Распоред за Теократска школа за служба за 2006
УПАТСТВА
Во текот на 2006 ќе важат следниве упатства за водење на Теократската школа за служба:
ИЗВОР НА МАТЕРИЈАЛОТ: Библија, Стражарска кула [w], „Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба“ [be], „Све је Писмо од Бога надахнуто и корисно“ [si] и Расправљање на темељу Писма [rs].
Школата треба да започне НАВРЕМЕ со срдечен поздрав, песна и молитва, а потоа да продолжи како што е наведено подолу. По секој дел, надгледникот на школата ќе го најави следниот дел.
МЕТОДИ ВО ГОВОРНИШТВОТО: 5 минути. Надгледникот на школата, помошниот советник или друг способен старешина ќе дискутира за методите во говорништвото што се темелат на учебникот Школа за служба. (Во собранијата со ограничен број старешини, овој говор може да го изнесе и квалификуван слуга помошник.)
ЗАДАЧА БР. 1: 10 минути. Оваа задача треба да ја одржи старешина или слуга помошник. Таа ќе се темели на Стражарска кула, „Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба“ или „Све је Писмо од Бога надахнуто и корисно“. Оваа задача треба да се изнесе како 10-минутен поучен говор без усно повторување. Целта не треба да биде само да се помине материјалот, туку да се сосредоточи вниманието на практичната вредност на информациите за кои се дискутира, така што ќе биде истакнато она што е од најголема корист за собранието. Треба да се користи наведената тема. Се очекува браќата на кои им е доделен овој говор да го одржат во предвиденото време. Ако е потребно, може да им се даде совет насамо.
ИЗБРАНИ СТИХОВИ ОД ЧИТАЊЕТО НА БИБЛИЈАТА: 10 минути. Првите пет минути еден способен старешина или слуга помошник треба да ја објасни практичната примена на материјалот на локалните потреби. Може да коментира за кој и да било дел што е доделен за читање на Библијата за таа седмица. Ова не треба да биде само резиме на доделеното читање. Главната цел е да им се помогне на присутните да сфатат зошто и како информациите им користат ним. Говорникот треба да внимава да не ги пречекори предвидените пет минути, колку што има на располагање за своето излагање, за да им даде можност на присутните во следните пет минути да коментираат за материјалот. Присутните ќе бидат замолени да дадат кратки коментари (30 секунди или помалку) за оние мисли што им биле интересни од читањето на Библијата и за тоа како им користеле. Потоа надгледникот на школата ќе ги замоли учесниците, кои се предвидени за тоа, да одат во помошната просторија.
ЗАДАЧА БР. 2: 4 минути или помалку. Ова е читање што ќе го изнесе еден брат. Учесникот треба да го прочита доделениот материјал без да даде увод или заклучок. Треба да ги прочита натписите доколку чита материјал од Псалмите. Надгледникот на школата особено ќе биде заинтересиран да им помогне на учесниците да читаат со разбирање, течно, со исправно смисловно нагласување, модулација, соодветно правење паузи и природно.
ЗАДАЧА БР. 3: 5 минути. Ќе биде доделена на сестра. Ако рамката не им биде одредена однапред, тогаш учесничките сами ќе си изберат некоја рамка од списокот што се наоѓа на 82. страница во учебникот Школа за служба. Учесничката треба да ја користи доделената тема и на реалистичен и практичен начин да ја примени на некоја ситуација од службата на проповедање која е вообичаена за вашето подрачје. Кога во задачата не е наведен извор на материјалот, учесничката ќе треба да најде материјал за оваа точка така што ќе истражува во нашите публикации. На поновите ученички треба да им бидат доделени задачи за кои се наведени извори на материјалот. Надгледникот на школата ќе обрне особено внимание на тоа како ученичката ја обработува доделената тема и на кој начин му помага на станарот да размислува за библиските стихови и да ги разбере клучните мисли од разговорот. Надгледникот на школата ќе одреди еден соговорник.
ЗАДАЧА БР. 4: 5 минути. Ученикот треба да ја обработи доделената тема. Кога во задачата не е наведен извор на материјалот, ученикот ќе треба сам да најде материјал така што ќе истражува во нашите публикации. Кога се доделува на брат, оваа точка може да ја изнесе како говор, имајќи ги на ум присутните во Салата на Царството. Кога оваа точка се доделува на сестра, секогаш треба да се изнесе на ист начин како задача бр. 3. Надгледникот на школата може да ја додели задача бр. 4 на брат секогаш кога смета дека тоа одговара. Те молиме, имај на ум дека темите со ѕвездичка секогаш треба да се доделат на браќа и да се изнесат како говори.
ВРЕМЕ: Секој говор треба да заврши навреме, а и за советите треба да се потроши онолку време колку што е предвидено. Задачите од бр. 2 до бр. 4 треба тактично да се прекинат кога ќе истече времето. Ако браќата што го изнесуваат уводниот говор за методи во говорништвото, задача бр. 1 или избраните стихови од читањето на Библијата го пречекорат времето, треба насамо да им се даде совет. Сите треба да внимаваат на зададеното време. Состанокот трае 45 минути, без песна и молитва.
СОВЕТ: 1 минута. По задачите бр. 2, бр. 3 и бр. 4 надгледникот на школата може да употреби најмногу една минута за да даде некои позитивни забелешки за некој аспект на говорот кој заслужува пофалба. Неговата цел не е само да рече ‚Беше добро‘, туку треба и да го сврти вниманието на конкретни причини зошто тој аспект на говорот бил добар. По состанокот или во некое друго време, на учесникот може насамо да му биде даден дополнителен изградувачки совет за она на што би требал да работи.
ПОМОШЕН СОВЕТНИК: Ако во собранието освен надгледникот на школата има некој друг способен старешина, тогаш старешинското тело може да го избере како помошен советник. Ако има повеќе такви старешини во собранието, тогаш тие можат секоја година да се менуваат за оваа задача. Задачата на помошниот советник е, кога тоа ќе биде потребно, насамо да им даде совет на браќата што ги изнесуваат задача бр. 1 и избраните стихови од Библијата. Не е потребно по секој таков говор да им даде совет на другите старешини или слуги помошници.
ФОРМУЛАР ЗА СОВЕТИ: Се наоѓа во учебникот.
УСНО ПОВТОРУВАЊЕ: 30 минути. Надгледникот на школата ќе води усно повторување секои два месеца. Пред тоа ќе се разгледува една метода во говорништвото и избрани стихови од читањето на Библијата, како што е изложено погоре. Усното повторување ќе се темели на материјалот што се разгледувал во школата во текот на претходните два месеца, вклучувајќи ја и тековната седмица. Ако вашето собрание има покраински собир, тогаш усното повторување (и остатокот од седмичниот распоред) треба да се одложат за една седмица, а следниот седмичен распоред треба да се користи во седмицата на покраинскиот собир. Ако имате посета од покраинскиот надгледник во седмицата кога е усното повторување, тогаш песната, методите во говорништвото и избраните стихови од Библијата треба да се изнесат според распоредот. Поучниот говор (кој се одржува по методите во говорништвото) треба да биде од наредната седмица. Теократската школа за служба за следната седмица ќе продолжи според распоредот со говорот за методите во говорништвото и избраните стихови од Библијата, по што ќе следи усното повторување.
РАСПОРЕД
2 јан. Читање на Библијата: 2. Летописи 29-32 Песна 91
Методи во говорништвото: Извлечи целосна корист од Теократската школа за служба (be стр. 5 пас. 1 до стр. 8 пас. 1)
Бр. 1: Уживај во Божјата реч (be стр. 9 пас. 1 до стр. 10 пас. 1)
Бр. 2: 2. Летописи 30:1-12
Бр. 3: Зошто вистинските христијани не користат вулгарни зборови
Бр. 4: Влијанието на гревот врз нашиот однос со Бог (rs стр. 85 пас. 3 до стр. 86 пас. 2)
9 јан. Читање на Библијата: 2. Летописи 33-36 Песна 144
Методи во говорништвото: Точно читање (be стр. 83 пас. 1 до стр. 84 пас. 1)
Бр. 1: 2. Летописи — зошто е корисна (si стр. 84 пас. 34-36)
Бр. 2: 2. Летописи 34:1-11
Бр. 3: Што вели Библијата за душата (rs стр. 106 пас. 1 до стр. 107 пас. 2)
Бр. 4: Никогаш немој да се срамиш од тоа што се придржуваш за библиските моралните вредности
16 јан. Читање на Библијата: Езра 1-5 Песна 137
Методи во говорништвото: Како се чита точно (be стр. 84 пас. 2 до стр. 85 пас. 3)
Бр. 1: Вовед во Езра (si стр. 85, 86 пас. 1-7)
Бр. 2: Езра 1:1-11
Бр. 3: Кои користи ги имаме од чистата совест
Бр. 4: Животните се души (rs стр. 107 пас. 3 до стр. 108 пас. 2)
23 јан. Читање на Библијата: Езра 6-10 Песна 106
Методи во говорништвото: Јасно да се кажат зборовите (be стр. 86 пас. 1-6)
Бр. 1: Езра — зошто е корисна (si стр. 87 пас. 14-18)
Бр. 2: Езра 6:1-12
Бр. 3: Ниту душата ниту духот не продолжуваат да живеат при смртта (rs стр. 108 пас. 3 до стр. 110 пас. 4)
Бр. 4: aБожјето гледиште за бракот
30 јан. Читање на Библијата: Неемија 1-4 Песна 161
Методи во говорништвото: Како да зборуваш јасно (be стр. 87 пас. 1 до стр. 88 пас. 3)
Бр. 1: Вовед во Неемија (si стр. 88 пас. 1-5)
Бр. 2: Неемија 2:1-10
Бр. 3: Која сигурност е најважна
Бр. 4: Што е свет дух (rs стр. 98 пас. 2 до стр. 99 пас. 1)
6 фев. Читање на Библијата: Неемија 5-8 Песна 40
Методи во говорништвото: Правилен изговор — фактори што треба да ги земеш предвид (be стр. 89 пас. 1 до стр. 90 пас. 3)
Бр. 1: Читај ја Библијата секојдневно (be стр. 10 пас. 2 до стр. 12 пас. 4)
Бр. 2: Неемија 5:1-13
Бр. 3: Докази дека некое лице има свет дух (rs стр. 99 пас. 2 до стр. 100 пас. 2)
Бр. 4: „Чувај го своето срце“ (Посл. 4:23)
13 фев. Читање на Библијата: Неемија 9-11 Песна 159
Методи во говорништвото: Начини за подобрување на изговорот (be стр. 90 пас. 4 до стр. 92)
Бр. 1: Да се учи на мир наместо на војна (w 1.1.04 стр. 6 пас. 8 до стр. 7 пас. 5)
Бр. 2: Неемија 10:28-37
Бр. 3: Докази дека Јехова нѐ сака
Бр. 4: Нема духовен дел од човекот што ја преживува смртта (rs стр. 100 пас. 6 до стр. 101 пас. 3)
20 фев. Читање на Библијата: Неемија 12, 13 Песна 118
Методи во говорништвото: Течно изнесување (be стр. 93 пас. 1 до стр. 94 пас. 3)
Бр. 1: Неемија — зошто е корисна (si стр. 90, 91 пас. 16-19)
Бр. 2: Неемија 13:1-14
Бр. 3: Зошто е невозможно да се комуницира со мртвите (rs стр. 372 пас. 3 до стр. 373 пас. 4)
Бр. 4: bНасилните видео игри не се за христијаните
27 фев. Читање на Библијата: Естира 1-5 Песна 215
Методи во говорништвото: Како да се подобри течноста на изнесувањето (be стр. 94 пас. 4 до стр. 96 пас. 3, без рамката на стр. 95)
Усно повторување
6 март Читање на Библијата: Естира 6-10 Песна 74
Методи во говорништвото: Да се излезе на крај со пелтечењето (be стр. 95, рамка)
Бр. 1: Вовед во Естира и зошто е корисна (si стр. 91-94 пас. 1-6, 16-18)
Бр. 2: Естира 6:1-10
Бр. 3: Благиот одговор го смирува гневот
Бр. 4: Зошто вистинските христијани ги отфрлаат сите спиритистички постапки (rs стр. 373 пас. 5 до стр. 375 пас. 3)
13 март Читање на Библијата: Јов 1-5 Песна 160
Методи во говорништвото: Пауза за интерпункциски знаци и за промена на мислата (be стр. 97 пас. 1 до стр. 98 пас. 5)
Бр. 1: Вовед во Јов (si стр. 95, 96 пас. 1-6)
Бр. 2: Јов 2:1-13
Бр. 3: Не биди љубопитен за демонските сили (rs стр. 375 пас. 4 до стр. 376 пас. 2)
Бр. 4: Зошто вистинските христијани не треба да мрморат
20 март Читање на Библијата: Јов 6-10 Песна 214
Методи во говорништвото: Паузирање за нагласување, паузирање за слушање (be стр. 99 пас. 1 до стр. 100 пас. 4)
Бр. 1: Духовните вредности се далеку подобри (w 15.10.04 стр. 4 пас. 2 до стр. 5 пас. 3)
Бр. 2: Јов 7:1-21
Бр. 3: Што значи да се биде со чисто срце
Бр. 4: Како да се ослободиме од спиритистичко влијание (rs стр. 376 пас. 3 до стр. 377 пас. 4)
27 март Читање на Библијата: Јов 11-15 Песна 8
Методи во говорништвото: Правилен смисловен акцент (be стр. 101 пас. 1 до стр. 102 пас. 4)
Бр. 1: „Обрни внимание на тоа како слушаш“ (be стр. 13 пас. 1 до стр. 14 пас. 5)
Бр. 2: Јов 12:1-25
Бр. 3: Чувај се од духот на независност (rs стр. 102 пас. 2 до стр. 103 пас. 2)
Бр. 4: Зошто службата ни носи радост
3 апр. Читање на Библијата: Јов 16-20 Песна 50
Методи во говорништвото: Подобрување на смисловниот акцент (be стр. 102 пас. 5 до стр. 104 пас. 4)
Бр. 1: Како ја покажуваме нашата љубов кон Бог (w 1.3.04 стр. 19-21)
Бр. 2: Јов 16:1-22
Бр. 3: Како Јехова ги привлекува луѓето да го обожаваат
Бр. 4: cОпасностите од гордоста и од бунтовниот став (rs стр. 103 пас. 3 до стр. 104 пас. 1)
10 апр. Читање на Библијата Јов 21-27 Песна 119
Методи во говорништвото: Да се нагласат главните мисли (be стр. 105 пас. 1 до стр. 106 пас. 2)
Бр. 1: Духовните вредности носат награди (w 15.10.04 стр. 5 пас. 4 до стр. 7 пас. 2)
Бр. 2: Јов 24:1-20
Бр. 3: Јехова дава сила која ја надминува нормалната
Бр. 4: dЧувај се од желбите на телото (rs стр. 104 пас. 2)
17 апр. Читање на Библијата: Јов 28-32 Песна 100
Методи во говорништвото: Јачина на гласот соодветна на публиката (be стр. 107 пас. 1 до стр. 108 пас. 5)
Бр. 1: Слушање на состаноците и на собирите (be стр. 15 пас. 1 до стр. 16 пас. 5)
Бр. 2: Јов 29:1-25
Бр. 3: Немој да бидеш управуван од желбите на очите (rs стр. 104 пас. 3 до стр. 105 пас. 1)
Бр. 4: Зошто луѓето биле вчудовидени од Исусовиот начин на поучување?
24 апр. Читање на Библијата: Јов 33-37 Песна 94
Методи во говорништвото: Како да ја подобриш јачината на гласот (be стр. 109 пас. 1 до стр. 110 пас. 2)
Усно повторување
1 мај Читање на Библијата: Јов 38-42 Песна 154
Методи во говорништвото: Модулација — преиначи ја јачината на гласот (be стр. 111 пас. 1 до стр. 112 пас. 2)
Бр. 1: Јов — зошто е корисна (si стр. 100 пас. 39-43)
Бр. 2: Јов 38:1-24
Бр. 3: Како денес се исполнува Исаија 60:22?
Бр. 4: eНавредливиот говор и насилството се дела на телото (rs стр. 105 пас. 2)
8 мај Читање на Библијата: Псалми 1-10 Песна 168
Методи во говорништвото: Модулација — смени го темпото (be стр. 112 пас. 3 до стр. 113 пас. 1)
Бр. 1: Вовед во Псалми — дел 1 (si стр. 101 пас. 1-5)
Бр. 2: Псалм 4:1—5:12
Бр. 3: Надевај се на Бог, а не на човек (rs стр. 105 пас. 3, 4)
Бр. 4: Држи се за образецот на здрави зборови
15 мај Читање на Библијата: Псалми 11-18 Песна 217
Методи во говорништвото: Модулација — прави варијации во висината на гласот (be стр. 113 пас. 2 до стр. 114 пас. 3)
Бр. 1: Вовед во Псалми — дел 2 (si стр. 102 пас. 6-11)
Бр. 2: Псалм 14:1—16:6
Бр. 3: На кои начини вистинските христијани не се дел од светот?
Бр. 4: Кој е виновен за страдањето на луѓето? (rs стр. 282 пас. 2 до стр. 283 пас. 1)
22 мај Читање на Библијата: Псалми 19-25 Песна 23
Методи во говорништвото: Зборувај со чувство (be стр. 115 пас. 1 до стр. 116 пас. 4)
Бр. 1: Добрата разборитост прибавува наклоност (w 15.7.04 стр. 27 пас. 4 до стр. 28 пас. 4)
Бр. 2: Псалм 22:1-22
Бр. 3: Како започнало страдањето? (rs стр. 283 пас. 2, 3)
Бр. 4: fШто се потсетувањата од Бог и зошто треба да им обрнеме внимание?
29 мај Читање на Библијата: Псалми 26-33 Песна 203
Методи во говорништвото: Одушевеност соодветна на материјалот (be стр. 117 пас. 1-5)
Бр. 1: Можеш да ја подобриш меморијата (be стр. 17 пас. 1 до стр. 19 пас. 1)
Бр. 2: Псалм 30:1—31:8
Бр. 3: На кои начини вистината ослободува?
Бр. 4: Како можеме да избегнеме многу страдања? (rs стр. 283 пас. 4 до стр. 284 пас. 1)
5 јуни Читање на Библијата: Псалми 34-37 Песна 167
Методи во говорништвото: Изразувај топлина (be стр. 118 пас. 1 до стр. 119 пас. 5)
Бр. 1: Моќта на молитвата (w 15. 8.04 стр. 18 пас. 6 до стр. 19 пас. 10)
Бр. 2: Псалм 34:1-22
Бр. 3: Зошто Богот на љубовта дозволува страдањата да траат толку долго (rs стр. 284 пас. 3)
Бр. 4: Од каков вид идолопоклонство мораме да бегаме?
12 јуни Читање на Библијата: Псалми 38-44 Песна 216
Методи во говорништвото: Изразувај чувства (be стр. 119 пас. 6 до стр. 120 пас. 5)
Бр. 1: Улогата на Божјиот дух во помнењето (be стр. 19 пас. 2 до стр. 20 пас. 3)
Бр. 2: Псалм 40:1-17
Бр. 3: Вистинската наука не ѝ противречи на Библијата
Бр. 4: Бог ќе ја поправи сета штета што ја доживеале неговите слуги (rs стр. 285 пас. 1-4)
19 јуни Читање на Библијата: Псалми 45-51 Песна 104
Методи во говорништвото: Важноста на гестовите и изразите на лицето (be стр. 121 пас. 1-4)
Бр. 1: Кога доаѓа Исус? (w 1.3.04 стр. 16, рамка)
Бр. 2: Псалм 46:1—47:9
Бр. 3: Зошто Бог едноставно не му го простил гревот на Адам (rs стр. 285 пас. 5, 6)
Бр. 4: Како може христијанинот да биде слаб а сепак моќен? (2. Кор. 12:10)
26 јуни Читање на Библијата: Псалми 52-59 Песна 103
Методи во говорништвото: Користење гестови и изрази на лицето (be стр. 122 пас. 1 до стр. 123 пас. 3)
Усно повторување
3 јули Читање на Библијата: Псалми 60-68 Песна 45
Методи во говорништвото: Визуелен контакт во службата (be стр. 124 пас. 1 до стр. 125 пас. 4)
Бр. 1: Што значи за нас понизноста на Јехова (w 1.11.04 стр. 29, 30)
Бр. 2: Псалм 60:1—61:8
Бр. 3: Дали учеството во христијанските активности ни дава оправдување за непослушност кон Божјите закони?
Бр. 4: Бог не ги предизвикува физичките и психичките недостатоци (rs стр. 286 пас. 1-3)
10 јули Читање на Библијата: Псалми 69-73 Песна 225
Методи во говорништвото: Визуелен контакт кога држиш говор (be стр. 126 пас. 1 до стр. 127 пас. 2)
Бр. 1: Зошто да се посветиш на читањето (be стр. 21 пас. 1 до стр. 23 пас. 3)
Бр. 2: Псалм 71:1-18
Бр. 3: Јехова со љубов им ја нуди на децата користа од Христовата откупна жртва (rs стр. 286 пас. 4)
Бр. 4: gЗошто христијаните мораат да бидат непристрасни
17 јули Читање на Библијата: Псалми 74-78 Песна 28
Методи во говорништвото: Природност во службата на теренот (be стр. 128 пас. 1 до стр. 129 пас. 1)
Бр. 1: Читај со исправен мотив (be стр. 23 пас. 4 до стр. 26 пас. 5)
Бр. 2: Псалм 75:1—76:12
Бр. 3: Што е вклучено во тоа да се бара Јехова? (Соф. 2:3)
Бр. 4: Бог не користи природни катастрофи за да ги казни луѓето (rs стр. 287 пас. 1-3)
24 јули Читање на Библијата: Псалми 79-86 Песна 112
Методи во говорништвото: Природност на подиумот (be стр. 129 пас. 2 до стр. 130 пас. 1)
Бр. 1: „Живеалиштето на праведниците ќе процвета“ (w 15.11.04 стр. 26 пас. 1 до стр. 28 пас. 2)
Бр. 2: Псалм 82:1—83:18
Бр. 3: Несреќите не се доказ за Божје неодобрување (rs стр. 287 пас. 4 до стр. 288 пас. 1)
Бр. 4: Можат ли несовршени луѓе навистина да му угодат на Бог?
31 јули Читање на Библијата: Псалми 87-91 Песна 57
Методи во говорништвото: Природност кога читаш јавно (be стр. 130 пас. 2-4)
Бр. 1: Кога ‚лесно се доаѓа до знаење‘ и кога мудроста нѐ води (w 15.11.04 стр. 28 пас. 3 до стр. 29 пас. 7)
Бр. 2: Псалм 89:1-21
Бр. 3: Проучувањето на Библијата е дел од нашето обожавање
Бр. 4: Материјалниот напредок не треба да се смета за благослов од Бог (rs стр. 288 пас. 2, 3)
7 авг. Читање на Библијата: Псалми 92-101 Песна 190
Методи во говорништвото: Личната чистота ја украсува пораката (be стр. 131 пас. 1-3)
Бр. 1: Како се проучува (be стр. 27 пас. 1 до стр. 31 пас. 2)
Бр. 2: Псалм 92:1—93:5
Бр. 3: Дали зборувањето јазици е доказ дека некој има Божји дух? (rs стр. 77 пас. 2 до стр. 78 пас. 3)
Бр. 4: Важноста на моралниот интегритет
14 авг. Читање на Библијата: Псалми 102—105 Песна 1
Методи во говорништвото: Како скромноста и здравите мисли влијаат на нечие облекување и дотерување (be стр. 131 пас. 4 до стр. 132 пас. 3)
Бр. 1: „Колку се бројни твоите дела, о Господи!“ (w 15.11.04 стр. 8, 9)
Бр. 2: Псалм 104:1-24
Бр. 3: Зошто мораме да бдееме?
Бр. 4: Зошто ‚зборувањето јазици‘ денес се разликува од она кај христијаните во првиот век? (rs стр. 78 пас. 4 до стр. 79 пас. 3)
21 авг. Читање на Библијата: Псалми 106-109 Песна 201
Методи во говорништвото: Вредноста на уредното облекување (be стр. 132 пас. 4 до стр. 133 пас. 1)
Бр. 1: Млади — немојте слепо да ги следите врсниците (w 15.10.04 стр. 22 пас. 4 до стр. 24 пас. 5)
Бр. 2: Псалм 107:20-43
Бр. 3: Божјата реч ни помага да резонираме за тврдењата дека некои имаат Божји дух (rs стр. 79 пас. 6 до стр. 80 пас. 1)
Бр. 4: На кои начини можеме да го имитираме Бог?
28 авг. Читање на Библијата: Псалми 110-118 Песна 125
Методи во говорништвото: Добриот личен изглед не дава причина за спрепнување (be стр. 133 пас. 2-4)
Усно повторување
4 сеп. Читање на Библијата: Псалм 119 Песна 59
Методи во говорништвото: Добро држење на телото и уредна опрема (be стр. 134 пас. 1-5)
Бр. 1: Проучувањето наградува (be стр. 31 пас. 3 до стр. 32 пас. 4)
Бр. 2: Псалм 119:25-48
Бр. 3: Зошто ги почитуваме световните власти
Бр. 4: Вистинските христијани денес не се препознатливи по зборувањето јазици (rs стр. 80 пас. 2-4)
11 сеп. Читање на Библијата: Псалми 120-134 Песна 65
Методи во говорништвото: Како да се намали немирот во говорот (be стр. 135 пас. 1 до стр. 137 пас. 2)
Бр. 1: Како се истражува (be стр. 33 пас. 1 до стр. 35 пас. 2)
Бр. 2: Псалм 121:1—123:4
Бр. 3: Колку долго требало да трае дарот на зборување јазици? (rs стр. 80 пас. 5 до стр. 81 пас. 1)
Бр. 4: Што е хипербола, и како ја користел Исус?
18 сеп. Читање на Библијата: Псалми 135-141 Песна 97
Методи во говорништвото: Како да стекнеш сталоженост (be стр. 137 пас. 3 до стр. 138 пас. 5)
Бр. 1: Псалми — зошто е корисна — дел 1 (si стр. 104, 105 пас. 23-27)
Бр. 2: Псалм 136:1-26
Бр. 3: На кој начин Меморијалот е заеднички оброк?
Бр. 4: hТројството не се темели на Библијата (rs стр. 393 пас. 4 до стр. 399 пас. 5)
25 сеп. Читање на Библијата: Псалми 142-150 Песна 5
Методи во говорништвото: Важноста на засилување на гласот (be стр. 139 пас. 1 до стр. 140 пас. 1)
Бр. 1: Псалми — зошто е корисна — дел 2 (si стр. 105,106 пас. 28-32)
Бр. 2: Псалм 142:1—143:12
Бр. 3: i Кога некој ќе праша: ‚Веруваш ли во Тројство?‘ (rs стр. 414 пас. 1 до стр. 415 пас. 2)
Бр. 4: На кои начини можеме да ги ставиме потребите на другите пред нашите?
2 окт. Читање на Библијата: Пословици 1-6 Песна 111
Методи во говорништвото: Правилно користи ги микрофоните (be стр. 140 пас. 2 до стр. 142 пас. 1)
Бр. 1: Вовед во Пословици — дел 1 (si стр. 106-107 пас. 1-5)
Бр. 2: Пословици 5:1-23
Бр. 3: Зошто има толку зло? (rs стр. 133 пас. 3 до стр. 134 пас. 1)
Бр. 4: jНемој да шириш лажни приказни (2. Тим. 4:4)
9 окт. Читање на Библијата: Пословици 7-11 Песна 73
Методи во говорништвото: Користење на Библијата при одговор (be стр. 143 пас. 1-3)
Бр. 1: Вовед во Пословици — дел 2 (si стр. 107, 108 пас. 6-11)
Бр. 2: Пословици 7:1-27
Бр. 3: Христијанската неутралност придонесува нашето братство да биде обединето
Бр. 4: Зошто Бог дозволува да има зло? (rs стр. 134 пас. 2 до стр. 135 пас. 2)
16 окт. Читање на Библијата: Пословици 12-16 Песна 180
Методи во говорништвото: Како подобро да ја користиме Библијата (be стр. 144 пас. 1-4)
Бр. 1: Научи да ги користиш другите алатки за истражување (be стр. 35 пас. 3 до стр. 38 пас. 4)
Бр. 2: Пословици 14:1-21
Бр. 3: Каква корист имаме од тоа што Бог го допуштил злото? (rs стр. 136 пас. 1, 2)
Бр. 4: Што може да ни помогне повеќе да внимаваме на состаноците?
23 окт. Читање на Библијата: Пословици 17-21 Песна 131
Методи во говорништвото: Да се охрабри на користење на Библијата (be стр. 145-146)
Бр. 1: Пословици — зошто е корисна — дел 1 (si стр. 109, 110 пас. 19-28)
Бр. 2: Пословици 17:1-20
Бр. 3: Како христијаните гледаат на постарите
Бр. 4: kКакво гледиште за жените има Библијата? (rs стр. 118 пас. 3 до стр. 119 пас. 1)
30 окт. Читање на Библијата: Пословици 22-26 Песна 9
Методи во говорништвото: Важноста на делотворното воведување на стиховите (be стр. 147 пас. 1 до стр. 148 пас. 2)
Усно повторување
6 ное. Читање на Библијата: Пословици 27-31 Песна 51
Методи во говорништвото: Да се изберат соодветни зборови за да се воведат стиховите (be стр. 148 пас. 3 до стр. 149 пас. 3)
Бр. 1: Пословици — зошто е корисна — дел 2 (si стр. 110, 111 пас. 29-38)
Бр. 2: Пословици 28:1-18
Бр. 3: Дали доделувањето поглаварство на мажите е понижувачко за жените? (rs стр. 119 пас. 2 до стр. 120 пас. 1)
Бр. 4: Зошто не треба да им судиме на луѓето што ги сретнуваме во службата според нивниот надворешен изглед?
13 ное. Читање на Библијата: Проповедник 1-6 Песна 25
Методи во говорништвото: Правилното нагласување вклучува чувство (be стр. 150 пас. 1, 2)
Бр. 1: Вовед во Проповедник (si стр. 112, 113 пас. 1-8)
Бр. 2: Проповедник 5:1-15
Бр. 3: На кој начин се скриени библиските вистини од мудрите и умните? (Мат. 11:25)
Бр. 4: Треба ли жените да бидат проповедници? (rs стр. 120 пас. 2, 3)
20 ное. Читање на Библијата: Проповедник 7-12 Песна 37
Методи во говорништвото: Нагласи ги вистинските зборови (be стр. 150 пас. 3 до стр. 151 пас. 2)
Бр. 1: Проповедник — зошто е корисна (si стр. 114 пас. 15-19)
Бр. 2: Проповедник 9:1-12
Бр. 3: Зошто христијанките во некои прилики носат покривало за главата? (rs стр. 121 пас. 1-2)
Бр. 4: Што има лошо во љубомората?
27 ное. Читање на Библијата: Песна над песните 1-8 Песна 11
Методи во говорништвото: Методи за нагласување (be стр. 151 пас. 3 до стр. 152 пас. 5)
Бр. 1: Вовед во Песна над песните и зошто е корисна (si стр. 115-117 пас. 1-4, 16-18)
Бр. 2: Песна над песните 7:1—8:4
Бр. 3: Зошто христијаните треба да бидат уредни, чисти и скромни во облекувањето?
Бр. 4: Дали е исправно жените да користат козметички средства или да носат накит? (rs стр. 122 пас. 1 до стр. 123 пас. 1)
4 дек. Читање на Библијата: Исаија 1-5 Песна 90
Методи во говорништвото: Исправно да се применат стиховите (be стр. 153 пас. 1 до стр. 154 пас. 3)
Бр. 1: Вовед во Исаија (si стр. 118, 119 пас. 1-8)
Бр. 2: Исаија 3:1-15
Бр. 3: Дали светот ќе биде уништен со оган? (rs стр. 352 пас. 1, 2)
Бр. 4: lЗошто христијаните треба да бидат ‚бавни на гнев‘?
11 дек. Читање на Библијата: Исаија 6-10 Песна 204
Методи во говорништвото: Примената на стиховите нека биде јасна (be стр. 154 пас. 4 до стр. 155 пас. 4)
Бр. 1: Правење нацрт (be стр. 39-42)
Бр. 2: Исаија 10:1-14
Бр. 3: Зошто е толку важно да се простува?
Бр. 4: Кој владее со светот — Бог или Сатана? (rs стр. 352 пас. 3 до стр. 353 пас. 3)
18 дек. Читање на Библијата: Исаија 11-16 Песна 47
Методи во говорништвото: Резонирај на темел на Писмото (be стр. 155 пас. 5 до стр. 156 пас. 5)
Бр. 1: Млади — дозволете родителите да ви помогнат да си го заштитите срцето (w 15.10.04 стр. 20 пас. 1 до стр. 22 пас. 3)
Бр. 2: Исаија 11:1-12
Бр. 3: Како гледаат христијаните на светот и на луѓето кои се дел од него? (rs стр. 353 пас. 4 до стр. 354 пас. 4)
Бр. 4: Вистинските христијани нема да учествуваат во војната Армагедон
25 дек. Читање на Библијата: Исаија 17-23 Песна 53
Методи во говорништвото: Да се разјасни практичната вредност (be стр. 157 пас. 1 до стр. 158 пас. 2)
Усно повторување
[Фусноти]
a Да се додели само на браќа.
b Да се додели само на браќа.
c Да се додели само на браќа.
d Да се додели само на браќа.
e Да се додели само на браќа.
f Да се додели само на браќа.
g Да се додели само на браќа.
h Избери неколку важни мисли од доделениот материјал што најмногу ќе одговараат на потребите на подрачјето на вашето собрание.
i Избери неколку важни мисли од доделениот материјал што најмногу ќе одговараат на потребите на подрачјето на вашето собрание.
j Да се додели само на браќа.
k Да се додели само на браќа.
l Да се додели само на браќа.