Помогни им на оние што се „исправно наклонети“
1. Кого собира Јехова кај себе во нашево време?
1 Секој човек има склоност што е длабоко вкоренета во неговото фигуративно срце (Мат. 12:35). Библијата зборува за оние на кои ‚срцето им е спремно за војна‘ (Псал. 55:21). Некои се ‚склони кон гнев‘ (Посл. 29:22, NW). Но, има и такви кои се „исправно наклонети кон вечниот живот“ (Дела 13:48). Во нашево време, Јехова ги собира кај себе таквите исправно наклонети лица (Агеј 2:7). Како можеме да им помогнеме да станат обожаватели на Јехова?
2. Што е вклучено во исполнувањето на нашиот налог да правиме ученици?
2 Совесно прави повторни посети: За да го исполниме нашиот налог да правиме ученици, многу е важно да имаме исправно гледиште за правењето повторни посети (Мат. 28:19, 20). Дали марливо го следиме интересот на којшто ќе наидеме? Дали навраќаме повторно кај сите што зеле литература или што покажале интерес за добрата вест? Дали истрајуваме во нашите напори да им помогнеме духовно да растат? Бидејќи станува збор за животи, треба да се трудиме да го негуваме секој интерес што ќе го најдеме.
3. Што треба да направиме откако сме разговарале со некого во службата?
3 Додека разговорот со некое заинтересирано лице сѐ уште ти е свеж во главата, одвој си малку време за да го запишеш неговото име и неговата адреса. Запиши ја темата за која сте дискутирале, стиховите што си ги прочитал и каква литература си оставил. Потоа, постави си цел да се вратиш колку што е можно поскоро.
4. Како можеме да правиме делотворни повторни посети?
4 Како да се прави повторна посета: Кога правиш повторна посета, од корист е ако бидеш срдечен и пријателски настроен и ако покажуваш искрен личен интерес за станарот. Дискусијата нека биде едноставна и нека се темели на Библијата. Подготви интересна библиска тема за која ќе дискутираш и на крајот од посетата постави прашање што може да биде одговорено на следната посета. Најдобро е да избегнуваш непотребно да се расправаш за небиблиски гледишта што станарот можеби ќе ги каже. Стреми се да градиш на работи што ви се заеднички (Кол. 4:6).
5. Каков напор вложил еден пионер, и со какви резултати?
5 За да се прават повторни посети потребен е напор, но наградите се задоволувачки. Еден пионер од Јапонија си поставил цел да прави повеќе повторни посети секој месец. Почнал да води белешки за сите што ги среќавал во делото од куќа до куќа, и во рок од седум дена повторно ги посетувал. Темелно се подготвувал за она што ќе го каже и ја извршувал својата служба целосно уверен во пораката што ја носел. На една од посетите можел да започне студија со едно лице кое рекло: „Секогаш ве одбивав. Сега за првпат ве слушам“. Љубезната истрајност на овој пионер донела резултати. На крајот на месецот известил десет библиски студии.
6. Зошто мораме да истраеме во правењето повторни посети?
6 Околностите на луѓето постојано се менуваат (1. Кор. 7:31). Честопати се потребни повеќе обиди за повторно да најдеме дома некое заинтересирано лице. Со тоа што совесно правиме повторни посети, можеме да им помогнеме на оние што се исправно наклонети да тргнат по патот кон вечен живот (Мат. 7:13, 14).