Распоред за состаноците за служба
Седмица што почнува од 9 декември
12 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Користејќи ги предлозите на 8. страница, нека има приказ како да се презентира Стражарска кула од 15 декември.
15 мин: „Објавувај ја пораката за Царството.“a Кога дискутираш за 3. пасус, вклучи предлози за тоа како да се чита директно од Библијата кога се споделува добрата вест. (km 12/01 стр. 1, пас. 3.)
18 мин: Донесувај плод во секое добро дело. Говор со учество на присутните. Да го одржи старешина. Разгледај ја историјата и напредокот на локалното собрание, вклучувајќи ги напорите што довеле до формирањето на собранието. Договори однапред некои што биле присутни во тоа време да раскажат охрабрувачки искуства. Разгледај ги изгледите за понатамошен пораст, и охрабри ги сите ревносно да ги поддржуваат собраниските активности.
Песна 119 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 16 декември
10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај. Изложи ги посебните подготовки за служба за 1 и за 7 јануари.
15 мин: Оние што имаат увид ќе разберат (Дан. 12:3, 10). Приказ. Заинтересирано лице прашува: „Од каде можам да бидам сигурен дека вие го имате точното разбирање на она за што поучува Библијата?“ Објавителот објаснува како да се користи тематскиот метод кога се истражува Библијата (w 15.5.96 стр. 19, 20). Користејќи еден или два примера од книгата Расправљање, страници 128—133, тој покажува како сме ја разбрале Божјата намера за Земјата внимателно анализирајќи ги библиските стихови. Објавителот објаснува како истиот метод може да се користи за исправно да се разберат и други библиски учења и понудува библиска студија.
20 мин: „Спомнувај си за постарите верни лица.“b Вклучи коментари од Стражарска кула од 1 август 1994, 29. страница. Спомни ја подготовката дека болните можат да известат служба на теренот од 15-минутни периоди. Договори неколкумина да раскажат искуства што покажуваат како дружењето со таквите лица донесува заемни благослови.
Песна 154 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 23 декември
10 мин: Локални известувања. Користејќи ги предлозите на 8. страница прикажи како да се презентира Стражарска кула од 1 јануари и Разбудете се! од 8 јануари.
15 мин: Локални потреби.
20 мин: „Придонесуваш ли за точен извештај?“c Кога дискутираш за 2. пасус, вклучи коментари од книгата Наша служба, страници 106—108.
Песна 165 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 30 декември
Забелешка: Во текот на седмицата од 30 декември собранијата не треба да го преместат состанокот за служба да биде некоја вечер порано освен ако покраинскиот надгледник не е во посета. Сите собранија треба да го разгледаат додатокот за конгресот како што стои во распоредот.
10 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да ги предадат извештаите за служба на теренот за декември. Ако во новата година вашето собрание го смени времето на состаноците, љубезно поттикни ги сите редовно да присуствуваат во новите термини. Спомни ја понудата за литература за јануари, нагласувајќи од кои книги собранието има резерва.
15 мин: Разгледај ја книгата Обожавај го Бог. Разговор и дискусија со присутните. Објасни ја подготовката новата книга да се користи како втора книга за проучување. (km 6/00 стр. 4, пас. 5, 6.) Покани ги присутните да коментираат за обележјата на книгата што им се допаѓаат. Нагласи дека во одредени делови од книгата се користат прашања и стихови за да го поттикнат студентот длабоко да размисли за Божјата реч. Покажи го примерот што се наоѓа на страници 47—49, 13. пасус.
20 мин: „Обласен конгрес на Јеховините сведоци за 2003 ‚Оддајте му слава на Бог.‘ “d Да го одржи собранискиот секретар, сосредоточувајќи се на пасуси 3—7. Срдечно пофали ги сите затоа што прават подготовки за конгресот колку што е можно порано.
Песна 147 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 6 јануари
5 мин: Локални известувања.
23 мин: Помош во почитувањето на Божјиот закон за крвта. Говор на квалификуван старешина, темелен на нацртот даден од канцеларијата на подружницата. Секретарот треба да има при рака доволна количина од следниве работи за дистрибуирање: Однапред дадена медицинска директива/ослободување, и легитимација. Овие документи ќе им бидат достапни на крстените објавители по состанокот, но НЕ треба да го пополнат вечерва. Потпишувањето, посведочувањето и ставањето датум на оваа картичка ќе се направи на следната Собраниска студија на книга, доколку е потребно со помош од надгледникот на студија на книга. На родителите треба да им бидат достапни легитимации за нивните деца. Оние што ќе потпишуваат како сведоци треба да гледаат додека поединецот го потпишува документот. Некрстените објавители можат да напишат своја директива за себе и за своите деца со тоа што ќе ги усогласат зборовите од овој документ кон своите околности и убедувања.
17 мин: „Бескрвната медицина се справува со предизвикот“. Да го одржи квалификуван старешина. Одговорите на прашањата што се наоѓаат во оваа Служба за Царството се обезбедени одделно, па така, старешината што ќе ја одржи оваа точка ќе има точен изворен материјал што ќе го користи на сличен начин како што се одржува писменото повторување во Теократската школа за служба.
Песна 79 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
d Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.