Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба усно да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 24 февруари 2003. Надгледникот на школата ќе води 30-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 6 јануари до 24 февруари 2003. [Забелешка: Кога по прашањето не се наведени референци, ќе треба самиот да истражуваш за да ги најдеш одговорите — Види Школа за служба, стр. 36, 37.]
ГОВОРНИ ОСОБИНИ
1. Точно или неточно: Клучот за точно читање е да сме сигурни дека она што се чита звучи точно, дури и ако малку се разликува од она што е напишано. Објасни. [be стр. 83]
2. Пополни ги празните места: За да се чита точно, мора да се ․․․․․․․․, ․․․․․․․․, ․․․․․․․․ и тоа да се прави наглас. [be стр. 85]
3. Зошто е важно да се зборува јасно? (1. Кор. 14:8, 9) [be стр. 86]
4. Кои се некои работи што можат да го направат говорот нејасен, и што можеме да направиме за да зборуваме појасно? [be стр. 87, 88]
5. Кои се некои зборови што беа користени во Теократската школа за служба во претходните два месеца што сметаш дека треба да вежбаш за да ги изговараш правилно? [be стр. 92]
ЗАДАЧА БР. 1
6. Точно или неточно: Очите можат да ни помогнат да слушаме. Објасни. [be стр. 14]
7. Пополни ги празните места: ․․․․․․․․, ․․․․․․․․, и ․․․․․․․․ служат како показатели на времето дадени од Бог. [si стр. 278 пас. 7]
8. Пополни ги празните места: Како што е употребен во Библијата, изразот „ден“ може да се однесува на период од ․․․․․․․․ часа, ․․․․․․․․ часа, ․․․․․․․․ години или ․․․․․․․․, при што контекстот укажува во која смисла се користи. [si стр. 279 пас. 8]
9. Како можат примерите на Ана, Марко и Илија да ни помогнат да излеземе на крај со обесхрабрувањето? Како можеме да ги искористиме овие примери за да им помогнеме на другите? [w 1.2.01 стр. 20—23]
10. На кој начин разбирањето на древните атлетски игри фрла светло врз одредени библиски стихови? Како треба овие информации да влијаат врз нашите животи? [w 1.1.01 стр. 28—31]
СЕДМИЧНО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
11. Точно или неточно: Бидејќи Божјето Царство било воспоставено на небото во 1914, повеќе не е исправно да се молиме: „Нека дојде царството твое“ (Мат. 6:10). Објасни. [be стр. 279; w 1.6.96 стр. 31]
12. Точно или неточно: Зборовите на Исус запишани во Матеј 11:24 значат дека оние што Јехова ги уништил со оган во Содом и Гомор ќе бидат воскреснати. Објасни.
13. Повеќекратен избор: Верниот и разборит роб што Исус го спомнал во Матеј 24:45—47 е а) Водечкото тело на Јеховините сведоци; б) сите помазани христијани како група на Земјата во кое и да било време; в) самиот Исус Христос. Овој роб обезбедува духовна храна во право време за „домашните“, кои ги претставуваат а) помазаниците како поединци; б) другите овци; в) сите читатели на христијанските публикации. Господарот го наименувал робот над сите негови поседи во а) 1914; б) 33 н.е.; в) 1919.
14. Повеќекратен избор: Мрежата за која се зборува во Исусовата илустрација во Матеј 13:47—50 ги вклучува и собранието од помазани христијани и а) Божјето Месијанско Царство; б) нивните придружници од другите овци; в) христијанскиот свет.
15. Според зборовите на Исус запишани во Матеј 5:24, што треба да направиш ако чувствуваш дека си навредил некој сообожавател? [g 8.5.96 стр. 26, 27]