет.

20 мин: ‚Бидете богати во добри дела‘.a Да го одржи надгледникот за служба. Поттикни ги сите целосно да учествуваат во службата додека се подготвуваме за одбележувањето на Меморијалот на 28 март. Дискутирај за тоа како можат најдобро да се искористат писмените покани. Замоли ги објавителите да кажат како успеале да ги поканат своите роднини, соседи, библиски студенти и други заинтересирани лица да присуствуваат на Меморијалот минатата година и каква радост им донело тоа. Охрабри ги сите што можат да бидат помошни пионери во април да го сторат тоа и да земат молба по завршувањето на состанокот.

Песна 82 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 18 март

Песна 92

10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај. Дискутирај за „Потсетувања за Меморијалот“. Охрабри ги сите да го следат распоредот за читање на Библијата за Меморијалот од 23—28 март, кој е изнесен во Секојдневно испитување на Писмото — 2002.

15 мин: „Радосно обединети со Јехова и со неговиот Син“. Библиски мотивирачки говор на еден старешина. Охрабри ги сите да вложат додатни напори од сега па до 28 март да поканат колку што е можно повеќе луѓе да присуствуваат на Меморијалот заедно со нас.

20 мин: Како ти користи Годишникот? Говор и дискусија со присутните. Прво, истакни ги клучните мисли од „Писмо од Водечкото тело“. Потоа замоли ги присутните да раскажат извештаи и искуства од Годишникот што ги сметаат за особено охрабрувачки и што ја зајакнуваат верата. Охрабри ги сите да го прочитаат Годишникот и да го користат за да ги запознаат библиските студенти со Јеховината организација.

Песна 45 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 25 март

Песна 190

14 мин: Локални известувања. Објасни дека не е предоцна да се поднесе молба за помошен пионер во април. Користејќи ги предлозите од 8. страница, еден старешина нека прикаже како да се презентира Стражарска кула од 1 април и еден младинец нека прикаже како да се презентира Разбудете се! од 8 април. По секој приказ истакни некои добри аспекти од презентацијата.

15 мин: Локални потреби.

16 мин: Користи ја книгата Расправљање за да даваш охрабрување. Дискусија со присутните. Од време на време на секого му треба љубезно охрабрување. Затоа, сите треба да чувствуваме потреба ‚да им зборуваме утешно‘ на другите, вклучувајќи ги и измачените луѓе што ги сретнуваме во службата (1. Сол. 5:14). Користејќи ја книгата Расправљање, замоли ги присутните да спомнат кое библиско охрабрување би можеле да му го дадат некому што доживува некое од искушенијата изнесени на страници 271—275. Предложи секој да се обиде да охрабри некого секогаш кога ќе се јави потреба (Гал. 6:10).

Песна 123 и заклучна молитва

Седмица што почнува од 1 април

Песна 27

7 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот за служба за март.

18 мин: „,Даровите во облик на луѓе‘ желно го пасат Божјето стадо“. Говор на еден старешина. Дискутирај за наведените стихови. Покажи кои позитивни работи можат да произлезат и произлегуваат од правењето пастирски посети кај неактивните и помагањето на немоќните да прават сѐ што можат. Љубезните пастири покажуваат ценење за сите искрени напори да останеме активни во Јеховината служба.

20 мин: „Зголеми ја радоста во проповедањето“.b Кога ќе дискутираш за 5. пасус, побарај практични предлози за тоа како да се постигнат најдобри резултати на локалното подрачје. Прикажи еден или два примера за тоа како можеме да преземеме иницијатива да пристапиме некому за да му дадеме кратко сведоштво. Охрабри ги сите да создадат прилики да сведочат оваа седмица.

Песна 204 и заклучна молитва.

[Фусноти]

a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели