Што да речеш за списанијата
Стражарска кула 15 мај
„Дали мислите дека е возможно да се запознае Бог? [Дозволи одговор.] Сигурно ќе се сложите дека е тешко да се верува во некој за кого знаеме многу малку. Библијата, всушност, нѐ охрабрува да го бараме Бог. [Прочитај Дела 17:27.] Овие статии ни покажуваат како можеме подобро да го запознаеме Бог.“
Стражарска кула 1 јуни
„Неодамнешните настани наведуваат мнозина да се запрашаат зошто недолжни луѓе умираат прерано. Дали сте размислувале за тоа зошто луѓето умираат? [Дозволи одговор, а потоа сврти на табелата на 7. страница.] Би сакале ли да видите што има да каже Библијата за еден од овие вообичаени митови?“ Ако е можно, прочитај некој наведен библиски стих.
Разбудете се! 8 јуни
„Библијата ја нагласува важноста на доброто образование. [Прочитај Пословици 2:10, 11.] Повеќето од нас сфаќаат колку е битно децата да имаат квалификувани учители. Разбудете се! ја истакнува клучната улога на учителите, зошто треба да ги цениме нивните жртви и што можат да сторат родителите за да им помогнат во нивниот тежок предизвик.“