ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 5/02 стр. 2-7
  • Распоред за состаноците за служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците за служба
  • Нашата служба за Царството 2002
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 13 мај
  • Седмица што почнува од 20 мај
  • Седмица што почнува од 27 мај
  • Седмица што почнува од 3 јуни
Нашата служба за Царството 2002
km 5/02 стр. 2-7

Распоред за состаноците за служба

ЗАБЕЛЕШКА: Во Наша служба за Царството ќе има распоред за секој Состанок за служба во текот на летните месеци. Доколку е потребно, собранијата можат да направат преиначувања за да се овозможи присуствување на Обласниот конгрес „Ревносни објавители на Царството“. Каде што е погодно, искористете 15 минути од последниот Состанок за служба пред да се одржи конгресот за да ги повторите навремените совети од додатокот за овој месец, кои може да бидат корисни локално. Во текот на октомври ќе бидат направени подготовки на еден цел Состанок за служба да се разгледаат врвни точки од конгресната програма. Како подготовка за таа дискусија, сите можеме да правиме забелешки на конгресот, вклучувајќи и список од точки што сакаме да ги примениме лично во нашиот живот и во службата на теренот. Тогаш ќе можеме да објасниме како сме ги примениле тие предлози откако сме присуствувале на конгресот. Ќе биде заемно изградувачки додека слушаме како сме извлекле корист од добрата поука што сме ја добиле.

Седмица што почнува од 13 мај

Песна 37

15 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Користејќи ги предлозите на 8. страница, нека има приказ за тоа како да се презентира Стражарска кула од 15 мај. Нека се прикаже како да се одговори на приговор со кој лицето сака да го прекине разговорот: „Зафатен сум“. (Види ја книгата Расправљање, 19. и 20. страница.)

15 мин: „Посебна размена на охрабрување“. Говор. Изгради ценење за присуствувањето на обласниот конгрес. Поттикни ги сите да присуствуваат на секоја сесија, од петок наутро до недела попладне.

15 мин: „Секогаш стремете се да го правите она што е добро“.a Нагласи ја потребата од придржување кон подготовките за сместување што се направени за наша корист. Објасни зошто е неопходно сите добро да се однесуваат.

Песна 34 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 20 мај

Песна 13

15 мин: Локални известувања. Сметководен извештај. Разгледај ја Рубриката прашања.

12 мин: „Задоволи ги своите духовни потреби“. Говор и дискусија со присутните. Разгледај причини зошто сите треба грижливо да внимаваат на конгресната програма. Нагласи ја потребата да го примениме она што го учиме наместо само да слушаме. Разгледај ја горната забелешка во врска со она што е планирано за еден Состанок за служба во октомври, кога ќе има повторување на врвни точки од обласниот конгрес. Охрабри ги сите да прават белешки. Замоли за неколку коментари за тоа каква корист сме извлекле од минатогодишната програма.

18 мин: „Скромност во облекувањето и дотерувањето“.b Да го одржи старешина, кој ќе го прочита секој пасус откако ќе биде дискутирано за него. Помогни им на сите да сфатат зошто е важно да внимаваме на нашиот личен изглед во јавноста.

Песна 169 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 27 мај

Песна 53

12 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот за служба за мај. Користејќи ги предлозите од 8. страница, еден постар објавител нека прикаже како да се презентира Стражарска кула од 1 јуни и еден помлад објавител нека прикаже како да се презентира Разбудете се! од 8 јуни. По секој приказ, коментирај за тоа колку лесно може да се вклучи библиски стих во презентацијата.

15 мин: „Дали твоето собрание има големо подрачје?“ Говор и дискусија со присутните што ќе го одржи надгледникот за служба. (Собранијата што имаат ограничено подрачје можат да ја разгледаат статијата „Делотворно користи го своето време“ во Наша служба за Царството од јуни 1999.) Истакни колкаво подрачје му припаѓа на собранието и колку е обработено минатата година. Објасни како можат да се применат локално дадените предлози. Разгледај кои планови се прават за да се обработи ретко обработуваното подрачје во блиска иднина.

18 мин: „Дали ја користиш брошурата Бара за да започнеш студии?“ (За оваа дискусија сите треба да го имаат со себе додатокот од Наша служба за Царството од јануари 2002.) На почетокот еден добро подготвен објавител нека прикаже како да се започне студија, користејќи го примерот во 3. пасус. Потоа спомни врвни точки од брошурата и објасни дека е соодветно наменета за започнување студии. Покажи колку вреди да се разгледаат предложените презентации во додатокот од јануари 2002. Прашај ги присутните кои предлози биле успешни за нив. Заклучи повторувајќи го горниот приказ.

Песна 129 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 3 јуни

Песна 156

15 мин: Локални известувања. Договори извесни објавители да раскажат за благословите што ги доживеале затоа што учествувале во помошната или општата пионерска служба во текот на март, април или мај.

15 мин: Како книгата Расправљање користи други библиски преводи. Краток говор по кој следи дискусија со присутните. Прочитај го 2. пасус на 8. страница од книгата Расправљање и објасни зошто и како треба да ја користиме Библијата во нашата служба. Укажи на списокот на библиски кратенки на 6. страница и објасни зошто ги користиме овие наводи од други преводи. Дискутирај за опомените спомнати во Стражарска кула од 1 октомври 1997, 16. страница, 2. пасус, и 20. страница, 15. пасус. Користејќи ги темите „Апостолско наследство“, „Ликови“ и „Тројство“ во книгата Расправљање, замоли ги присутните да илустрираат како споредувањето на преводите може да биде корисно кога поучуваме за вистината.

15 мин: „Нашата вера нѐ поттикнува на добри дела“.c Кога ќе дискутираш за 2. пасус, кратко интервјуирај еден ревносен Сведок. Објавителот нека каже како сведочењето на другите ја покажува и ја зајакнува неговата или нејзината вера.

Песна 56 и заклучна молитва.

[Фусноти]

a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели