Распоред за состаноците
Седмица од 9 јануари
10 мин: Локални известувања. Ако предлозите од 8. страница одговараат за вашето подрачје, употреби ги за да прикажеш како да се презентираат Стражарска кула од 15 јануари и Разбудете се! од јануари. Во една од презентациите нека се прикаже како еден објавител сведочи на деловно подрачје.
20 мин: „Книгата Што учи Библијата — главна публикација за проучување.“a Поттикни воодушевеност кај присутните да започнуваат библиски студии користејќи ја новата книга.
15 мин: Благословите од помошната пионерска служба (Посл. 10:22). Замоли ги оние што минатата пролет служеле како помошни пионери, да кажат како успеале да го направат тоа и каква радост и благослови доживеале. Поттикни ги сите да размислат во молитва дали ќе можат да бидат помошни пионери во март, април и мај.
Песна 16 и заклучна молитва.
Седмица од 16 јануари
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Нашата служба за Царството. Поттикни ги сите да ја гледаат документарната емисија Методи на лекување без трансфузија — да се задоволат потребите и правата на пациентите, за да се подготват за дискусијата што ќе се одржи по две седмици на Состанокот за нашата служба.
15 мин: Организирани за да ја вршиме Јеховината волја. Говор и дискусија со присутните на темел на страници 4-7 од книгата Организирани за да ја вршиме Јеховината волја. По краткиот вовед, кој треба да трае најмногу три минути, и треба да биде на темел на материјалот од страница 4, заедно со присутните дискутирајте за материјалот на страница 5 до поднасловот на страница 7. Други делови од книгата Организирани ќе бидат разгледани на идни Состаноци за нашата служба.
20 мин: „Млади кои светлат како светила.“b Замоли ги младите да кажат искуства за тоа како можеле да сведочат на училиште. Со еден или двајца од нив договори се однапред.
Песна 107 и заклучна молитва.
Седмица од 23 јануари
10 мин: Локални известувања. Прочитај го сметководниот извештај и благодарноста за донациите. Ако предлозите од 8. страница, или некоја друга презентација, одговараат за вашето подрачје, употреби ги за да прикажеш како да се презентираат Стражарска кула од 1 февруари и Разбудете се! од февруари. Еден млад објавител нека прикаже една од презентациите.
15 мин: Локални потреби.
20 мин: „Покажи искрен интерес — со тоа што ќе прашуваш и ќе слушаш.“c Кога ќе дискутирате за пасус 2, прашај ги присутните да кажат кои прашања според нив се делотворни за започнување разговор. Прикажи како со помош на тактични прашања и со внимателно слушање, може да се поттикне некој да го изрази своето мислење.
Песна 205 и заклучна молитва.
Седмица од 30 јануари
10 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од службата на проповедање за јануари. Спомни ја понудата на литература за февруари и нека се прикаже една презентација.
15 мин: Љубезна подготовка за наша корист. Да го одржи еден старешина. Прочитај го и дискутирај за писмото од Бетел до сите собранија, од 3 јануари 2006, во врска со тоа како ни користат активностите од Одборот за контактирање со болниците и Групата за посета на пациенти.
20 мин: „Документарна емисија за еден нов важен пристап во лечењето.“ Прочитај Дела 15:28, 29 и накратко нагласи дека главната причина зошто христијаните одбиваат трансфузија на крв е затоа што се послушни на Божјиот закон за светоста на крвта. Потоа веднаш премини на дискусија за документарната емисија Потребите и правата на пациентите, користејќи ги прашањата што се наоѓаат во статијата. Заврши така што ќе го прочиташ последниот пасус.
Песна 45 и заклучна молитва.
Седмица од 6 февруари
5 мин: Локални известувања.
20 мин: Да се запознаеме со нашата нова книга за поучување. Говор и дискусија со присутните. Замоли ги присутните да кажат кои карактеристики од книгата Што учи Библијата им се допаѓаат, како на пример: воведните прашања и рамката за повторување која ги истакнува главните мисли од секое поглавје (стр. 106,114), сликите, табелите, и другите визуелни помагала (стр. 122, 123, 147, 198) и додатокот (стр. 197, пас. 1, 2). Книгата поучува на топол и интересен начин (стр. 12, пас. 12). Дава едноставни, јасни објаснувања (стр. 58, пас. 5) и користи делотворни примери (стр. 159, пас. 12). Целта на воведот е да помогне да се започнат библиски студии (стр. 3-7). Прикажи како да се користи рамката на страница 7 со новите интересенти. Треба да се раскажат неколку охрабрувачки искуства од користењето на новата книга.
20 мин: „Како да започнеме библиски студии со книгата Што учи Библијата.“ Дискусија со присутните, заедно со презентации на темел на страница 3 од додатокот. Можеме веднаш да почнеме да ја користиме книгата Што учи Библијата за да започнуваме и да водиме библиски студии со оние што ќе покажат интерес. Нека има три добро подготвени презентации кои ќе покажат како да се користат 1) страници 4, 5, 2) страница 6 и 3) првиот пасус од страница 7, за да се започнат библиски студии на повторни посети. Однапред изнеси ги главните мисли од секоја презентација, и повтори ги откако ќе заврши презентацијата. Доколку е потребно, може да се скрати разгледувањето на пасусите од книгата Што учи библијата. Секоја презентација нека заврши така што објавителот ќе се договори за следна посета.
Песна 125 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.