Зачувај
Предлози за презентирање на брошури
Во овој додаток се дадени различни предлози за да ви помогнат да подготвите презентации за понуда на брошури. Тие може да се приспособат спрема локалните околности. Можат да се користат и други презентации. Следниве предлози можат да се користат како пример, за да се подготват презентации и за оние брошури што не се вклучени во овој додаток (Види Наша служба за Царството од јануари 2005, стр. 8).
Секој од предлозите на оваа страница се состои од: 1) едно интересно прашање за да се започне разговор, 2) страница и пасус, каде може во брошурата да се најдат мисли за разговор и 3) соодветен стих кој може да се прочита во текот на разговорот. Другиот дел од презентацијата можеш да го кажеш со свои зборови, според тоа како ќе одговори лицето.
Книга за сите луѓе
„Што мислите, дали Библијата содржи совет што е практичен за нашево време?“ (стр. 22, текстот под насловот; стр. 23, пас. 3 од рамката; Посл. 25:11).
Задоволувачки живот — како да се постигне
„Луѓето низ целиот свет, бараат подобар живот. Што мислите, дали некогаш ќе биде можно да имаме навистина задоволувачки живот?“ (стр. 29, пас. 6; 2. Пет. 3:13).
Дали треба да се верува во Тројство?
„Луѓето имаат различни мислења за тоа каков е Бог. Што мислите, дали е важно во што веруваме?“ (стр. 3, пас. 3, 6-7; Јован 17:3).
Божественото име кое ќе остане засекогаш
„Повеќето од нас ја знаат молитвата која започнува: ‚Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое‘ (Мат. 6:9, ПСП). Но дали сте знаеле дека нашето спасение е поврзано со тоа име?“ (стр. 28, пас. 1; Рим. 10:13).
Што ни се случува кога ќе умреме?
„Кога ќе умрат луѓето што ги сакаме, природно е да се прашуваме каде се и дали ќе ги видиме повторно. Дали сте размислувале за такви прашања?“ (Прашања на последната страница од брошурата; Јов 14:14, 15).
Кога ќе умре некој што го сакаш
„Денес ја презентираме оваа брошура која им дала утеха и надеж на милиони луѓе на кои им умрел некој што го сакаат. Дали некогаш сте се запрашале каква надеж постои за мртвите?“ (стр. 27, пас. 4; Јован 5:28, 29).
„Дали некогаш сте се запрашале како да утешите некого што загубил некој близок поради смрт?“ (стр. 20, пас. 1; Посл. 17:17).