Распоред за состаноците за служба
Седмица што почнува од 13 јануари
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Користејќи ги предлозите на 4. страница, нека има приказ како да се презентира Стражарска кула од 15 јануари. Иако се презентира само Стражарска кула, треба да бидат понудени две списанија едно во друго.
15 мин: Придобиени без збор. Говор и дискусија со присутните. Доброто христијанско однесување е моќно сведоштво. Тоа поттикнало некои брачни другари неверници да станат обожаватели на Јехова (1. Петр. 3:1, 2). Раскажи искуства од Стражарска кула од 1 јануари 1999, 4. страница; од Стражарска кула од 1 октомври 1995, страници 10 и 11, и од Годишник — 1995 (англ.), 46. страница. Договори однапред двајца или тројца да коментираат за позитивните резултати што ги забележале следејќи го библискиот совет на ова подрачје.
20 мин: „Да живееме во склад со нашето предание.“a Откако ќе го разгледаш 3. пасус, накратко интервјуирај еден младич или тинејџер што е крстен. Со кои предизвици се соочил откако се крстил? Што му помогнало да се справи со тие предизвици? Каква корист извлекол од тоа што му го предал својот живот на Јехова?
Песна 22 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 20 јануари
8 мин: Локални известувања. Сметководен извештај.
15 мин: Го испитуваш ли Писмото секојдневно? Говор и дискусија со присутните. Охрабри ги сите добро да ја користат брошурата Секојдневно испитување на Писмото — 2003. Дискутирај за коментарите од предговорот, страници 3 и 4. Дај предлози како можат семејствата заедно да дискутираат за стихот. За да ги покажеш користите од секојдневното разгледување на стихот, дискутирај за два или три примери на стих и коментар што ќе бидат разгледани наредниот месец. Вклучи краток приказ како еден сопруг и сопруга заедно го разгледуваат стихот и коментарот.
22 мин: „Поучувај ги другите за чистиот јазик.“b Откако ќе го разгледаш 6. пасус, еден вешт објавител нека прикаже како да се започне библиска студија на врата при повторна посета, користејќи една од презентациите од додатокот во Наша служба за Царството од јануари 2002, 4. страница. Нека се разгледа еден пасус од брошурата Бара. Објавителот нека заврши така што ќе постави прашање во врска со наредниот пасус и ќе договори да биде одговорено на наредната посета. Охрабри ги сите да размислат дали некои од оние што ги посетуваат можеби ќе бидат спремни да ја проучуваат Библијата на ваков начин.
Песна 68 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 27 јануари
10 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да ги предадат извештаите за служба на теренот. Користејќи ги предлозите на 4. страница, нека има две посебни презентации како да се понуди Стражарска кула од 1 февруари и Разбудете се! од 8 февруари. Во секоја презентација, објавителот нека заврши така што на станарот ќе му го врачи трактатот Сакаш ли да знаеш повеќе за Библијата? — и тоа на станар што не сака и на станар што сака да земе списанија. Накратко објасни како можеме повторно да појдеме на места каде што сме оставиле списанија кога сме го врачиле трактатот. (Види ја Наша служба за Царството од ноември 2001, стр. 4, пас. 10.)
15 мин: Локални потреби.
20 мин: Помогни им на другите да му се Приближат на Јехова. Говор и дискусија со присутните. Во текот на февруари ќе ја нудиме новата книга. Дискутирај за белешката до читателите на 3. страница и истакни некои од карактеристиките на оваа книга. Секој од четирите дела се сосредоточува на една од Јеховините главни особини. Вклучено е поглавје што покажува како Исус ја покажувал таа особина и поглавје што дискутира за тоа како можеме ние да го правиме тоа. Има 17 страници со слики од библиски сцени. ‚Прашањата за медитирање‘ ни помагаат да размислуваме за други важни аспекти на таа тема. Разгледај ја рамката „Предлози за презентирање на Приближи му се на Јехова“, и еден вешт објавител нека прикаже една од презентациите.
Песна 124 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 3 февруари
15 мин: Локални известувања. Разгледај ја Рубриката прашања.
12 мин: Имитирај ја нивната вера. Интервјуирај еден старешина што понизно и верно му служи на Јехова долги години (Евр. 13:7). Како ја дознал вистината? Какви пречки морал да надмине заземајќи став за вистината? Кои духовни подготовки или охрабрувања му помогнале да напредува? Што направил за да тежнее по служба во собранието? (1. Тим. 3:1). Што му помогнало да ги урамнотежи собраниските одговорности со световните и семејните обврски? (1. Тим. 5:8). Што чувствува за предноста да им помага на другите во собранието?
18 мин: „Дело што бара понизност.“c Кога дискутираш за 3. пасус, побарај од присутните да дадат предлози како да се одговори ако некој на подрачјето се обиде да ни се потсмева или ако е груб, сака да се кара или ако е лут. Кога дискутираш за 4. пасус, вклучи коментари од Увид, том 1, 1160. страница, 3. пасус.
Песна 133 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.