ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/03 стр. 2
  • Распоред за состаноците за служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците за служба
  • Нашата служба за Царството 2003
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 8 декември
  • Седмица што почнува од 15 декември
  • Седмица што почнува од 22 декември
  • Седмица што почнува од 29 декември
  • Седмица што почнува од 5 јануари
Нашата служба за Царството 2003
km 12/03 стр. 2

Распоред за состаноците за служба

Седмица што почнува од 8 декември

Песна 221

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Користејќи ги предлозите на 8. страница, нека има еден приказ како да се презентира Стражарска кула од 15 декември. Иако се презентира само Стражарска кула, треба да се понудат две списанија едно во друго.

20 мин: „Вистинско христијанско единство — како?“a Кога дискутираш за 5. пасус, замоли ги присутните да раскажат лични искуства во врска со меѓународни конгреси, теократски проекти на изградба или помош при катастрофи, кои го нагласуваат нашето христијанско единство.

15 мин: „Теократска школа за служба за 2004.“ Говор на надгледникот на школата. Вклучи коментари од додатокот во Наша служба за Царството од октомври 2003.

Песна 108 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 15 декември

Песна 71

10 мин: Локални известувања. Дискутирај за рамката „Ве молиме, посетете ги без одложување“. Истакни ги специјалните подготовки за служба на теренот во периодот од 1 до 7 јануари.

15 мин: Личното проучување — чин на обожавање. Говор што се темели на Стражарска кула од 1 октомври 2000, страници 14, 15, пасуси 6—10.

20 мин: „Помогни им на оние што се ‚исправно наклонети‘“b Користи ги дадените прашања. Разгледај го списокот со предлози за правење повторни посети во рамката на 3. страница од Наша служба за Царството од март 1997.

Песна 42 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 22 декември

Песна 10

12 мин: Локални известувања. Сметководен извештај. Користејќи ги предлозите на 8. страница, прикажи како да се презентира Стражарска кула од 1 јануари и Разбудете се! од 8 јануари. Охрабри ги сите за наредниот состанок да си го понесат додатокот од Наша служба за Царството од ноември 1990.

15 мин: Локални потреби.

18 мин: „Да ги бараме достојните“.c Користи ги дадените прашања. Кога е најверојатно дека ќе ги најдеме станарите дома? Кои резултати се постигнати од сведочењето доцна попладне или рано навечер? Кои методи можат да се користат за да се стапи во контакт со луѓето што ретко се дома?

Песна 209 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 29 декември

Песна 200

5 мин: Локални известувања. Охрабри ги сите објавители да ги предадат извештаите од служба на теренот за декември. Спомни ја понудата на литература за јануари.

17 мин: Видеокасета што нагласува еден важен медицински тренд. Говор на еден квалификуван старешина. Користи го нацртот што е обезбеден од канцеларијата на подружницата. Прочитај Дела 15:28, 29 и накратко истакни дека главната причина зошто христијаните одбиваат трансфузија на крв е за да покажат почит кон Божјиот закон во врска со светоста на крвта.

13 мин: Со сигурност да се соочиме со медицинските проблеми. Говор на еден квалификуван старешина кој го користи нацртот обезбеден од канцеларијата на подружницата. Потоа дискутира за подготовките што се наменети да ни бидат од помош кога донесуваме медицински одлуки, како што е картичката Однапред дадена медицинска директива/ослободување. Собранието треба да има доволен број од овие картички. Овој документ ќе им биде на располагање на крстените објавители по состанокот, но не треба да го пополнуваат вечерва. Потпишувањето, посведочувањето и ставањето датум на оваа картичка ќе се направи на следната Собраниска студија на книга, ако е потребно со помош на надгледникот на студија на книга. На родителите треба да им бидат достапни легитимации за нивните деца. Оние што ќе потпишуваат како сведоци треба да гледаат додека поединецот го потпишува документот. Некрстените објавители можат да си напишат своја директива за себе и за своите деца со тоа што ќе ги усогласат зборовите од овој документ кон своите околности и убедувања. Нагласи колку е мудро да се донесуваат медицински одлуки однапред на темел на библиски школуваната совест (Посл. 27:13; 14:15).

10 мин: „Дали си спремен да се соочиш со медицинска ситуација која претставува предизвик за твојата вера?“ Дискусија со присутните темелена на додатокот од Наша служба за Царството од ноември 1990, страници 4, 5, пасуси 13—22.

Песна 182 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 5 јануари

Песна 103

Забелешка: Во текот на седмицата од 5 јануари собранијата не треба да го преместат состанокот за служба да биде некоја вечер порано освен ако покраинскиот надгледник не е во посета. Сите собранија треба да го разгледаат додатокот за конгресот како што стои во распоредот.

10 мин: Локални известувања. Рубрика прашања. Дискусија со присутните.

15 мин: Вашиот труд не е залуден (1. Кор. 15:58). Дискусија со присутните. Договори однапред некои објавители што се активни многу години да раскажат детали за делото во раните денови. Колкумина имало во собранието? Колкаво подрачје му било доделено на собранието? Како реагирале луѓето на пораката за Царството? Со какво противење си се соочил ти? Како растело делото за Царстовото на локалното подрачје низ годините?

20 мин: „Обласен конгрес на Јеховините сведоци за 2004 — ‚Одете со Бог‘“. Да го одржи собранискиот секретар. Охрабри ги сите да направат подготовки за конгресот што е можно поскоро.

Песна 7 и заклучна молитва.

[Фусноти]

a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели