ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 1/03 стр. 1
  • Дело што бара понизност

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дело што бара понизност
  • Нашата служба за Царството 2003
  • Сличен материјал
  • Биди вистински понизен
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Зошто да се облечеме во понизност?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Јехова многу ги сака своите понизни слуги
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Исус дал пример за понизност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Нашата служба за Царството 2003
km 1/03 стр. 1

Дело што бара понизност

1 Божјата реч нѐ опоменува да бидеме ‚понизни во умот, да не враќаме зло за зло . . . туку, напротив, да благословуваме‘ (1. Петр. 3:8, 9). Овој совет секако важи за делото на проповедање. Навистина, христијанската служба може да биде испит на нашата понизност.

2 Понизноста е особина што ни помага да поднесеме непријатни ситуации. Кога проповедаме, непоканети им приоѓаме на непознати знаејќи дека некои ќе одговорат нељубезно. За да продолжиме да проповедаме и покрај таквото однесување потребна е понизност. На едно особено тешко подрачје, две сестри пионерки две години секој ден оделе од врата до врата без некој да им отвори! Меѓутоа истрајале, и денес на тоа подрачје има две собранија.

3 Да се излезе на крај со грубоста: Понизноста ќе ни помогне да го имитираме Исус кога другите се нељубезни или неучтиви (1. Петр. 2:21—23). Во една куќа, една сестра била навредувана со зборови, најпрво од жената а потоа и од сопругот, кој ѝ наредил да си оди. Сестрата едноставно се насмевнала и рекла дека се надева дека ќе разговара со нив во друга прилика. Ова толку ги импресионирало што го слушале следниот Сведок што дошол кај нив и ја прифатиле поканата да присуствуваат на состанокот во Салата на Царството. Сестрата што пред тоа била одбиена била таму да ги пречека и да им даде натамошно сведоштво. И ние можеме да ги омекнеме неприемливите лица така што ќе покажуваме „благ нарав и длабока почит“ (1. Петр. 3:15; Посл. 25:15).

4 Избегнувај надуеност: Тоа што имаме спознание за Библијата не ни дава право да гледаме на луѓето од високо или да зборуваме погрдно за нив (Јован 7:49). Наместо тоа, Божјата реч нѐ советува ‚да не зборуваме лошо за никого‘ (Тит 3:2). Кога сме понизни во срцето, како што бил и Исус, ние ги освежуваме другите (Мат. 11:28, 29). Понизниот пристап ја прави нашата порака попривлечна.

5 Да, понизноста ни помага да истраеме на тврдо подрачје. Таа може да ги омекне неприемливите, и ги привлекува другите кон пораката за Царството. Пред сѐ, таа му е угодна на Јехова, кој „на понизните им дава незаслужена љубезност“ (1. Петр. 5:5).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели