ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 3/02 стр. 6
  • Писмо од Водечкото тело

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Писмо од Водечкото тело
  • Нашата служба за Царството 2002
  • Сличен материјал
  • Тесно соработувај со Јеховината организација
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • „Истрајноста нека го доврши своето дело“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Како да останеме радосни кога се соочуваме со искушенија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Истрајноста — животоважна за христијаните
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Повеќе
Нашата служба за Царството 2002
km 3/02 стр. 6

Писмо од Водечкото тело

Додека навлегуваме во првите години на 21 век, со задоволство ви пишуваме вам, „целата заедница од браќа“ во светот, и ве пофалуваме за вашата напорна работа (1. Пет. 2:17). Пред речиси 2.000 години, Исус прашал: „Кога Синот човечки ќе дојде, дали навистина ќе најде вера на земјата?“ (Лука 18:8). Вашата ревносна активност во текот на минатата службена година одговара на Исусовото прашање со едно гласно „да“! На некои од вас луѓето им се потсмевале или се подбивале со нив поради нивната вера. На многу места истрајувате и покрај војни, катастрофи, болести или глад (Лука 21:10, 11). Благодарение на вашата ревност за праведни дела, Исус сѐ уште може да „најде вера на земјата“. Сигурно има радост на небото поради тоа!

Знаеме дека не е лесно да се истрае. Размислете за искушенијата на нашите браќа во една земја во западна Азија. Насилството против Јеховините сведоци е речиси вообичаена работа во таа земја. Неодамна, полицијата прекина еден мирољубив собир на околу 700 души. Други 1.300 лица беа спречени да присуствуваат поради барикади на патот. Толпа маскирани луѓе, некои од нив полицајци, упаднаа на местото на собирот, претепаа многу делегати и ја запалија градбата што требаше да се користи за собирот. Во други прилики, религиозни екстремисти брутално ги претепуваа нашите браќа со стапови на кои имаше набодено шајки.

Ваквите напади се шокантни, но не изненадуваат. Апостол Павле бил инспириран да напише: „Сите оние кои сакаат да живеат со побожна оддаденост во поврзаност со Христос Исус, исто така ќе бидат прогонувани“ (2. Тим. 3:12). Во првиот век, христијаните трпеле вербално и физичко прогонство, а некои дури биле убиени (Дела 5:40; 12:2; 16:22—24; 19:9). Истото се случило и во 20 век, а несомнено ќе се случува и во 21 век. Сепак, Јехова ни кажува: „Не ќе успее оружјето исковано против тебе“ (Иса. 54:17). Колку само прекрасно уверување е ова! Навистина, ние сме му толку скапоцени на Јехова што преку својот пророк Захарија тој рекол: „Кој ве допира, Ми ја допира зеницата на окото“ (Зах. 2:8). Непријателите на Јеховините обожаватели немаат шанса за конечна победа. Чистото обожавање ќе надвладее!

На пример, во земјата што ја спомнавме претходно, Јеховините сведоци имаа два највисоки броја на објавители во текот на 2001 службена година. Да, нашите тамошни браќа истрајуваат и покрај тешкотиите, како што е случај со браќата насекаде. Во целиот свет, во текот на минатата службена година, секоја седмица се крштаваа по 5.066 лица во симбол на своето предание на Јехова. Сега овие нови се одлучни, заедно со сите нас, ‚да стојат потполни и со цврсто уверување во сета Божја волја‘ (Кол. 4:12).

Размислете и за неодамнешните настани во Грција. И покрај годините жестоко противење од страна на Грчката православна црква, Јеховините сведоци сега се признати од владата како „позната религија“. Документот со кој се даде ова признавање понатаму наведува дека грчкиот бетелски комплекс е „свето и осветено место, посветено на обожавањето на Бог“. Исто така, среќни сме што можеме да ви кажеме дека во текот на минатата службена година, судовите донесоа поволни законски одлуки во врска со нашето обожавање во Бугарија, Германија, Јапонија, Канада, Романија, Русија и Соединетите Држави. Колку само сме му благодарни на Јехова што во тие земји ја оставил отворена вратата што води во активност!

Додека размислуваме за начините на кои Јехова го поддржува својот народ во текот на овие последни денови, гледаме дека тој е најдобриот Пријател што можеме да го имаме. Се радуваме на нашиот однос со него, знаејќи дека тој нѐ сака, нѐ поучува и нѐ исправа. Да, и понатаму ќе наидуваме на испити на верата. Но, непоколебливата вера во Јехова нѐ одржува. Јаков напишал: „Сметајте го тоа за права радост, браќа мои, кога се соочувате со разни искушенија, бидејќи знаете дека овој испитан квалитет на вашата вера развива истрајност“ (Јак. 1:2, 3). Освен тоа, нашата истрајност ја докажува нашата љубов кон Јехова, а тоа ни носи огромна радост! Бидете уверени, драги браќа, дека Јехова ќе го поддржи секого од нас. Ако останеме верни, тој несомнено ќе ни помогне да влеземе во новиот свет. Тој сака да успееме.

Затоа, браќа и сестри, млади и стари, ве поттикнуваме да ги задржите цврсто во мислите прекрасните благослови што стојат пред нас. Нашиот став нека биде како ставот на апостол Павле, кој напишал: „Сметам дека страдањата на сегашното раздобје не се ништо во споредба со славата која ќе се открие во нас“ (Рим. 8:18). Потпирајте се на Јехова кога се соочувате со каква и да е неволја. Истрајте и никако не се предавајте. Никогаш, никогаш нема да зажалите заради тоа. Божјата реч нѐ уверува: „Праведникот ќе живее преку својата вера“ (Хаб. 2:4).

Вашите браќа,

Водечко тело на Јеховините сведоци

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели