ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 4/02 стр. 2
  • Распоред за состаноците за служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците за служба
  • Нашата служба за Царството 2002
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 8 април
  • Седмица што почнува од 15 април
  • Седмица што почнува од 22 април
  • Седмица што почнува од 29 април
  • Седмица што почнува од 6 мај
Нашата служба за Царството 2002
km 4/02 стр. 2

Распоред за состаноците за служба

Седмица што почнува од 8 април

Песна 10

13 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Користејќи ги предлозите на 8. страница, нека има приказ за тоа како да се презентира Стражарска кула од 15 април. Нека се прикаже како да се одговори на приговорот „Имам своја религија“. (Види ја книгата Расправљање, страници 18 и 19.)

12 мин: Локални потреби.

20 мин: „Да им правиме добро на сите“.a По дискусијата со прашања и одговори, интервјуирај еден или двајца објавители што ќе кажат како ја прошируваат својата служба.

Песна 157 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 15 април

Песна 133

10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај.

15 мин: Пионерите продолжуваат да им помагаат на другите. Надгледникот за служба води групна дискусија со водител на Собраниска студија на книга, пионер и објавител. Надгледникот за служба ја разгледува програмата Пионерите им помагаат на другите, која е изнесена во Наша служба за Царството од септември 1998, страница 4. Потоа дискутира со секого од групата за неговата улога во програмата и како таа ја постигнува својата цел. Што е направено за да биде успешна? Надгледникот за служба ги замолува сите објавители да му кажат дали сакаат да добијат помош во службата. Оние на кои што им било помогнато во минатото можат повторно да бидат вклучени за да добијат натамошна помош во некоја друга гранка на службата.

20 мин: „Радостите од полновремената служба“.b Охрабри ги младите да се пријават за помошна пионерска служба во текот на пролетните и летните месеци.

Песна 148 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 22 април

Песна 151

15 мин: Локални известувања. Користејќи ги предлозите на 8. страница, еден слуга помошник нека покаже како да се презентира Стражарска кула од 1 мај, а една сестра нека покаже како да се презентира Разбудете се! од 8 мај. Откако ќе заврши секој приказ, повторно наведи ги уводните реченица или две што се користеле за да се подбуди интересот на станарот.

15 мин: Биди точен! Говор. Активностите поврзани со нашето обожавање и служба се важна работа и си бараат „свое време“ (Проп. 3:1). Сакаме да извлечеме најголема корист од теократските подготовки. Собраниските состаноци и состаноците за служба треба да почнат во точно одредениот термин. Јехова никогаш не доцни во извршувањето на своите активности (Хаб. 2:3). Треба ли да се подобриме во овој поглед? Повремено може да биде неизбежно некој да задоцни. Но, со добра организација, не мора да доцниме по навика и да пристигнуваме на состанокот по уводната песна и молитва или откако е направен распоред за служба. Дискутирај за некои практични начини како да се негуваат подобри навики што ќе ни помогнат да бидеме точни во сите духовни активности. (Види го англиското издание на Стражарска кула од 15 јуни 1990.)

15 мин: Рубрика прашања. Говор.

Песна 191 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 29 април

Песна 162

10 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот за служба на теренот за април.

15 мин: „Проповедањето на Царството помага да се спасат животи!“c Замоли за коментари од присутните во врска со тоа како можат да се применат стиховите.

20 мин: Истражувај користејќи ја книгата Расправљање. Дискусија со присутните. Честопати во службата се појавуваат прашања за теми што не се наведени под „Главни теми“ (страници 5 и 6) во книгата Расправљање. „Индексот“ на (страници 438—445) е многу корисен кога бараме библиска поткрепа за нашите верувања. Замоли ги присутните да учествуваат во наоѓањето одговори на следниве прашања барајќи во индексот под секој збор што е во италик: Што значи параболата за богаташот и Лазар? Какво е потеклото на Денот на мајката? Зошто Бог допушта катастрофи? Како можеш да го објасниш библиското гледиште за разводот? Зошто и кога сестрите понекогаш треба да ја покријат главата? Од каде знаеме дека 144.000 е дословен број во Библијата? Кое е христијанското гледиште за националните химни и знамиња? Охрабри ги сите да ја користат книгата Расправљање во службата.

Песна 169 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 6 мај

Песна 181

10 мин: Локални известувања. Дискусија за „Продолжи да извлекуваш корист од Стражарска кула и Разбудете се!“

10 мин: Да се планира однапред за летото. Говор и дискусија со присутните. Изнеси ги активностите што обично се планираат за летото: присуство на целиот обласен конгрес, помошна пионерска служба во текот на еден или повеќе месеци, реновирања во домот и можеби годишен одмор или рекреација. Замоли неколкумина да кажат за своите планови за летото и како ќе се погрижат да не ја запостават семејната студија, собраниските состаноци и службата на теренот, дури и ако патуваат некаде. Ако собранието има ретко обработувано подрачје, извести какви подготовки се прават за да се обработи целосно. Потсети ги сите да се погрижат надгледникот на нивната Собраниска студија на книга да го добие извештајот за служба на теренот, без оглед на тоа дали се дома или се заминати на друго место.

25 мин: „Духовно јаки семејства — како?“d По дискусијата за статијата, раскажи некои практични искуства од Стражарска кула од 15 февруари 1999, страници 10—12.

Песна 211 и заклучна молитва.

[Фусноти]

a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

d Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели