Известувања
◼ Понуда на литература за февруари: Ќе се нуди новата книга Приближи му се на Јехова. Март: Ќе се нуди Спознание кое води до вечен живот, со напор да се започнат домашни библиски студии. Април и мај: Ќе се нудат поединечни примероци на Стражарска кула и Разбудете се! Кога ќе правиш повторни посети кај заинтересираните лица, што можеби ќе вклучува повторно да ги посетиш оние што присуствувале на Меморијалот или на некои други теократски настани но што не се активно поврзани со собранието, концентрирај се на тоа да ја понудиш Обожавај го единствениот вистински Бог. Треба да се вложи секаков напор да се започне домашна библиска студија, особено ако поединецот веќе ги проучувал книгата Спознание и брошурата Бара.
◼ Претседавачкиот надгледник или некој што е назначен од него треба да ги прегледа собраниските сметки на 1 март или колку што е можно побрзо после тоа. Кога тоа ќе биде сторено, дајте известување пред собранието откако ќе биде прочитан следниот сметководен извештај. Прочитајте ги сите потврди за прилозите што ги дало собранието за светското дело.
◼ Секретарот и надгледникот за служба треба да ја разгледаат активноста на сите општи пионери. Ако на некои од нив им е тешко да го исполнат барањето во часови, старешините треба да направат подготовки да им се помогне. За предлози, разгледај ги годишните писма од Заедницата (S-201). Исто така, види ги пасусите од 12—20 од додатокот на Наша служба за Царството од септември 1986.
◼ Темата на специјалното јавно предавање за сезоната на Меморијалот ќе биде „Дошол ли часот на судот врз Вавилон?“ Види ги сличните известувања во врска со тоа во Наша служба за Царството од септември 2002.
◼ Бидејќи подготовката за лична претплата преку пошта беше прекината, важно е собранијата да ги врачат најновите изданија на Стражарска кула и Разбудете се! веднаш штом ќе ги добијат. Тоа ќе им овозможи на објавителите да ги имаат своите лични примероци и да се запознаат со нивната содржина пред да ги нудат списанијата во службата на теренот.