Брошури за луѓето од нехристијанските религии
„Гледај! Сѐ ново создавам!“
На некое постаро лице кое е будист, би можел да му кажеш:
„Можеби и вие сте загрижени исто како мене за многуте расипани идеи и влијанието што го имаат врз нашите деца? Зошто е толку раширен неморалот меѓу младите луѓе? [Почекај да одговори.] Дали сте знаеле дека ова било проречено во една книга што била започната со пишување долго пред да бидат основани муслиманската, христијанската и хинду религијата? [Прочитај 2. Тимотеј 3:1-3.] Забележете дека сето ова се случува и покрај тоа што луѓето учат постојано. [Прочитај го 7. стих.] Оваа брошура ми помогна да ја разберам вистината која многу луѓе никогаш не ја дознаваат. Би сакале ли и вие да ја прочитате?“ (km 8/99 стр. 8).
Водството на Бог — нашиот пат до Рајот
Кога зборуваш со некој муслиман, би можел да кажеш:
„Многу ми е мило што имам прилика да разговарам со некој од муслиманска вероисповед. Сум слушнал дека тие веруваат во еден Бог кој е истиот за сите и во сите пророци. Дали е тоа точно? [Почекај да одговори.] Би сакал да поразговарам со Вас за едно древно пророштво кое го претскажува преобразувањето на земјата во Рај. Може ли да Ви прочитам што напишал пророкот? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Исаија 11:6-9.] Ова пророштво ме наведува да помислам на еден цитат од Коранот што се наоѓа во оваа брошура“. Сврти на 9. страница и прочитај го цитатот со масни букви. Ако е покажан интерес, продолжи го разговорот дискутирајќи за пасусите 7-9 на 8. страница (km 11/99 стр. 8).
Ќе постои ли некогаш свет без војни?
Кога му сведочиш на некој Евреин, би можел да кажеш:
„Повеќето од нас го доживеале тажното искуство да умре некој што го сакаат. Што мислите, што се случува со нас кога ќе умреме?“ Почекај да одговори. Потоа покажи ја рамката со наслов „Што се смртта и душата?“ на 22. страница од брошурата. Прочитај го 17. пасус на 23. страница во врска со воскресението. Спомни дека патријархот Јов верувал во воскресение. Понуди ја брошурата и договори се да дојдеш повторно, за да разговарате за стиховите што се наведени на крајот од 17. пасус (km 10/99 стр. 8).