ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 4/03 стр. 2
  • Распоред за состаноците за служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците за служба
  • Нашата служба за Царството 2003
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 14 април
  • Седмица што почнува од 21 април
  • Седмица што почнува од 28 април
  • Седмица што почнува од 5 мај
Нашата служба за Царството 2003
km 4/03 стр. 2

Распоред за состаноците за служба

ЗАБЕЛЕШКА: Во Наша служба за Царството ќе има распоред за Состанокот за служба секоја седмица во текот на летните месеци. Доколку е потребно, собранијата можат да направат преиначувања за да се овозможи да се присуствува на Обласниот конгрес „Оддајте му слава на Бог“. Таму каде што одговара, можат да се искористат 15 минути од последниот Состанок за служба пред да се одржи конгресот за да се повторат навремените совети од додатокот за овој месец, кои може да се применат локално. Во текот на октомври ќе бидат направени подготовки на еден цел Состанок за служба да се разгледаат врвни точки од конгресната програма. Како подготовка за таа дискусија, сите можеме да правиме забелешки на конгресот, вклучувајќи и список со точки што сакаме да ги примениме лично во нашиот живот и во службата на теренот. Тогаш ќе можеме да ги охрабриме другите така што ќе објасниме како сме ги примениле тие предлози откако сме присуствувале на конгресот.

Седмица што почнува од 14 април

Песна 20

15 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Користејќи ги предлозите на 8. страница нека има приказ како да се презентира Стражарска кула од 15 април. Во презентацијата треба да се понудат две списанија, иако се презентира само едно.

10 мин: Рубрика прашања. Говор на старешина.

20 мин: „Светлете како светила.“a Заклучи со петминутен говор темелен на Стражарска кула од 1 јуни 1997, страници 14, 15, пасуси 8—13. Нагласи зошто избегнуваме секаков вид тајност кога станува збор за пораката за Царството.

Песна 134 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 21 април

Песна 25

10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај.

15 мин: „Се собираме за да го славиме Јехова.“b Користи ги дадените прашања. Поттикни ги сите да присуствуваат на секоја сесија, од петок наутро до недела попладне. Нагласи ја потребата да го применуваме она што го учиме, наместо само да го чуеме. Разгледај ја забелешката погоре во врска со она што е планирано за еден Состанок за служба во октомври кога ќе има повторување на врвните точки од обласниот конгрес. Охрабри ги сите да прават забелешки.

20 мин: „Направете место за тоа.“c Вклучи интервју со еден или двајца што добро го користат своето самештво за да ги унапредуваат интересите на Царството. Нека коментираат за тоа што им помага да најдат задоволство во својата служба.

Песна 35 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 28 април

Песна 51

10 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да ги предадат извештаите за служба на теренот за април. Користејќи ги предлозите на 8. страница, нека има два посебни приказа како да се презентира Стражарска кула од 1 мај и Разбудете се! од 8 мај.

15 мин: „Бидете пример на добри дела.“d Користи ги дадените прашања. Нагласи ја потребата да се придржуваме за подготовките за сместување што се направени за наша корист. Објасни зошто е неопходно добро однесување од страна на сите.

20 мин: „Повторните посети водат до библиски студии.“e Да го одржи старешина користејќи ги дадените прашања. Покани ги присутните да вклучат кратки искуства од службата на теренот што ги поддржуваат дадените мисли. Кога дискутираш за 5. пасус, одглуми искуство од локалното подрачје во кое била започната библиска студија.

Песна 89 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 5 мај

Песна 120

10 мин: Локални известувања. Повтори ги накратко предлозите дадени во Наша служба за Царството од април 2002, 2. страница, во делот со наслов „Да се планира однапред за летото“.

20 мин: „Уредната облека покажува длабока почит кон Бог.“f Да го одржи старешина. Користи ги дадените прашања. Секој пасус нека го чита еден брат што добро чита.

15 мин: Добар извештај — причина за радост (Посл. 15:30, NW). Дискусија со присутните што покажува што постигнало собранието како резултат на посебниот напор што беше вложен во текот на март и април. Покани го собранието да раскаже позитивни искуства што ги имале на следниве подрачја: 1) Помагајќи му на некој заинтересиран да присуствува на Меморијалот, 2) служејќи како помошен пионер, 3) охрабрувајќи некој неактивен објавител да ја обнови својата активност во собранието, 4) помагајќи му на некој нов да почне да проповеда и 5) негувајќи го интересот на оние што присуствувале на Меморијалот. Договори некои од овие коментари однапред. Дај пофалба и охрабри ги сите да истрајат во овие напори во иднина.

Песна 126 и заклучна молитва.

[Фусноти]

a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

d Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

e Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

f Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели