Распоред за Теократска школа за служба за 2005
Упатства
Во текот на 2005 ќе важат следниве подготовки за водење на Теократската школа за служба:
УЧЕБНИЦИ: Библија, Стражарска кула [w], „Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба“ [be], „Све је Писмо од Бога надахнуто и корисно“ [si] и Расправљање на темељу Писма [rs].
Школата треба да започне НАВРЕМЕ со песна, молитва и кратки изрази на добредојде и да продолжи на следниов начин:
ГОВОРНА ОСОБИНА: 5 минути. Надгледникот на школата, помошниот советник или друг квалификуван старешина ќе дискутира за говорна особина што се темели на прирачникот Школа за служба. (Во собранијата со ограничен број старешини, може да се употреби квалификуван слуга помошник.) Доколку не е наведено поинаку, во дискусијата треба да бидат вклучени рамките што се наоѓаат на доделените страници. Вежбите треба да се испуштат. Тие се првенствено за лична употреба и за приватен совет.
ЗАДАЧА БР. 1: 10 минути. Треба да ја одржи старешина или слуга помошник, а ќе се темели на Стражарска кула, „Извлечи корист од образованието во Теократската школа“ или „Све је Писмо од Бога надахнуто и корисно“. Треба да се изнесе како 10-минутен поучен говор без усно повторување. Целта не треба да биде само да се обработи материјалот туку да се сосредоточи вниманието на практичната вредност на информациите за кои се дискутира, истакнувајќи го она што ќе биде од најголема корист за собранието. Треба да се користи наведената тема. Се очекува браќата на кои им е доделен овој говор да внимаваат да се држат во рамките на определеното време. Ако е потребно, може да им се даде совет приватно.
ВРВНИ ТОЧКИ ОД ЧИТАЊЕТО НА БИБЛИЈАТА: 10 минути. Првите шест минути еден квалификуван старешина или слуга помошник треба да го примени материјалот на локалните потреби. Може да коментира за кој и да било дел што е доделен за читање на Библијата за таа седмица. Ова не треба да биде само резиме на доделеното читање. Главната цел е да им се помогне на присутните да сфатат зошто и како информациите им користат ним. Говорникот треба да внимава да не ги пречекори доделените шест минути за уводниот дел. Треба да се погрижи да има четири минути за учество на присутните. Присутните ќе бидат замолени да дадат кратки коментари (30 секунди или помалку) за она што им било интересно од читањето на Библијата и за користите од тоа. Надгледникот на школата потоа ќе ги распореди учениците во различни простории.
ЗАДАЧА БР. 2: 4 минути. Ова е читање што ќе го одржи еден брат. Читањето главно ќе биде од Библијата. Еднаш месечно оваа задача ќе опфаќа материјал од Стражарска кула. Ученикот треба да го прочита доделениот материјал без да даде увод или заклучок. Обемот на материјалот за читање малку ќе се разликува од седмица до седмица, но треба да трае четири минути или помалку. Надгледникот на школата треба да го прегледа материјалот пред да ги додели задачите, ускладувајќи ги според возраста и способноста на учениците. Надгледникот на школата особено ќе биде заинтересиран да им помогне на учениците да читаат со разбирање, течно, со исправно смисловно нагласување, модулација, соодветно правење паузи и со природност.
ЗАДАЧА БР. 3: 5 минути. Ќе биде доделена на сестра. Ученичките што ќе ја добијат оваа задача или сами ќе си изберат или ќе им биде доделена рамка од списокот што се наоѓа на 82. страница од прирачникот за Школата за служба. Ученичката треба да ја искористи доделената тема и да ја примени на некој аспект од службата на теренот што е реалистичен и практичен за подрачјето на локалното собрание. Кога не се наведени референции како извор на материјалот, ученичката ќе треба да најде материјал за оваа точка така што ќе истражува во публикациите обезбедени од класата на верниот и разборит роб. На поновите ученички треба да им бидат доделени говори за кои се дадени референции. Надгледникот на школата ќе биде особено заинтересиран за начинот на кој ученичката ја обработува доделената тема и му помага на станарот да резонира за библиските стихови и да ги разбере клучните точки на презентацијата. Ученичките на кои им е доделена оваа точка треба да знаат да читаат. Надгледникот на школата ќе одреди еден соговорник.
ЗАДАЧА БР. 4: 5 минути. Ученикот треба да ја обработи доделената тема. Кога не се наведени референции како извор на материјалот, ученикот ќе треба да најде материјал за оваа точка така што ќе истражува во публикациите обезбедени од класата на верниот и разборит роб. Кога се доделува на брат, оваа задача може да се изнесе како говор, имајќи ги на ум присутните во Салата на Царството. Кога се доделува на сестра, секогаш треба да се изнесе онака како што е изложено во задача бр. 3. Надгледникот на школата може да ја додели задача бр. 4 на брат кога смета дека тоа одговара. Те молиме, забележи дека темите со ѕвездичка секогаш треба да се доделат на браќа што ќе ги изнесат како говори.
РАСПОРЕД НА ВРЕМЕ: Ниеден говор, ниту забелешките на советникот, не треба да го пречекори времето. Задачите од бр. 2 до бр. 4 треба тактично да се прекинат кога ќе истече времето. Ако браќата што го изнесуваат уводниот говор за говорна особина, задача бр. 1 или врвните точки од читањето на Библијата го пречекорат времето, треба да им се даде совет приватно. Сите треба внимателно да пазат на својот распоред на времето. Целокупна програма: 45 минути, без песна и молитва.
СОВЕТ: 1 минута. Надгледникот на школата нема да потроши повеќе од една минута по презентацијата на секој ученик за да даде некои позитивни примедби за некој аспект на говорот што бил за пофалба. Неговата цел не е само да рече ‚одлично‘, туку, напротив, да го сврти вниманието на конкретни причини зошто тој аспект на презентацијата бил делотворен. Според потребите на секој ученик, дополнителен изградувачки совет може да биде даден приватно по состанокот или во некое друго време.
ПОМОШЕН СОВЕТНИК: Старешинското тело може да избере способен старешина, ако има некој на располагање освен надгледникот на школата, кој ќе има задача како помошен советник. Ако има повеќе старешини во собранието, тогаш секоја година друг квалификуван старешина може да ја има оваа задача. Неговата одговорност ќе биде да им даде совет приватно, ако е потребно, на браќата што ги презентираат задача бр. 1 и врвните точки од Библијата. Не е неопходно да даде совет по секој таков говор на другите старешини или слуги помошници. Оваа подготовка ќе важи во текот на 2005, а подоцна можеби ќе има преиначувања.
ЛИВЧЕ ЗА СОВЕТИ: Во прирачникот.
УСНО ПОВТОРУВАЊЕ: 30 минути. Секои два месеца, надгледникот на школата ќе води усно повторување. Пред тоа ќе се разгледува говорна особина и врвни точки од читањето на Библијата како што е изложено погоре. Усното повторување ќе се темели на материјалот што се разгледувал во школата во текот на претходните два месеца, вклучувајќи ја и тековната седмица. Ако вашето собрание има покраински собир или посета од покраинскиот надгледник во седмицата кога е усното повторување, тогаш следете ги упатствата во врска со распоредот на состаноците кои се дадени во Наша служба за Царството од декември 2003, 6. страница.
РАСПОРЕД
3 јан. Читање на Библијата: Исус Навин 16—20 Песна 6
Говорна особина: Разбирливо за другите (be стр.226 пас. 1 до стр. 227 пас. 1)
Бр. 1: Бој се од Бога (be стр. 272 пас. 1 до стр. 273 пас. 1)
Бр. 2: Исус Навин 16:1—17:4
Бр. 3: Зошто не е доволно само да се чита Библијата (rs стр. 331 пас. 5 до стр. 332 пас. 1)
Бр. 4: Дали да се биде богат или сиромав е знак за вистинска побожност денес?
10 јан. Читање на Библијата: Исус Навин 21—24 Песна 100
Говорна особина: Да се објаснат непознатите термини (be стр. 227 пас. 2 до стр. 228 пас. 1)
Бр. 1: Да се објавува Божјето име (be стр. 273 пас. 2 до стр. 274 пас. 1)
Бр. 2: Исус Навин 23:1—13
Бр. 3: Вистинската религија се темели на Библијата и го објавува Божјето име (rs стр. 332 пас. 2, 3)
Бр. 4: Дали е исправно да се обожава Исус?
17 јан. Читање на Библијата: Судии 1—4 Песна 97
Говорна особина: Да се даде потребното објаснување (be стр. 228 пас. 2, 3)
Бр. 1: Личноста што ја идентификува името (be стр. 274 пас. 2—5)
Бр. 2: Судии 2:1—10
Бр. 3: Вистинската религија покажува права вера во Исус Христос (rs стр. 332 пас. 4)
Бр. 4: Како можеш да се заштитиш од штетни музички спотови?
24 јан. Читање на Библијата: Судии 5—7 Песна 47
Говорна особина: Како е вклучено срцето (be стр. 228 пас. 4—6)
Бр. 1: Божјето име — „цврста кула“ (be стр. 274 пас. 6 до стр. 275 до поднасловот)
Бр. 2: Судии 6:25—35
Бр. 3: Како треба Библијата да влијае врз нашата слобода на избор?
Бр. 4: Вистинската религија не е само формалност туку таа е начин на живот (rs стр. 333 пас. 1)
31 јан. Читање на Библијата: Судии 8—10 Песна 174
Говорна особина: Информативно за публиката (be стр. 230 пас. 1—6)
Бр. 1: „Сведочење за Исус“ (be стр. 275 од поднасловот до пас. 4)
Бр. 2: w 15.1.03 стр. 19, 20 пас. 16—18
Бр. 3: Меѓу членовите на вистинската религија владее љубов и одвоени се од светот (rs стр. 333 пас. 2, 3)
Бр. 4: Материјализмот е повеќе отколку само да се стекне имот
7 фев. Читање на Библијата: Судии 11—14 Песна 209
Говорна особина: Да се направи говорот информативен преку истражување (be стр. 231 пас. 1—3)
Бр. 1: Да се нагласи улогата на Исус како откупител (be стр. 276 пас. 1, 2)
Бр. 2: Судии 12:1—15
Бр. 3: Зошто Јеховините сведоци се обединети
Бр. 4: Членовите на вистинската религија активно сведочат за Божјето Царство (rs стр. 333 пас. 4)
14 фев. Читање на Библијата: Судии 15—18 Песна 105
Говорна особина: Да се објаснат стиховите (be стр. 231 пас. 4, 5)
Бр. 1: Да се нагласи улогата на Исус како Првосвештеник и Глава на собранието (be стр. 277 пас. 1, 2)
Бр. 2: Судии 15:9—20
Бр. 3: Ако некој рече: ‚Сѐ додека веруваме во Исус, не е ни важно на која религија припаѓаме‘ (rs стр. 335 пас. 4)
Бр. 4: Зошто хипнозата не е за христијаните
21 фев. Читање на Библијата: Судии 19—21 Песна 53
Говорна особина: Да се објасни значењето на термините (be стр. 232 пас. 1)
Бр. 1: Да се нагласи улогата на Исус како владејачки цар (be стр. 277 пас. 3-4)
Бр. 2: w 1.2.03 стр. 17, 18 пас. 18—21
Бр. 3: aАко некој рече: ‚Зошто мислите дека постои само една вистинска религија?‘ (rs стр. 336 пас. 1)
Бр. 4: Кои се некои од „длабоките работи Божји? (1. Кор. 2:10).
28 фев. Читање на Библијата: Рута 1—4 Песна 120
Говорна особина: Да се резонира за стиховите (be стр. 232 пас. 2—4)
Усно повторување
7 март Читање на Библијата: 1. Самоил 1—4 Песна 221
Говорна особина: Да се изберат информации што ќе ѝ користат на твојата публика (be стр. 233 пас. 1—5)
Бр. 1: Да се положи Христос како темел (be стр. 278 пас. 1—4)
Бр. 2: 1. Самоил 2:1—11
Бр. 3: Исус не отишол на небо во физичко тело (rs стр. 421 пас. 3 до стр. 422 пас. 1)
Бр. 4: Зошто вистинските христијани не се советуваат со хороскопи
14 март Читање на Библијата: 1. Самоил 5—9 Песна 151
Говорна особина: Користење на доделениот материјал (be стр. 234 пас. 1 до стр. 235 пас. 3)
Бр. 1: Оваа добра вест за Царството (be стр. 279 пас. 1—4)
Бр. 2: 1. Самоил 5:1—12
Бр. 3: Зошто Исус се појавувал во материјализирани тела (rs стр. 422 пас. 2 до стр. 423 пас. 1)
Бр. 4: Како можеме да го зајакнеме нашето пријателство со Јехова
21 март Читање на Библијата: 1. Самоил 10—13 Песна 166
Говорна особина: Делотворно користење прашања (be стр. 236 пас. 1—5)
Бр. 1: Да се објасни што е Царството (be стр. 280 пас. 1—5)
Бр. 2: 1. Самоил 10:1—12
Бр. 3: Како треба христијаните да се однесуваат со нивните сакани што не ја делат нивната вера?
Бр. 4: Оние што се воскреснати да владеат со Христос ќе бидат како него (rs стр. 423 пас. 3—7)
28 март Читање на Библијата: 1. Самоил 14—15 Песна 172
Говорна особина: Прашања за да се воведат важни мисли (be стр. 237 пас. 1, 2)
Бр. 1: Да се објасни каков ефект има Царството врз нас (be стр. 281 пас. 1—4)
Бр. 2: w 15.3.03 стр. 19, 20 пас. 17—21
Бр. 3: Зошто христијаните плаќаат даноци
Бр. 4: Што ќе значи воскресението за човештвото воопшто (rs стр. 424 до пас. 1 стр. 425 пас. 1)
4 апр. Читање на Библијата: 1. Самоил 16—18 Песна 27
Говорна особина: Прашања за да резонираш на некоја тема (be стр. 237 пас. 3 до стр. 238 пас. 3)
Бр. 1: Зошто образованието е важно за христијаните (w 15.3.03 стр. 10 пас. 1 до стр. 11 пас. 5)
Бр. 2: 1. Самоил 17:41—51
Бр. 3: Зошто воскреснатите нема да бидат осудени поради нивните претходни дела (rs стр. 425 пас. 2)
Бр. 4: Тоа што ќе медитираме за последиците може да ни помогне да го сакаме она што е добро и да го мразиме она што е лошо
11 апр. Читање на Библијата: 1. Самоил 19—22 Песна 73
Говорна особина: Прашања за да се извлечат внатрешните чувства (be стр. 238 пас. 4—6)
Бр. 1: Како можат младите да напредуваат духовно (w 1.4.03 стр. 8—10)
Бр. 2: 1. Самоил 20:24—34
Бр. 3: Зошто искрената скромност е привлечна особина
Бр. 4: На кој начин „останатите мртви“ се враќаат во живот на земјата (rs стр. 425 пас. 4 до стр. 426 пас. 3)
18 апр. Читање на Библијата: 1. Самоил 23—25 Песна 61
Говорна особина: Прашања за да нагласиш (be стр. 239 пас. 1, 2)
Бр. 1: Имај доверба во Јехова со сето свое срце (w 1.11.03 стр. 4—7)
Бр. 2: w 1.5.03 стр. 17 пас. 11—14
Бр. 3: Оние што се вклучени во воскресението на Земјата (rs стр. 426 пас. 4 до стр. 427 пас. 3)
Бр. 4: Зошто бил склучен авраамскиот сојуз?
25 апр. Читање на Библијата: 1. Самоил 26—31 Песна 217
Говорна особина: Прашања за да разоткриеш погрешно размислување (be стр. 239 пас. 3—5)
Усно повторување
2 мај Читање на Библијата: 2. Самоил 1—3 Песна 91
Говорна особина: Компарации и метафори што поучуваат (be стр. 240 пас. 1 до стр. 241 пас. 1)
Бр. 1: Образованието не е само за вработување (w 15.3.03 стр. 11 пас. 6 до стр. 14 пас. 6)
Бр. 2: 2. Самоил 2:1—11
Бр. 3: Настаните поврзани со Христовата присутност настапуваат во период на низа години (rs стр. 432 пас. 1, 2)
Бр. 4: Бројните користи од тоа да се биде чесен
9 мај Читање на Библијата: 2. Самоил 4—8 Песна 183
Говорна особина: Да се користат примери (be стр. 241 пас. 2—4)
Бр. 1: Јехова вистински е заинтересиран за младите (w 15.4.03 стр. 29 пас. 3 до стр. 31 пас. 4)
Бр. 2: 2. Самоил 5:1—12
Бр. 3: Што постигнал сојузот на Законот?
Бр. 4: Христовото враќање е невидливо (rs стр. 432 пас. 3 до стр. 433 пас. 2)
16 мај Читање на Библијата: 2. Самоил 9—12 Песна 66
Говорна особина: Примери од Писмото (be стр. 242 пас. 1, 2)
Бр. 1: Дали Јехова забележува што правиш ти? (w 1.5.03 стр. 28—31)
Бр. 2: 2. Самоил 9:1—13
Бр. 3: Начинот на Исусовото враќање и како ќе го види секое око (rs стр. 433 пас. 4 до стр. 434 пас. 4)
Бр. 4: Во која смисла речта Божја е жива? (Евр. 4:12).
23 мај Читање на Библијата: 2. Самоил 13—15 Песна 103
Говорна особина: Дали ќе се разбере? (be стр. 242 пас. 3 до стр. 243 пас. 1)
Бр. 1: Бродскиот дневник на Ное — има ли значење за нас? (w 15.5.03 стр. 4—7)
Бр. 2: 2. Самоил 13:10—22
Бр. 3: Како треба да го сфатиме Јован 11:25, 26?
Бр. 4: Настани поврзани со Христовата присутност (rs стр. 435 пас. 1—5)
30 мај Читање на Библијата: 2. Самоил 16—18 Песна 132
Говорна особина: Илустрации од познати ситуации (be стр. 244 пас. 1, 2)
Бр. 1: Размислувај трезвено, постапувај мудро (w 15.7.03 стр. 21—23)
Бр. 2: w 15.5.03 стр. 16, 17 пас. 8—11
Бр. 3: Од христијаните не се бара да го држат сабатот (rs стр. 339 пас. 2 до стр. 340 пас. 3)
Бр. 4: Зошто понизноста не е слабост
6 јуни Читање на Библијата: 2. Самоил 19—21 Песна 224
Говорна особина: Илустрации што одговараат на твојата публика (be стр. 244 пас. 3 до стр. 245 пас. 4)
Бр. 1: Да се сфати целта на дисциплината (w 1.10.03 стр. 20 пас. 1 до стр. 21 пас. 5)
Бр. 2: 2. Самоил 19:1—10
Бр. 3: Како може еден христијанин да влезе во Божјата починка?
Бр. 4: Нема библиски запис дека Адам го држел Сабатниот ден (rs стр. 340 пас. 4 до стр. 341 пас. 2)
13 јуни Читање на Библијата: 2. Самоил 22—24 Песна 74
Говорна особина: Делотворно користење визуелни помагала (be стр. 247 пас. 1, 2)
Бр. 1: Биди поучлив и чувај си го јазикот (w 15.9.03 стр. 21 пас. 1 до стр. 22 пас. 3)
Бр. 2: 2. Самоил 24:10—17
Бр. 3: Исус не го поделил Мојсеевиот закон на „церемонијален“ и „морален“ дел (rs стр. 341 пас. 3 до стр. 342 пас. 1)
Бр. 4: Во која смисла еден христијанин треба да биде одвоен од светот?
20 јуни Читање на Библијата: 1. Цареви 1, 2 Песна 2
Говорна особина: Како Исус користел визуелни помагала (be стр. 247 пас. 3)
Бр. 1: Научи ја тајната да бидеш задоволен со она што го имаш (w 1.6.03 стр. 8—11)
Бр. 2: w 1.6.03 стр. 12, 13 пас. 1—4
Бр. 3: Што било особено значајно во врска со десеттата заповед?
Бр. 4: Десетте заповеди престанале заедно со Мојсеевиот закон (rs стр. 342 пас. 2, 3)
27 јуни Читање на Библијата: 1. Цареви 3—6 Песна 167
Говорна особина: Начини на користење визуелни помагала (be стр. 248 пас. 1—3)
Усно повторување
4 јули Читање на Библијата: 1. Цареви 7, 8 Песна 194
Говорна особина: Користење карти, печатени програми од собирите и видеокасети (be стр. 248 пас. 4 до стр. 249 пас. 2)
Бр. 1: Цени ги постарите соверници (w 1.9.03 стр. 30, 31)
Бр. 2: 1. Цареви 8:1—13
Бр. 3: Како Исус го победил светот?
Бр. 4: Зошто моралните ограничувања не биле отстранети кога престанале да важат десетте заповеди (rs стр. 343 пас. 1, 2)
11 јули Читање на Библијата: 1. Цареви 9—11 Песна 191
Говорна особина: Користење визуелни помагала за поголеми групи (be стр. 249 пас. 3 до стр. 250 пас. 1)
Бр. 1: Докази дека Исус Христос живеел на земјата (w 15.6.03 стр. 4—7)
Бр. 2: 1. Цареви 9:1—9
Бр. 3: Какво значење има Сабатот за христијаните (rs стр. 343 пас. 3 до стр. 345 пас. 1)
Бр. 4: Зависноста од дрога може да се совлада ако се следат библиските начела
18 јули Читање на Библијата: 1. Цареви 12—14 Песна 162
Говорна особина: Зошто е важен стилот на резонирање (be стр. 251 пас. 1—3)
Бр. 1: Од мисли до постапки, па до последици (w 15.1.03 стр. 30 пас. 1—3)
Бр. 2: 1. Цареви 12:1—11
Бр. 3: Како може верата да помогне да излеземе на крај со испитите
Бр. 4: На кого Библијата се осврнува како на светци (rs стр. 355 пас. 1—3)
25 јули Читање на Библијата: 1. Цареви 15—17 Песна 158
Говорна особина: Каде да почнеш (be стр. 251 пас. 4 до стр. 252 пас. 3)
Бр. 1: Како да ‚согледаме која е Јеховината волја‘ (w 1.12.03 стр. 21 пас. 2 до стр. 23 пас. 3)
Бр. 2: w 15.7.03 стр. 19 пас. 15—17
Бр. 3: Зошто не се молиме на „светци“ (rs стр. 356 пас. 1—3)
Бр. 4: На кој начин светиот дух ги утешува христијаните?
1 авг. Читање на Библијата: 1. Цареви 18—20 Песна 207
Говорна особина: Кога да попуштиш (be стр. 252 пас. 4 до стр. 253 пас. 2)
Бр. 1: Млади, одете достојно на Јехова (w 15.10.03 стр. 23 пас. 1 до стр. 24 пас. 1)
Бр. 2: 1. Цареви 18:1—15
Бр. 3: Сите христијани можат да донесуваат многу плод
Бр. 4: Вистината во врска со обожавањето на реликвии и ликови на „светци“ (rs стр. 357 пас. 1 до стр. 358 пас. 1)
8 авг. Читање на Библијата: 1. Цареви 21, 22 Песна 92
Говорна особина: Поставување прашања и наведување причини (be стр. 253 пас. 3 до стр. 254 пас. 2)
Бр. 1: Трајно решение за сиромаштијата (w 1.8.03 стр. 4—7)
Бр. 2: 1. Цареви 21:15—26
Бр. 3: Вистинските христијански светци не се ослободени од гревот (rs стр. 358 пас. 2)
Бр. 4: Зошто мораме да имаме храброст, и како можеме да ја негуваме?
15 авг. Читање на Библијата: 2. Цареви 1—4 Песна 16
Говорна особина: Цврсти аргументи цврсто темелени на Божјата реч (be стр. 255 пас. 1 до стр. 256 пас. 2)
Бр. 1: Бесплатно добивте, бесплатно давајте (w 1.8.03 стр. 20—22)
Бр. 2: 2. Цареви 3:1—12
Бр. 3: Зошто пред Потопот луѓето живееле толку долго?
Бр. 4: Сеопштото спасение не се темели на Писмото (rs стр. 368 пас. 1)
22 авг. Читање на Библијата: 2. Цареви 5—8 Песна 193
Говорна особина: Поддржи ги аргументите со дополнителни докази (be стр. 256 пас. 3—5)
Бр. 1: Да се научи уметноста на тактичноста (w 1.8.03 стр. 29—31)
Бр. 2: w 1.8.03 стр. 19 пас. 18—22
Бр. 3: Дали на крајот сите луѓе ќе бидат спасени? (rs стр. 368 пас. 2)
Бр. 4: Кои добри особини на Јона треба да ги имитираме?
29 авг. Читање на Библијата: 2. Цареви 9—11 Песна 129
Говорна особина: Да се изнесат доволно докази (be стр. 257 пас. 1—4)
Усно повторување
5 сеп. Читање на Библијата: 2. Цареви 12—15 Песна 175
Говорна особина: Напор да се достигне срцето (be стр. 258 пас. 1 до стр. 259 пас. 1)
Бр. 1: Дали сесрдно го бараш Јехова? (w 15.8.03 стр. 25—28)
Бр. 2: 2. Цареви 12:1—12
Бр. 3: Зошто да се стремиме кон благост?
Бр. 4: Ќе бидат спасени „сите видови луѓе“ (rs стр. 368 пас. 3)
12 сеп. Читање на Библијата: 2. Цареви 16—18 Песна 203
Говорна особина: Извлечи го од луѓето она што им е на срце (be стр. 259 пас. 2—4)
Бр. 1: По што го запаметиле луѓето Исус? (w 15.8.03 стр. 6 пас. 5 до стр. 8 пас. 6)
Бр. 2: 2. Цареви 16:10—20
Бр. 3: Библијата вели дека некои никогаш нема да бидат спасени (rs стр. 369 пас. 1—3)
Бр. 4: Како можеме да се увериме што е прифатливо за Господ?
19 сеп. Читање на Библијата: 2. Цареви 19—22 Песна 89
Говорна особина: Подбудувај корисни чувства (be стр. 259 пас. 5 до стр. 260 пас. 1)
Бр. 1: „Држи се и понатаму за образецот на здрави зборови“ (w 1.1.03 стр. 29 пас. 3 до стр. 30 пас. 4)
Бр. 2: 2. Цареви 19:20—28
Бр. 3: Еднаш спасен не значи засекогаш спасен (rs стр. 369 пас. 4 до стр. 370 пас. 1)
Бр. 4: Што можеме да научиме за нашите христијански браќа во древната Смирна?
26 сеп. Читање на Библијата: 2. Цареви 23—25 Песна 84
Говорна особина: Помогни им на другите да негуваат побожен страв (be стр. 260 пас. 2, 3)
Бр. 1: Библијата и нејзиниот канон — дел 1 (si стр. 299 пас. 1—6)
Бр. 2: w 15.8.03 стр. 20 пас. 6—10
Бр. 3: Оптимисти сме во врска со иднината
Бр. 4: Зошто верата мора да има дела (rs стр. 370 пас. 2 до стр. 371 пас. 1)
3 окт. Читање на Библијата: 1. Летописи 1—4 Песна 51
Говорна особина: Нашето однесување му е важно на Бог (be стр. 260 пас. 4 до стр. 261 пас. 1)
Бр. 1: Библијата и нејзиниот канон — дел 2 (si стр. 300—302 пас. 7—16)
Бр. 2: 1. Летописи 4:24—43
Бр. 3: Од каде знаеме дека навистина има Ѓавол (rs стр. 346 пас. 1 до стр. 347 пас. 1)
Бр. 4: Јехова нѐ сака како поединци
10 окт. Читање на Библијата: 1. Летописи 5—7 Песна 195
Говорна особина: Помогни им на другите да направат самоиспитување (be стр. 261 пас. 2—4)
Бр. 1: Библијата и нејзиниот канон — дел 3 (si стр. 302—305 пас. 17—26)
Бр. 2: 1. Летописи 5:18—26
Бр. 3: Што знаеме за „Јеховиниот ден“
Бр. 4: Сатана не е само злото во луѓето (rs стр. 347 пас. 2—4)
17 окт. Читање на Библијата: 1. Летописи 8—11 Песна 201
Говорна особина: Поттикнувај на послушност од сѐ срце (be стр. 262 пас. 1—4)
Бр. 1: Хебрејскиот текст на Светото писмо — дел 1 (si стр. 305, 306 пас. 1—5)
Бр. 2: 1. Летописи 10:1—14
Бр. 3: Бог не го создал Ѓаволот (rs стр. 348 пас. 1)
Бр. 4: Со кого треба да сме тактични?
24 окт. Читање на Библијата: 1. Летописи 12—15 Песна 80
Говорна особина: Да соработуваме со Јехова за да ги достигнеме срцата на луѓето (be стр. 262 пас. 5)
Бр. 1: Хебрејскиот текст на Светото писмо — дел 2 (si стр. 306, 307 пас. 6—9)
Бр. 2: w 1.11.03 стр. 10, 11 пас. 10—13
Бр. 3: Што навистина значи да се оди во Јеховино име
Бр. 4: Зошто Бог не го уништил Сатана веднаш откако се побунил (rs стр. 348 пас. 2 до стр. 349 пас. 1)
31 окт. Читање на Библијата: 1. Летописи 16—20 Песна 129
Говорна особина: Да се постигне исправно времетраење (be стр. 263 пас. 1 до стр. 264 пас. 4)
Усно повторување
7 ное. Читање на Библијата: 1. Летописи 21—25 Песна 215
Говорна особина: Делотворно поттикнување (be стр. 265 пас. 1 до стр. 266 пас. 1)
Бр. 1: Хебрејскиот текст на Светото писмо — дел 3 (si стр. 307—310 пас. 10—16)
Бр. 2: 1. Летописи 22:1—10
Бр. 3: Не ја потценувај моќта на Ѓаволот (rs стр. 349 пас. 2 до стр. 350 пас. 2)
Бр. 4: bКако може бракот да биде зајакнат
14 ное. Читање на Библијата: 1. Летописи 26—29 Песна 35
Говорна особина: Поттикнување на темел на љубовта (be стр. 266 пас. 2—5
Бр. 1: Хебрејскиот текст на Светото писмо — дел 4 (si стр. 310—312 пас. 17—25)
Бр. 2: 1. Летописи 29:1—9
Бр. 3: Зошто Јеховините слуги се прогонувани
Бр. 4: Близу е ослободувањето од злобното влијание на Сатана (rs стр. 350 пас. 4 до стр. 351 пас. 3)
21 ное. Читање на Библијата: 2. Летописи 1—5 Песна 46
Говорна особина: Поттикнување што потекнува од Библијата (be стр. 267 пас. 1, 2)
Бр. 1: Хебрејскиот текст на Светото писмо — дел 5 (si стр. 312—314 пас. 26—31)
Бр. 2: 2. Летописи 2:1—10
Бр. 3: Сфати ја целта на дисциплината
Бр. 4: cДали сите сексуални односи се грев? (rs стр. 289 пас. 2 до стр. 290 пас. 3)
28 ное. Читање на Библијата: 2. Летописи 6—9 Песна 106
Говорна особина: Да се има „слобода на говорот“ (be стр. 267 пас. 3, 4)
Бр. 1: Христијанскиот грчки текст на Светото писмо — дел 1 (si стр. 315, 316 пас. 1—7)
Бр. 2: w 1.12.03 стр. 15, 16 пас. 3—6
Бр. 3: Како покажуваме дека наоѓаме голема радост во Јехова
Бр. 4: dШто вели Библијата за хомосексуалноста (rs стр. 290 пас. 5 до стр. 291 пас. 2)
5 дек. Читање на Библијата: 2. Летописи 10—14 Песна 116
Говорна особина: Зошто е важно да охрабруваме (be стр. 268 пас. 1—3)
Бр. 1: Христијанскиот грчки текст на Светото писмо — дел 2 (si стр. 316, 317 пас. 8—16)
Бр. 2: 2. Летописи 12:1—12
Бр. 3: Зошто ни е потребна Божјата незаслужена љубезност
Бр. 4: Промени што мора да се направат за да му угодиме на Бог (rs стр. 291 пас. 3 до стр. 292 пас. 1)
12 дек. Читање на Библијата: 2. Летописи 15—19 Песна 182
Говорна особина: Потсети што сторил Јехова (be стр. 268 пас. 4 до стр. 269 пас. 2)
Бр. 1: Христијанскиот грчки текст на Светото писмо — дел 3 (si стр. 317—319 пас. 17—25)
Бр. 2: 2. Летописи 19:1—11
Бр. 3: Зошто еден совршен човек можел да згреши (rs стр. 82 пас. 2 до стр. 83 пас. 2)
Бр. 4: Што можеме да научиме од семејството на Исус
19 дек. Читање на Библијата: 2. Летописи 20—24 Песна 186
Говорна особина: Покажи како Јехова му помогнал на својот народ (be стр. 269 пас. 3—5)
Бр. 1: Христијанскиот грчки текст на Светото писмо — дел 4 (si стр. 319, 320 пас. 26—32)
Бр. 2: w 15.12.03 стр. 16, 17 пас. 13—15
Бр. 3: Користи од тоа што ќе ја научиме тајната да бидеме задоволни со она што го имаме
Бр. 4: Зошто го сфаќаме гревот како она што навистина е (rs стр. 84 пас. 1 до стр. 85 пас. 2)
26 дек. Читање на Библијата: 2. Летописи 25—28 Песна 137
Говорна особина: Покажи восхит од она што Бог го прави сега (be стр. 270 пас. 1 до стр. 271 пас. 2)
Усно повторување
[Фусноти]
a Ако допушта времето, разгледај ги одговорите за тврдењата, приговорите итн. што најмногу ќе одговараат на потребите на локалното подрачје.
b Се доделува само на браќа.
c Се доделува само на браќа.
d Се доделува само на браќа.