Како да се понуди брошурата
Се грижи ли Бог навистина за нас?
Откако ќе спомнеш некој трагичен настан од вестите, би можел да кажеш:
„Дали некогаш сте се запрашале, зошто Бог дозволува луѓето да страдаат, ако тој навистина се грижи за нас?“ [Почекај да одговори.] Оваа брошура ни дава задоволувачки одговор на ова прашање и ни кажува што ќе направи Бог во блиска иднина. [Покажи ги сликите на 27. страница и прочитај го Псалм 144:16 (ПСП) од пасус 22.] Како ќе го отстрани Бог сето страдање што го доживува човештвото? Би сакал да го разгледаме тоа прашање следниот пат кога ќе ве посетам“. Понуди ја брошурата и договори се да дојдеш повторно.
На повторната посета би можел да кажеш:
„Кога бев минатиот пат, го прочитавме овој стих. [Прочитај го или цитирај го Псалм 145:16 (во брошурата е 144:16 ПСП).] Потоа се договоривме дека ќе го разгледаме следново прашање: ‚Како Бог ќе го отстрани целото страдање што го доживува човештвото?‘“ Замоли го да ја земе својата брошура. Потоа отвори на страниците 27, 28 и разгледајте ги пасусите 23-25. Понуди му да ја проучувате Библијата или договори се да ги разгледате пасусите 26, 27 при следната посета.
Еден млад објавител би можел да каже:
„Многу луѓе на моја возраст се загрижени за тоа како ќе изгледа светот по 10 или 15 години. Што мислите, каков ќе биде животот тогаш? [Почекај да одговори.] Проблемите што ги гледаме денес покажуваат дека живееме во последните денови. [Прочитај 2. Тимотеј 3:1-3.] Оваа брошура ни дава одговори на следниве прашања. [Прочитај ги прашањата од насловната страница и понуди ја брошурата.] Би сакал да наминам уште еднаш и доколку имате неколку минути, би можеле да разгледаме една охрабрувачка мисла за крајот на болестите и староста“. Договори се да дојдеш повторно.
На повторната посета би можел да кажеш:
„Кога зборувавме последниот пат, споменав дека сакам да Ви кажам една мисла за крајот на болестите и староста. Таа мисла се наоѓа тука.“ Замоли го да ја земе својата брошура. Потоа прочитај ги и разговарајте за пасусите 6, 7 на страници 23, 24 од брошурата. Договори се следниот пат да ги разгледате пасусите 8, 9.
Возрасен објавител кој оди во служба со дете, откако ќе се претстави себе си и детето, би можел да каже:
„Ако дозволите, ________ би сакал да ви прочита еден стих. [Детето го чита Псалм 37:29 и кратко го објаснува.] Оваа брошура објаснува како Бог ќе ја исполни својата намера за човештвото и земјата. [Покажи ги сликите на страници 24-27.] Кога ќе дојдам следниот пат, би сакал да ви го покажам прекрасното ветување од Библијата за воскресението.“ Понуди ја брошурата и договори се да дојдеш повторно.
На повторната посета возрасниот може да каже:
„Минатиот пат кога се видовме го прочитавме Псалм 37:29 и спомнав дека сакам да ви покажам што вели Библијата за воскресението. Забележете што пишува тука“. Замоли го да ја земе својата брошура. Потоа разгледајте ги пасусите 12-14 на страници 24, 25 од брошурата. Понуди му да ја проучувате Библијата или договори се да ги разгледате пасусите 15, 16 на следната посета.