Распоред за состаноците
Забелешка: Во Нашата служба за Царството ќе има распоред за Состанокот за нашата служба за секоја седмица во текот на летните месеци. Доколку е потребно, собранијата можат да направат преиначувања за да присуствуваат на Обласниот конгрес „Избавувањето е многу близу!“ Таму каде што одговара, можат да се искористат 15 минути од последниот Состанок за нашата служба пред да се одржи конгресот за да се повторат навремените совети и потсетувања од додатокот за овој месец, кои можат да се применат локално. Еден или два месеца по конгресот, одвојте 15 до 20 минути од Состанокот за нашата служба (можеби делот за локални потреби) за да се разгледаат главните мисли од конгресната програма. Ова не треба да биде повторување на целата програма од конгресот. Треба да се истакнат само оние делови што се директно поврзани со проповедањето. Замоли ги присутните да кажат како ги применуваат тие информации во службата.
Седмица од 10 април
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Нашата служба за Царството. Ако предлозите од 8. страница одговараат на вашето подрачје, употреби ги за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 15 април и Разбудете се! од април. Во едниот приказ, објавителот нека му ја понуди и книгата Што учи Библијата на станарот што покажува приличен интерес за библиската порака.
15 мин: „Како да останеме ревносни.“a Вклучи некои мисли од Стражарска кула од 15 јуни 2002, 14. страница, 13. пасус.
20 мин: „Можеш ли да го приспособиш твојот распоред?“b Примени го материјалот на потребите на собранието. Спомни што е организирано во собранието во врска со вечерното сведочење.
Песна 13 и заклучна молитва.
Седмица од 17 април
15 мин: Локални известувања. Кажи кога ќе се одржи специјалното предавање во вашето собрание. Поттикни ги сите да продолжат да ја користат задната страница од Стражарска кула од 1 април, кога ќе ги канат на специјалното предавање луѓето што дошле на Спомен-свеченоста, лицата со кои проучуваат и други заинтересирани лица. Накратко раскажи две или три искуства за тоа како со помош на оваа Стражарска кула биле поканети некои да дојдат на специјалното предавање.
12 мин: Локални потреби.
18 мин: „Води напредни библиски студии — на врата и по телефон“c Во краток приказ нека се покаже што може да рече еден објавител за да премине од студија на врата на студија во домот на станарот.
Песна 162 и заклучна молитва.
Седмица од 24 април
15 мин: Локални известувања. Прочитај го сметководниот извештај и благодарноста за прилозите. Во мај ќе продолжиме да ги нудиме списанијата Стражарска кула и Разбудете се! Ако предлозите од 8. страница одговараат на вашето подрачје, употреби ги за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 1 мај и Разбудете се! од мај. По презентациите, посочи некои други статии од тие списанија што можат да бидат интересни за луѓето на вашето подрачје.
30 мин: „Чекај на Јехова.“d Да го одржи собранискиот секретар. Замоли ги присутните да кажат како можеле да посведочат затоа што постојано ги носеле конгресните значки додека биле во конгресниот град. Поттикни ги да ја искористат можноста да сведочат неформално и да го користат формуларот Те молиме, продолжи понатаму (Ѕ-43) за да може да се проследи секој покажан интерес.
Песна 191 и заклучна молитва.
Седмица од 1 мај
5 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од службата на проповедање за април. Дискутирај за рамката на 6. страница со наслов „Прашуваш ли кој друг е заинтересиран?“
10 мин: „Покажи искрен интерес — гледајќи ги луѓето во очи.“e Нека има краток приказ во кој еден објавител му пристапува на некое лице на јавно место, го погледнува во очи, започнува разговор и потоа му сведочи.
15 мин: Длабоко размислувај за Јеховините дела (Пс. 77:12). Говор и дискусија со присутните во врска со Годишникот за 2006. Разгледајте некои охрабрувачки мисли од писмото од Водечкото тело (km 2/06 стр. 5, 6). Дискутирајте за материјалот од поднасловот „Превод на Библијата“ (стр. 10, 11). Раскажи некои важни настани и искуства од минатата година (стр. 6-64). Замоли ги присутните да кажат што им се допаднало додека го читале Годишникот за 2006. Поттикни ги сите да го користат за да им помогнат на лицата со кои проучуваат да развијат ценење за Јеховината организација.
15 мин: „Светска кампања за најава на Обласниот конгрес ‚Избавувањето е многу близу!‘“f Треба да се прочитаат сите пасуси.
Песна 82 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
d Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
e Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
f Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.