Распоред за состаноците за служба
Седмица што почнува од 13 јуни
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Ако предлогот од 8. страница одговара за вашето подрачје, употреби го за да прикажеш како да се презентира Стражарска кула од 15 јуни во некоја неформална прилика. Може да се користи и друга практична презентација.
15 мин: Помогни им на други да станат некрстени објавители. Говор и дискусија со присутните темелен на книгата Организирани да ја извршуваме нашата служба, страници 97-99. Нека го одржи еден старешина. Дискутирај за тоа како се одредува дали некој што ја проучува Библијата ги исполнува барањата од Писмото за да учествува во службата на теренот заедно со собранието. Следната седмица ќе разгледаме како можеме да ги поучиме да започнат со учество во службата од куќа до куќа, оние што ја проучуваат Библијата, а кои ги исполнуваат условите за некрстен објавител.
20 мин: „Проповедањето ни помага да истраеме.“a Замоли ги присутните да коментираат за наведените стихови, доколку дозволува времето.
Песна 149 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 20 јуни
10 мин: Локални известувања. Разгледај ги главните мисли од Наша служба за Царството, страница 4 од јули 2003. Објасни како можат објавителите да добијат литература на некој странски јазик. Дискутирај за тоа како може тоа да се примени на вашето подрачје. Секоја публикација на странски јазик треба да се нарача преку слугата за литература, дури и ако е тоа само за еден примерок, за да се добие без непотребно одложување.
15 мин: Божјата реч врши силно влијание (Евр. 4:12). Да се одржи говор темелен на Стражарска кула од 15 ноември 2003, страница 11, пасуси 13-17. Раскажи искуства за да покажеш како поуките од Библијата можат да ги поттикнат луѓето да направат промени во нивниот начин на живот (w 1.1.00 стр. 3-5). Поттикни ги сите добро да ја користат Библијата во сите гранки на службата.
20 мин: „Водење напредни библиски студии — дел 10.“b Двајца објавители нека одглумат вежбање на презентација. Додека ученикот ја вежба презентацијата, водителот, кој игра улога на станар, кажува некој вообичаен приговор. Кога ученикот не е сигурен што да каже, објасни како може тоа да се совлада. Освен тоа, однапред договори се со еден или двајца објавители да раскажат за тоа како биле поучени кога започнале да учествуваат во службата од куќа до куќа.
Песна 208 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 27 јуни
10 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од службата за јуни. Прочитај го сметководниот извештај и благодарноста за донациите. Ако предлозите од 8. страница одговараат за вашето подрачје, употреби ги за да прикажеш како да се презентира Стражарска кула од 1 јули или Разбудете се! од 8 јули. Може да се користи и друга практична презентација. По презентацијата, уште еднаш повтори ги воведните зборови кои беа употребени за да се зголеми интересот на станарот.
15 мин: Локални потреби.
20 мин: Понуда на брошури во јули и август. Говор и дискусија со присутните на темел на додатокот. Накратко објасни како да се користи додатокот, истакнувајќи ја рамката на страница 3 заедно со главните мисли од Наша служба за Царството од јануари 2005, страница 8. Дискутирај за предлозите што одговараат на вашето подрачје за да се понудат брошурите на нови места. Нека се прикажат две или три презентации. Во една од нив вклучи еден помлад објавител.
Песна 196 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 4 јули
10 мин: Локални известувања.
15 мин: Дали ти користи семејниот распоред? Повтори ги предлозите од Наша служба за Царството од мај 2005 и замоли ги присутните да раскажат за напорите што ги вложиле да ги применат тие предлози и за користа што ја имале од тоа.
20 мин: „Делотворно сведочење на јавни места“.c Примени го материјалот на вашето подрачје. Потсети ги објавителите да го користат формуларот Те молиме, продолжи понатаму (Ѕ-43) кога тоа ќе одговара. (Види во Наша служба за Царството, стр. 6 од февруари 2005.)
Песна 120 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.