Распоред за состаноците за служба
Седмица што почнува од 12 мај
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Користејќи ги предлозите на 8. страница нека има приказ како да се презентира Стражарска кула од 15 мај. Во презентацијата треба да се понудат две списанија, иако се презентира само едно. Нека се спомне подготовката за донации.
20 мин: Родители — помогнете им на своите деца да напредуваат. Говор во кој се дискутира за врвните точки од книгата Школа за служба, страници 9—12 и 21—38. Охрабри ги родителите да употребат нешто од овој материјал на својата семејна студија, со цел да ги обучат своите деца да напредуваат во службата. Обрни внимание на конкретни точки што можат да се употребат за да им се помогне на младите да ги развијат потребните вештини.
15 мин: „Доверена ни е добрата вест.“a Договори однапред еден или двајца објавители накратко да објаснат како можеле да ги приспособат своите лични околности за да го зголемат својот удел во делото на проповедање.
Песна 46 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 19 мај
15 мин: Локални известувања. Сметководен извештај. Дискутирај за „Меѓународна изградба на Сали на Царството во некои европски земји“. Спомни дека изградбата на Сали на Царството како во земјите со ограничени средства така и на подрачјето на локалната подружница се поддржува со доброволни прилози за Фондот за Сали на Царството.
15 мин: Локални потреби.
15 мин: „Слави го Јехова сведочејќи неформално.“b Говор и дискусија со присутните. Кога дискутираш за 3. пасус, прашај ги присутните што може да се каже за да се започне библиска дискусија со некого во следниве ситуации: 1) додека чекаме ред на каса, 2) додека користиме јавен превоз, 3) на сосед што си работи во дворот, 4) на колега на работното место, 5) на соученик на училиште. Договори однапред да се каже локално искуство што покажува како објавителот успешно дал неформално сведоштво.
Песна 135 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 26 мај
10 мин: Локални известувања. Потсети ги сите да ги предадат извештаите за служба на теренот за мај. Користејќи ги предлозите на 8. страница, нека има два посебни приказа како да се презентира Стражарска кула од 1 јуни и Разбудете се! од 8 јуни. Во секој случај треба да се понудат две списанија едно во друго, иако само едно се презентира. На крајот на презентациите, остави му го на соговорникот што не ги прифатил списанијата трактатот Сакаш ли да знаеш повеќе за Библијата?
10 мин: Рубрика прашања. Говор. Разгледај накратко некои од предлозите за презентации по телефон што излегоа во Наша служба за Царството од февруари 2001, 6. страница, пасуси 12—15, или други предлози што биле делотворни на локалното подрачје.
25 мин: „Божјата реч е вистина.“c Користи ги дадените прашања. Покани ги присутните да коментираат за тоа како ним им било помогнато да ја научат вистината кога објавителите ја користеле Библијата за да им одговорат на прашањата. Кога дискутираш за 4. пасус, еден способен објавител нека прикаже како да се користи Библијата на ново место, користејќи некои од предлозите во статијата „Исправно ракувај со Божјата реч“ (km 12/01 стр. 1, пас. 3, 4).
Песна 188 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 2 јуни
10 мин: Локални известувања. Повтори ги накратко предлозите за презентирање на брошурата Бара и книгата Спознание дадени во додатокот од Наша служба за Царството од јануари 2002.
20 мин: Чесен брак — божествено барање. Говор и дискусија со присутните. Во многу земји е вообичаено двојките да живеат заедно без да бидат легално венчани. Некои тврдат дека ова има практични предности. Истакни го библиското гледиште, нагласувајќи дека бракот потекнува од Бог (rs стр. 59, 60). Да се живее заедно без да се биде во брак е блуд (fy стр. 17). Спротивно на она во што многумина веруваат, испитувањата покажуваат дека живеењето заедно пред брак ја намалува веројатноста бракот да успее (g-SB 8.3.02 стр. 29; g-E 8.9.92 стр. 28; g-E 8.5.91 стр. 28). Христијаните го слават Јехова со тоа што се придржуваат за неговите мерила. Со тоа извлекуваат корист и самите тие (Исаија 48:17, 18).
15 мин: Како извлекуваш корист? Дискусија со присутните што треба да ја води надгледникот на школата. Почнувајќи од јануари, ни беше претставен нов облик на Теократската школа за служба. Кратко разгледај некои од новите одлики на школата. Нагласи ги позитивните резултати досега. Дали повеќемина се запишани во школата? Дали постои поголема спремност за да се учествува? Како учениците извлекуваат корист од новата подготовка да им се даде совет? Покани ги присутните да раскажат како тие лично извлекле корист до сега и како мислат дека новата пограма ќе им помогне во иднина.
Песна 225 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.