Распоред за Теократска школа за служба за 2003
Упатства
Во текот на 2003 година ќе важат следниве подготовки за водење на Теократската школа за служба:
УЧЕБНИЦИ: Библија, Стражарска кула [w], „Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба“ [be], „Све је Писмо од Бога надахнуто и корисно“ [si] и Расправљање на темељу Писма [rs].
Школата треба да започне НАВРЕМЕ со песна, молитва и кратки изрази на добредојде и да продолжи на следниов начин:
ГОВОРНА ОСОБИНА: 5 минути. Надгледникот на школата, помошниот советник или друг квалификуван старешина ќе дискутира за говорна особина што се темели на прирачникот за Школата за служба. (Во собранија со ограничен број старешини, може да се употреби квалификуван слуга помошник.) Доколку не е наведено поинаку, во дискусијата треба да бидат вклучени рамките што се наоѓаат на доделените страници. Вежбите треба да се испуштат. Тие се првенствено за лична употреба и за приватен совет.
ЗАДАЧА БР. 1: 10 минути. Треба да ја одржи старешина или слуга помошник, а ќе се темели на Стражарска кула, „Извлечи корист од образованието во Теократската школа“ или „Све је Писмо од Бога надахнуто и корисно“. Треба да се изнесе како 10-минутен поучен говор без усно повторување. Целта не треба да биде само да се обработи материјалот туку да се сосредоточи вниманието на практичната вредност на информациите за кои се дискутира, истакнувајќи го она што ќе биде од најголема корист за собранието. Треба да се користи наведената тема. Се очекува браќата на кои им е доделен овој говор да внимаваат да се држат во рамките на определеното време. Ако е потребно, може да им се даде совет приватно.
ВРВНИ ТОЧКИ ОД ЧИТАЊЕТО НА БИБЛИЈАТА: 10 минути. Првите шест минути еден квалификуван старешина или слуга помошник треба делотворно да го примени материјалот на локалните потреби. Може да коментира за кој и да било дел што е доделен за читање на Библијата за таа седмица, бидејќи братот што ќе ја има задача бр. 2 нема да коментира за стиховите што ќе ги чита. Ова не треба да биде само резиме на доделеното читање. Главната цел е да им се помогне на присутните да сфатат зошто и како информациите им користат ним. Потоа говорникот ќе ги замоли присутните во текот на четири минути да учествуваат така што ќе дадат кратки коментари (30 секунди или помалку) за следниве прашања: „Што најде во читањето на Библијата оваа седмица што ќе ти користи во службата или во животот?“ и „Што ја зајакна твојата вера и што го зголеми твоето ценење за Јехова?“ Надгледникот на школата потоа ќе ги распореди учениците во различни простории.
ЗАДАЧА БР. 2: 4 минути. Ова е читање што ќе го одржи еден брат. Читањето главно ќе биде од Библијата. Еднаш месечно оваа задача ќе опфаќа материјал од Стражарска кула. Ученикот треба да го прочита доделениот материјал без да даде увод или заклучок. Обемот на материјалот за читање малку ќе се разликува од седмица до седмица, но треба да трае четири минути или помалку. Надгледникот на школата треба да го прегледа материјалот пред да ги додели задачите, ускладувајќи ги според возраста и способноста на учениците. Надгледникот на школата особено ќе биде заинтересиран да им помогне на учениците да читаат со разбирање, течно, со исправно смисловно нагласување, модулација, соодветно правење паузи и со природност.
ЗАДАЧА БР. 3: 5 минути. Ќе биде доделена на сестра. Ученичките што ќе ја добијат оваа задача или сами ќе си изберат или ќе им биде доделена рамка од списокот што се наоѓа на 82. страница од прирачникот за Школата за служба. Ученичката треба да ја искористи доделената тема и да ја примени на некој аспект од службата на теренот што е реалистичен и практичен за подрачјето на локалното собрание. Кога не се наведени референции како извор на материјалот, ученичката ќе треба да најде материјал за оваа точка така што ќе истражува во публикациите обезбедени од класата на верниот и разборит роб. На поновите ученички треба да им бидат доделени говори за кои се дадени референции. Надгледникот на школата ќе биде особено заинтересиран за начинот на кој ученичката ја обработува доделената тема и му помага на станарот да резонира за библиските стихови и да ги разбере клучните точки на презентацијата. Ученичките на кои им е доделена оваа точка треба да знаат да читаат. Надгледникот на школата ќе одреди еден соговорник.
ЗАДАЧА БР. 4: 5 минути. Ученикот треба да ја обработи доделената тема. Кога не се наведени референции како извор на материјалот, ученикот ќе треба да најде материјал за оваа точка така што ќе истражува во публикациите обезбедени од класата на верниот и разборит роб. Кога се доделува на брат, оваа задача може да се изнесе како говор, имајќи ги на ум присутните во Салата на Царството. Кога се доделува на сестра, секогаш треба да се изнесе онака како што е изложено во задача бр. 3. Те молиме забележи дека темите со ѕвездичка треба да се доделат само на браќа што ќе ги изнесат како говори.
РАСПОРЕД НА ВРЕМЕ: Ниеден говор, ниту забелешките на советникот, не треба да го пречекори времето. Задачите од бр. 2 до бр. 4 треба тактично да се прекинат кога ќе истече времето. Ако браќата што го изнесуваат уводниот говор за говорна особина, задача бр. 1 или врвните точки од читањето на Библијата го пречекорат времето, треба да им се даде совет приватно. Сите треба внимателно да пазат на својот распоред на времето. Целокупна програма: 45 минути, без песна и молитва.
СОВЕТ: 1 минута. Надгледникот на школата нема да потроши повеќе од една минута по презентацијата на секој ученик за да даде некои позитивни примедби за некој аспект на говорот што бил за пофалба. Неговата цел не е само да рече ‚одлично‘, туку, напротив, да го сврти вниманието на конкретни причини зошто тој аспект на презентацијата бил делотворен. Според потребите на секој ученик, дополнителен изградувачки совет може да биде даден приватно по состанокот или во некое друго време.
ПОМОШЕН СОВЕТНИК: Старешинското тело може да избере способен старешина, ако има некој на располагање освен надгледникот на школата, кој ќе има задача како помошен советник. Неговата одговорност ќе биде да им даде совет приватно, ако е потребно, на браќата што ги презентираат задача бр. 1 и врвните точки од Библијата. Не е неопходно да даде совет по секој таков говор на другите старешини или слуги помошници. Оваа подготовка ќе важи во текот на 2003, а подоцна можеби ќе има преиначувања.
ЛИВЧЕ ЗА СОВЕТИ: (во прирачникот)
УСНО ПОВТОРУВАЊЕ: 30 минути. Секои два месеца, надгледникот на школата ќе води усно повторување. Пред тоа ќе се разгледува говорна особина и врвни точки од читањето на Библијата како што е изложено погоре. Усното повторување ќе се темели на материјалот што се разгледувал во школата во текот на претходните два месеца, вклучувајќи ја и тековната седмица.
РАСПОРЕД
6 јан. Читање на Библијата: Матеј 1—6 Песна 91
Говорна особина: Добредојде во Теократската школа за служба (be стр. 5 пас. 1 до стр. 8 пас. 1)
Бр. 1: Уживај во Божјата реч (be стр. 9 пас. 1—5)
Бр. 2: Матеј 4:1—22
Бр. 3: Како влијае на вистинските христијани знакот на последните денови? (rs стр. 301 пас. 3 до стр. 302 пас. 1)
Бр. 4: Што прави Исус сега?
13 јан. Читање на Библијата: Матеј 7—11 Песна 40
Говорна особина: Читај ја Библијата секојдневно (be стр. 10 пас. 2 до стр. 12 пас. 4)
Бр. 1: „Трчајте на таков начин“ (w 1.1.01 стр. 28—31)
Бр. 2: Матеј 9:9—31
Бр. 3: Зошто им проповедаме на другите
Бр. 4: Зошто Јеховините сведоци велат дека последните денови започнале во 1914? (rs стр. 302 пас. 3 до стр. 303 пас. 3)
20 јан. Читање на Библијата: Матеј 12—15 Песна 133
Говорна особина: Точно читање (be стр. 83 пас. 1 до стр. 84 пас. 1)
Бр. 1: Можеш да излезеш на крај со обесхрабрувањето! (w 1.2.01 стр. 20—23)
Бр. 2: Матеј 13:1—23
Бр. 3: Ќе има ли преживеани на Земјата по завршетокот на сегашниов светски систем? (rs стр. 304 пас. 1—4)
Бр. 4: Дали Бог се менува?
27 јан. Читање на Библијата: Матеј 16—21 Песна 129
Говорна особина: Како се чита точно (be стр. 84 пас. 2 до стр. 85 пас. 3)
Бр. 1: Колку брзо лета времето (si стр. 278 пас. 1—6)
Бр. 2: w 15.1.01 стр. 20 пас. 20 до стр. 21 пас. 24
Бр. 3: Што ќе го обедини светот?
Бр. 4: Зошто Бог допушта да помине толку време пред да ги уништи злобните? (rs стр. 304 пас. 5—7)
3 фев. Читање на Библијата: Матеј 22—25 Песна 139
Говорна особина: Јасно да се кажат зборовите (be стр. 86 пас. 1—6)
Бр. 1: ‚Обрни внимание на тоа како слушаш‘ (be стр. 13 пас. 1 до стр. 14 пас. 5)
Бр. 2: Матеј 22:15—40
Бр.3: Како знаеме дека знакот одговара на времето во кое сега живееме? (rs стр. 305 пас. 1—4)
Бр. 4: Кој навистина е верниот и разборит роб?
10 фев. Читање на Библијата: Матеј 26—28 Песна 27
Говорна особина: Како да зборуваш јасно (be стр. 87 пас. 1 до стр. 88 пас. 3)
Бр. 1: Како да се пронајде вистинска среќа (w 1.3.01 стр. 4—7)
Бр. 2: Матеј 26:6—30
Бр. 3: Зошто не користам дрога
Бр. 4: Која е смислата на човечкиот живот? (rs стр. 123 пас. 3 до стр. 124 пас. 4)
17 фев. Читање на Библијата: Марко 1—4 Песна 137
Говорна особина: Правилен изговор — фактори што треба да ги земеш предвид (be стр. 89 пас. 1 до стр.90 пас. 3)
Бр. 1: Библиски показатели на времето (si стр. 278, 279 пас. 7—13)
Бр. 2: w 15.2.01 стр. 25 пас. 10 до стр. 26 пас. 14
Бр. 3: Дали луѓето биле создадени да живеат кратко и потоа да умрат? (rs стр. 125 пас. 1—3)
Бр. 4: Зошто е погрешно да се коцкаш
24 фев. Читање на Библијата: Марко 5—8 Песна 72
Говорна особина: Начини за да се подобри изговорот (be стр. 90 пас. 4 до стр. 92)
Усно повторување
3 март Читање на Библијата: Марко 9—12 Песна 195
Говорна особина: Течно изнесување (be стр. 93 пас. 1 до стр. 94 пас. 3)
Бр. 1: Слушање говори, слушање во текот на дискусиите и на собирите и конгресите (be стр. 15 пас. 1 до стр. 16 пас. 5)
Бр. 2: Марко 10:1—12
Бр. 3: На кој начин можеме да црпиме од Божјата сила?
Бр. 4: На темел на што можеме да се надеваме да живееме вечно? (rs стр. 126 пас. 5—7)
10 март Читање на Библијата: Марко 13—16 Песна 187
Говорна особина: Како да се подобри течноста (be стр. 94 пас. 4 до стр. 96 пас. 3, освен рамката на стр. 95)
Бр. 1: Што е духовниот рај? (w 1.3.01 стр. 8—11)
Бр. 2: Марко 13:1—23
Бр. 3: Како ќе се остварат изгледите за вечен живот? (rs стр. 126 пас. 8 до стр. 127 пас. 2)
Бр. 4: Дали Бог зазема страни во човечките војни?
17 март Читање на Библијата: Лука 1—3 Песна 13
Говорна особина: Да се излезе на крај со пелтечењето (be стр. 95, рамка)
Бр. 1: ‚Блазе му на човекот што нашол мудрост‘ (w 15.3.01 стр. 25—28)
Бр. 2: Лука 3:1—22
Бр. 3: Дали е исправно да се обожава Исус?
Бр. 4: aДали е важно да се венчаш во склад со законските прописи? (rs стр. 59 пас. 2 до стр. 60 пас. 2)
24 март Читање на Библијата: Лука 4—6 Песна 156
Говорна особина: Паузирање за интерпункциски знак и за промена на мисла (be стр. 97 пас. 1 до стр. 98 пас. 4)
Бр. 1: Дали имаш чувство дека си погрешно разбран? (w 1.4.01 стр. 20—23)
Бр. 2: Лука 6:1—23
Бр. 3: Кое е значењето на Спомен-свеченоста? (rs стр. 378 пас. 1—3)
Бр. 4: Можат ли христијаните да очекуваат Божествена заштита?
31 март Читање на Библијата: Лука 7—9 Песна 47
Говорна особина: Паузирање за нагласување, паузирање за да сослушаш (be стр. 99 пас. 1 до стр. 100 пас. 4)
Бр. 1: „Бој се од Бога, исполнувај ги неговите заповеди“ (be стр. 272 пас. 1 до стр. 275 пас. 3)
Бр. 2: w 15.3.01 стр. 18 пас. 17 до стр. 19 пас. 20
Бр. 3: Како знаеме дека Библијата е од Бог
Бр. 4: Што претставуваат симболите на Спомен-свеченоста? (rs стр. 379 пас. 1, 2)
7 апр. Читање на Библијата: Лука 10—12 Песна 68
Говорна особина: Правилен смисловен акцент (be стр. 101 пас. 1 до стр. 102 пас. 4)
Бр. 1: „Сведочење за Исус“ (be стр. 275 пас. 4 до стр. 278 пас. 4)
Бр. 2: Лука 10:1—22
Бр. 3: Кој треба да земе од симболите на Господовата вечера? (rs стр. 379 пас. 4, 5)
Бр. 4: Какви формалности вклучувала првата венчавка? (rs стр. 60 пас. 3, 4)
14 апр. Читање на Библијата: Лука 13—17 Песна 208
Говорна особина: Да се подобри смисловниот акцент (be стр. 102 пас. 5 до стр. 104 пас. 4)
Бр.1: „Оваа добра вест за Царството“ (be стр. 279 пас. 1 до стр. 281 пас. 4)
Бр. 2: Лука 15:11—32
Бр. 3: Како да се заштитиме од демонското влијание
Бр. 4: Колку често и кога би требало да се слави Спомен-свеченоста? (rs стр. 380 пас. 4 до стр. 381 пас. 1)
21 апр. Читање на Библијата: Лука 18—21 Песна 23
Говорна особина: Да се нагласат главните идеи (be стр. 105 пас. 1 до стр. 106 пас. 2)
Бр. 1: Јеховината мудра и љубезна подготовка на годишните времиња (si стр. 280 пас. 14—17)
Бр. 2: w 15.4.01 стр. 6 пас. 19 до стр. 7 пас. 22
Бр. 3: Како надежта за воскресение влијае на нашиот живот
Бр. 4: bДали Библијата ја допушта полигамијата? (rs стр. 61 пас. 1 до стр. 62 пас. 1)
28 апр. Читање на Библијата: Лука 22—24 Песна 218
Говорна особина: Јачина на гласот соодветна на публиката (be стр. 107 пас. 1 до стр. 108 пас. 5)
Усно повторување
5 мај Читање на Библијата: Јован 1—4 Песна 31
Говорна особина: Како да ја подобриш јачината на гласот (be стр. 109 пас. 1 до стр. 110 пас. 2)
Бр. 1: Можеш да ја подобриш меморијата (be стр. 17 пас. 1 до стр. 19 пас. 2)
Бр. 2: Јован 2:1—25
Бр. 3: Дали Бог ја осудува употребата на алкохол?
Бр. 4: cКакво е Божјето гледиште за одвојувањето? (rs стр. 62 пас. 2)
12 мај Читање на Библијата: Јован 5—7 Песна 150
Говорна особина: Модулација — преиначи ја јачината на гласот (be стр. 111 пас. 1 до стр. 112 пас. 2)
Бр. 1: Можеш да успееш без разлика на тоа како си растел (w 15.4.01 стр. 25—28)
Бр. 2: Јован 5:1—24
Бр. 3: Зошто доктрината за предодреденост е неразумна
Бр. 4: dКакво е библиското гледиште за разводот и повторното стапување во брак? (rs стр. 62 пас. 3 до стр. 63 пас. 2)
19 мај Читање на Библијата: Јован 8—11 Песна 102
Говорна особина: Модулација — смени го темпото (be стр. 112 пас. 3 до стр. 113 пас. 1)
Бр. 1: ‚Преку мудроста ќе ни се множат деновите‘ (w 15.5.01 стр. 28—31)
Бр. 2: Јован 10:16—42
Бр. 3: Зошто во минатото Бог дозволувал брак помеѓу брат и сестра? (rs стр. 63 пас. 3, 4)
Бр. 4: Како да се излезе на крај со стресот
26 мај Читање на Библијата: Јован 12—16 Песна 24
Говорна особина: Модулација — прави варијации во висината на гласот (be стр. 113 пас. 2 до стр. 114 пас. 3)
Бр. 1: Годините и Светото писмо (si стр. 280—282 пас. 18—23)
Бр. 2: w 1.5.01 стр. 14 пас. 4 до стр. 15 пас. 7
Бр. 3: Што значи да не се биде „дел од светот“
Бр. 4: Што може да помогне за да се подобри бракот? (rs стр. 64 пас. 1—4)
2 јуни Читање на Библијата: Јован 17—21 Песна 198
Говорна особина: Зборувај со чувство (be стр. 115 пас. 1 до стр. 116 пас. 4)
Бр. 1: Улогата на Божјиот дух во памтењето (be стр. 19 пас. 3 до стр. 20 пас. 3)
Бр. 2: Јован 20:1—23
Бр. 3: Што може да помогне за да се подобри бракот? (rs стр. 64 пас. 5—8)
Бр. 4: Дали е неопходна организирана религија?
9 јуни Читање на Библијата: Дела 1—4 Песна 92
Говорна особина: Одушевеност соодветна на материјалот (be стр. 117 пас. 1—5)
Бр. 1: Зајакни ја својата доверба во Јехова (w 1.6.01 стр. 7—10)
Бр. 2: Дела 4:1—22
Бр. 3: Што можеме да научиме од библискиот извештај за Марија? (rs стр. 218 пас. 2 до стр. 219 пас. 5)
Бр. 4: Дали Бог е заинтересиран за тоа како обожаваме?
16 јуни Читање на Библијата: Дела 5—7 Песна 2
Говорна особина: Изразување топлина (be стр. 118 пас. 1 до стр. 119 пас. 5)
Бр. 1: Исповед што води до исцелување (w 1.6.01 стр. 28—31)
Бр. 2: Дела 7:1—22
Бр. 3: По што се разликуваат Јеховините сведоци од другите религии
Бр. 4: Дали Марија навистина била девица кога го родила Исус? (rs стр. 219 пас. 6, 7)
23 јуни Читање на Библијата: Дела 8—10 Песна 116
Говорна особина: Изразување чувства (be стр. 119 пас. 6 до стр. 120 пас. 5)
Бр. 1: Грижи се за сираците и вдовиците во нивната неволја (w 15.6.01 стр. 9—12)
Бр. 2: w 1.6.01 стр. 12 пас. 1 до стр. 13 пас. 5
Бр. 3: Дали Марија останала девица? (rs стр. 220 пас. 1—3)
Бр. 4: eЗошто присуството на состаноците е од пресудна важност за духовниот раст
30 јуни Читање на Библијата: Дела 11—14 Песна 167
Говорна особина: Важноста на гестовите и изразите на лицето (be стр. 121 пас. 1—4)
Усно повторување
7 јули Читање на Библијата: Дела 15—17 Песна 38
Говорна особина: Користење на гестови и изрази на лицето (be стр. 122 пас. 1 до стр. 123 пас. 3)
Бр. 1: Зошто да се посветуваш на читањето? (be стр. 21 пас. 1 до стр. 23 пас. 3)
Бр. 2: Дела 15:1—21
Бр. 3: Како го поддржуваме Јеховиниот суверенитет
Бр. 4: Дали Марија била Мајка Божја (rs стр. 221 пас. 1—3)
14 јули Читање на Библијата: Дела 18—21 Песна 32
Говорна особина: Визуелен контакт во службата (be стр. 124 пас. 1 до стр. 125 пас. 4)
Бр. 1: Не дозволувај сомневањата да ти ја уништат верата (w 1.7.01 стр. 18—21)
Бр. 2: Дела 19:1—22
Бр. 3: fДали Марија била безгрешно зачната? (rs стр. 221 пас. 4 до стр. 222 пас. 1)
Бр. 4: Што значи ‚да го бараме најнапред Царството‘
21 јули Читање на Библијата: Дела 22—25 Песна 222
Говорна особина: Визуелен контакт кога држиш говор (be стр. 126 пас. 1 до стр. 127 пас. 2)
Бр. 1: Дали си навистина толерантен? (w 15.7.01 стр. 21—23)
Бр. 2: Дела 24:1—23
Бр. 3: Дали е Ѓаволот реален?
Бр. 4: gДали Марија се вознела на небото со своето тело од крв и месо? (rs стр. 222 пас. 2, 3)
28 јули Читање на Библијата: Дела 26—28 Песна 14
Говорна особина: Природност во службата на теренот (be стр. 128 пас. 1 до стр. 129 пас. 1)
Бр. 1: Нема нулта година (si стр. 282 пас. 24—26)
Бр. 2: w 1.7.01 стр. 14 пас. 5—8
Бр. 3: Дали е во ред да ѝ упатуваме молитви на Марија како на посредник? (rs стр. 223 пас. 1—3)
Бр. 4: Како покажуваме почит за дарот на живот
4 авг. Читање на Библијата: Римјаните 1—4 Песна 106
Говорна особина: Природност на подиумот (be стр. 129 пас. 2 до стр. 130 пас. 1)
Бр. 1: Како да се посветиш на читањето (be стр. 23 пас. 4 до стр. 26 пас. 5)
Бр. 2: Римјаните 2:1—24
Бр. 3: Си живеел ли некогаш порано?
Бр. 4: Дали во христијанското собрание од првиот век Марија била посебно почитувана? (rs стр. 223 пас. 5 до стр. 224 пас. 4)
11 авг. Читање на Библијата: Римјаните 5—8 Песна 179
Говорна особина: Природност кога читаш јавно (be стр. 130 пас. 2—4)
Бр. 1: ‚Благословите се за праведниот‘ (w 15.7.01 стр. 24—27)
Бр. 2: Римјаните 5:6—21
Бр. 3: hВерувате ли во Дева Марија? (rs стр. 225 пас. 1—3)
Бр. 4: Треба ли да веруваш во реинкарнација?
18 авг. Читање на Библијата: Римјаните 9—12 Песна 206
Говорна особина: Личната чистота ја краси пораката (be стр. 131 пас. 1—3)
Бр. 1: Нека навиката дејствува во твоја корист (w 1.8.01 стр. 19—22)
Бр. 2: w 15.8.01 стр. 22 пас. 10—13
Бр. 3: Дали луѓето ја смениле Библијата?
Бр. 4: Дали трансупстанцијацијата е вистина? (rs стр. 226 пас. 1 до стр. 227 пас. 2)
25 авг. Читање на Библијата: Римјаните 13—16 Песна 43
Говорна особина: Како скромноста и здравите мисли влијаат врз нечие облекување и дотерување (be стр. 131 пас. 4 до стр. 132 пас. 3)
Усно повторување
1 сеп. Читање на Библијата: 1. Коринќаните 1—9 Песна 48
Говорна особина: Вредноста на уредното облекување (be стр. 132 пас. 4 до стр. 133 пас. 1)
Бр. 1: Како да проучуваш (be стр. 27 пас. 1 до стр. 31 пас. 2)
Бр. 2: 1. Коринќаните 3:1—23
Бр. 3: Што значи Јован 6:53—57? (rs стр. 227 пас. 3, 4)
Бр. 4: Дали сиромаштијата го оправдува крадењето?
8 сеп. Читање на Библијата: 1. Коринќаните 10—16 Песна 123
Говорна особина: Добриот личен изглед не дава никаква причина за спрепнување (be стр. 133 пас. 2—4)
Бр. 1: Совладај ги препреките во твојот напредок! (w 1.8.01 стр. 28—30)
Бр. 2: 1. Коринќаните 12:1—26
Бр. 3: Зошто Бог дозволува да се случуваат лоши работи?
Бр. 4: Дали Исус ја вовел мисата? (rs стр. 228 пас. 1 до стр. 229 пас. 5)
15 сеп. Читање на Библијата: 2. Коринќаните 1—7 Песна 16
Говорна особина: Добро држење и уредна опрема (be стр. 134 пас. 1—5)
Бр. 1: Направи ја својата младост успешна (w 15.8.01 стр. 4—7)
Бр. 2: 2. Коринќаните 6:1—7:1
Бр. 3: Ставот на христијаните кон световните власти (rs 244 пас. 4 до стр. 245 пас. 2)
Бр. 4: Дали Бог е загрижен за загадувањето на Земјата?
22 сеп. Читање на Библијата: 2. Коринќаните 8—13 Песна 207
Говорна особина: Како да се намали немирот при говорење (be стр. 135 пас. 1 до стр. 137 пас. 2)
Бр. 1: Како можеш да донесуваш добри одлуки (w 1.9.01 стр. 27—30)
Бр. 2: 2. Коринќаните 8:1—21
Бр. 3: Што се случува со душата по смртта
Бр. 4: Стихови што влијаат врз ставот на христијаните кон световните војни (rs стр. 245 пас. 3 до стр. 246 пас. 2)
29 сеп. Читање на Библијата: Галатите 1—6 Песна 163
Говорна особина: Како да се стекне сталоженост (be стр. 137 пас. 3 до стр. 138 пас. 5)
Бр. 1: Големата вредност на клучните датуми (si стр. 282, 283 пас. 27—30)
Бр. 2: w 1.9.01 стр. 15 пас. 8 до стр. 17 пас. 11
Бр. 3: Под кои услови Бог им дозволил на Израелците да војуваат? (rs стр. 246 пас. 3 до стр. 247 пас. 3)
Бр. 4: Како знаеме дека Божјето Царство владее
6 окт. Читање на Библијата: Ефешаните 1—6 Песна 99
Говорна особина: Важноста на засилувањето на гласот (be стр. 139 пас. 1 до стр. 140 пас. 1)
Бр. 1: Проучувањето е наградувачко (be стр. 31 пас. 3 до стр. 32 пас. 4)
Бр. 2: Ефешаните 2:1—22
Бр. 3: Верата во Бог е реалистична
Бр. 4: Кои стихови влијаат врз гледиштето на еден христијанин во врска со мешањето во политичките работи? (rs стр. 247 пас. 4 до стр. 248 пас. 4)
13 окт. Читање на Библијата: Филипјаните 1-4—Колошаните 1-4
Говорна особина: Користи ги микрофоните делотворно (be стр. 140 пас. 2 до стр. 142 пас. 1)
Бр. 1: Оди по ‚патеката на исправноста‘ (w 15.9.01 стр. 24—28)
Бр. 2: Филипјаните 2:1—24
Бр. 3: Кои стихови влијаат врз ставот на еден христијанин кон патриотските церемонии? (rs стр. 248 пас. 5 до стр. 250 пас. 1)
Бр. 4: Што бара Јехова од нас денес
20 окт. Читање на Библијата: 1. Солуњаните 1-5—2. Солуњаните 1-3
Говорна особина: Користење на Библијата при одговор (be стр. 143 пас. 1—3)
Бр. 1: Јеховиното гледиште за времето (si стр. 283 пас. 31—33)
Бр. 2: w 15.10.01 стр. 23 пас. 6 до стр. 24 пас. 9
Бр. 3: Кој оди на небо?
Бр. 4: Дали неутралноста на христијаните значи дека тие не се заинтересирани за благосостојбата на своите ближни? (rs стр. 250 пас. 2)
27 окт. Читање на Библијата: 1. Тимотеј 1-6—2. Тимотеј 1-4
Говорна особина: Како да се подобриш во читањето на Библијата (be стр. 144 пас. 1—4)
Усно повторување
3 ное. Читање на Библијата: Тит 1-3—Филимон 1-25
Говорна особина: Да се охрабри на користење на Библијата (be стр. 145, 146)
Бр. 1: Како да се истражува со помош на Библијата (be стр. 33 пас. 1 до стр. 35 пас. 2)
Бр. 2: Филимон 1—25
Бр. 3: Ќе биде ли досадно да се живее во совршенство?
Бр. 4: Зошто во Христијанските грчки списи се користи името Јехова? (rs стр. 252 пас. 4 до стр. 253 пас. 1)
10 ное. Читање на Библијата: Евреите 1—8 Песна 149
Говорна особина: Важноста на делотворното воведување на стиховите (be стр. 147 пас. 1 до стр. 148 пас. 2)
Бр. 1: Енох одел со Бог во еден безбожен свет (w 15.9.01 стр. 29—31)
Бр. 2: Евреите 2:1—18
Бр. 3: iДа им се одговори на оние што велат: ‚Вие имате своја Библија‘ (rs стр. 253 пас. 3 до стр. 254 пас. 3)
Бр. 4: Како ќе им се суди на воскреснатите според нивните дела?
17 ное. Читање на Библијата: Евреите 9—13 Песна 144
Говорна особина: Да се изберат соодветни коментари за да се воведат стиховите (be стр. 148 пас. 3 до стр. 149 пас. 3)
Бр. 1: Што значи да се биде лојален? (w 1.10.01 стр. 20—23)
Бр. 2: Евреите 9:11—28
Бр. 3: Дали Божјите небесни суштества се организирани? (rs стр. 257 пас. 4 до стр. 258 пас. 1)
Бр. 4: Зошто е корисно да практикуваме побожно однесување
24 ное. Читање на Библијата: Јаков 1—5 Песна 88
Говорна особина: Правилното нагласување вклучува чувство (be стр. 150 пас. 1, 2)
Бр. 1: Мерење на настаните во струјата на времето (si стр. 284 пас. 1—4)
Бр. 2: w 1.11.01 стр. 12 пас. 15 до стр. 13 пас. 19
Бр. 3: Вредноста на скромноста
Бр. 4: Како Бог во минатото им пренесувал упатства на своите слуги на Земјата? (rs стр. 258 пас. 2, 3)
1 дек. Читање на Библијата: 1. Петрово 1-5—2. Петрово 1-3
Говорна особина: Нагласи ги вистинските зборови (be стр. 150 пас. 3 до стр. 151 пас. 2)
Бр. 1: Научи да ги користиш другите алатки за истражување (be стр. 35 пас. 3 до стр. 38 пас. 4)
Бр. 2: 1. Петрово 1:1—16
Бр. 3: Дали Библијата покажува дека вистинските христијани ќе бидат организирани? (rs стр. 259 пас. 2 до стр. 260 пас. 1)
Бр. 4: Како Христовата откупна жртва треба да влијае на нашиот живот
8 дек. Читање на Библијата: 1. Јованово 1-5; 2Јо 1-13; 3Јо 1-14—Јуда 1-25
Говорна особина: Методи за нагласување (be стр. 151 пас. 3 до стр. 152 пас. 5)
Бр. 1: Зачувај ја својата совест (w 1.11.01 стр. 4—7)
Бр. 2: 1. Јованово 3:1—18
Бр. 3: Зошто не можеме да ја обвинуваме Библијата за тоа што со жените се постапува без почит
Бр. 4: Дали Божјите верни слуги се само расфрлани во црквите на христијанскиот свет? (rs стр. 260 пас. 2—4)
15 дек. Читање на Библијата: Откровение 1—6 Песна 219
Говорна особина: Исправно да се применат стиховите (be стр. 153 пас. 1 до стр. 154 пас. 3)
Бр. 1: Верата на Ное го осудува светот (w 15.11.01 стр. 28—31)
Бр. 2: Откровение 2:1—17
Бр. 3: Како може да се препознае денешната Јеховина видлива организација? (rs стр. 260 пас. 5 до стр. 261 пас. 6)
Бр. 4: Зошто Божиќ не е за христијаните
22 дек. Читање на Библијата: Откровение 7—14 Песна 6
Говорна особина: Направи ја примената на стиховите јасна (be стр. 154 пас. 4 до стр. 155 пас. 4)
Бр. 1: Можеш да избегнеш духовен срцев удар (w 1.12.01 стр. 9—13)
Бр. 2: w 15.12.01 стр. 17 пас. 10 до стр. 18 пас. 13 (вклучувајќи ја и фуснотата)
Бр. 3: Како да се справиш со притисокот од врсниците
Бр. 4: Како можеме да покажеме ценење за Јеховината организација? (rs стр. 261 пас. 7—11)
29 дек. Читање на Библијата: Откровение 15—22 Песна 60
Говорна особина: Резонирај на темел на Писмото (be стр. 155 пас. 5 до стр. 156 пас. 5)
Усно повторување
[Фусноти]
a Се доделува само на браќа.
b Се доделува само на браќа.
c Се доделува само на браќа.
d Се доделува само на браќа.
e Се доделува само на браќа.
f Ако допушта времето, разгледај ги одговорите за тврдењата, приговорите итн. што најмногу ќе одговараат на потребите на подрачјето.
g Ако допушта времето, разгледај ги одговорите за тврдењата, приговорите итн. што најмногу ќе одговараат на потребите на подрачјето.
h Ако допушта времето, разгледај ги одговорите за тврдењата, приговорите итн. што најмногу ќе одговараат на потребите на подрачјето.
i Ако допушта времето, разгледај ги одговорите за тврдењата, приговорите итн. што најмногу ќе одговараат на потребите на подрачјето.