ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 11/05 стр. 2
  • Распоред за состаноците за служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците за служба
  • Нашата служба за Царството 2005
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 14 ноември
  • Седмица што почнува од 21 ноември
  • Седмица што почнува од 28 ноември
  • Седмица што почнува од 5 декември
Нашата служба за Царството 2005
km 11/05 стр. 2

Распоред за состаноците за служба

Седмица што почнува од 14 ноември

Песна 220

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Ако предлогот од 4. страница одговара за вашето подрачје, употреби го за да прикажеш како да се презентира Стражарска кула од 15 ноември. Може да се користи и друга практична презентација. Во презентацијата нека се прикаже како да се одговори на приговорот „Не сум заинтересиран за религија“. (Види во брошурата Како да се започнат и продолжат библиски дискусии, стр. 9.)

15 мин: Прилози што го радуваат Бог. Еден старешина нека одржи говор на темел на Стражарска кула од 1 ноември 2005, стр. 26-30.

20 мин: „Објавувај ја Јеховината слава.“a Кога ќе се разгледува пасус 4, замоли ги присутните да раскажат некои кратки искуства кои покажуваат како доброто однесување може да создаде можности за сведочење.

Песна 24 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 21 ноември

Песна 40

10 мин: Локални известувања.

20 мин: Јехова нека биде твој Бог. Еден старешина нека одржи говор на темел на Стражарска кула од 1 април 2005, страници 25-28. Покажи која е практичната примена на она што го учиме од примерите на Авраам, Давид и Илија.

15 мин: „Покажи искрен интерес —така што ќе бидеш прониклив.“b Вклучи една презентација во која еден објавител забележува нешто што му покажува за што е заинтересиран станарот и потоа ги приспособува своите зборови според тоа.

Песна 67 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 28 ноември

Песна 7

12 мин: Локални известувања. Прочитај го сметководниот извештај и благодарноста за донациите. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од службата на проповедање за ноември. Ако предлозите од 4. страница одговараат за вашето подрачје, употреби ги за да прикажеш како да се презентираат Стражарска кула од 1 декември и Разбудете се! од 8 декември. Може да се користат и други практични презентации. Треба да се спомне начинот на финансирање со доброволни прилози.

15 мин: „Како можеме да помогнеме?“ Говор. Раскажи неколку примери за трудот што го вложуваат слугите на Јехова со цел да им помогнат на соверниците што имаат голема потреба (Види ги изданијата на Разбудете се! од 8 ноември 2003. стр. 26-31; 8 март 2003 стр. 25-30 и 8 февруари 2002 стр. 27-31. Можат да се користат и други извори на информации). Потоа кажи ги клучните мисли од статијата на страница 3 од Наша служба за Царството. Нагласи го тоа дека ако некој сака да даде доброволен прилог за хуманитарна помош, подобро е да го приложи тоа во фондот за делото низ целиот свет.

18 мин: Презентирање на добрата вест во декември. Говор и дискусија со присутните. Во воведниот говор од пет минути накратко разгледај ги следниве мисли од статијата „Како да користиш презентација што служи како пример“, која се наоѓа на страница 8 во Наша служба за Царството од јануари 2005: 1) Обично ќе бидеме поделотворни ако ја кажеме презентацијата со свои зборови. 2) Мораме добро да процениме и да ја приспособиме нашата презентација кон она што е прифатливо во нашето место. 3) Треба да го земеме предвид потеклото и размислувањето на луѓето од нашето подрачје. 4) Треба внимателно да го прочитаме поглавјето што планираме да го употребиме и да ги најдеме мислите што можат да го зголемат интересот. 5) Не сме ограничени да ги користиме методите што се дадени во презентацијата што служи како пример. Потоа дискутирај за тоа како да се применат тие мисли кога ќе се користи литературата што е предвидена за декември. Можеш да ги користиш предложените презентации во додатокот од Наша служба за Царството од јануари 2005 или други презентации што се делотворни на вашето подрачје. Прикажи една или две презентации.

Песна 123 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 5 декември

Песна 38

10 мин: Локални известувања.

15 мин: Локални потреби.

20 мин: „Што постигнува нашата служба.“c Кога ќе го разгледуваш пасус 5, вклучи некои мисли од Стражарска кула од 15 февруари 2004, страница 32.

Песна 26 и заклучна молитва.

[Фусноти]

a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели