Распоред за состаноците
Седмица од 8 мај
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Нашата служба за Царството. Употреби ги предлозите од 4. страница, ако одговараат за вашето подрачје, или некоја друга презентација, за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 15 мај и Разбудете се! од мај. Во една од презентациите, објавителот нека му ги даде двата броја на Стражарска кула од 1 мај и 15 мај, како и Разбудете се! од мај на лице што редовно ги зема списанијата, но кое, од некоја причина, сѐ уште не ја добило Стражарска кула од 1 мај. Иако ќе му ги понуди трите списанија, објавителот треба да го презентира само едното од нив. Кај лицата на кои редовно им ги носат списанијата, објавителите можат да појдат еднаш или двапати во месецот.
20 мин: ‚Следете ме постојано.‘a Накратко интервјуирај еден примерен објавител што се труди да живее едноставно и ги ограничува личните желби и цели за да може да прави повеќе за Царството и за да им служи на другите. Нагласи какви благослови му носи тоа.
15 мин: Локални искуства. Замоли ги присутните да кажат какви добри резултати имале од тоа што учествувале повеќе во службата во текот на март и април. Кажи што било постигнато во започнувањето на библиски студии и во помагањето на новите да присуствуваат на Спомен-свеченоста. Можат да се одглумат едно или две искуства.
Песна 91 и заклучна молитва.
Седмица од 15 мај
10 мин: Локални известувања. Поттикни ги сите да го гледаат DVD-то Ное — тој одел со Бог, за да се подготват за Состанокот за нашата служба во седмицата од 29 мај.
10 мин: Да работиме обединето под водството на Христос. Говор на темел на материјалот под поднасловот „Што значи да ја признаеме неговата улога“ на страници 13, 14 од книгата Организирани за да ја вршиме Јеховината волја.
25 мин: „Изградба на Сали на Царството — важен аспект од светата служба.“b Кога ќе се разгледува 2. пасус, покажи една Молба за доброволец во програмата за изградба на Сали на Царството (А-25) и објасни како можат објавителите да земат таква молба. Интервјуирај некои што учествувале во изградба или реновирање на некоја Сала на Царството.
Песна 133 и заклучна молитва.
Седмица од 22 мај
12 мин: Локални известувања. Прочитај го сметководниот извештај и благодарноста за прилозите. Употреби ги предлозите од 4. страница, ако одговараат за вашето подрачје, или некоја друга презентација, за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 1 јуни и Разбудете се! од јуни. Приказот нека се изнесе како едно семејство да ја вежба презентацијата дома.
15 мин: „Покажи искрен интерес — со тоа што ќе бидеш обѕирен и учтив.“c Кога ќе се разгледува 4. пасус, накратко осврни се на рамката „Што да речеш на телефонската секретарка?“ на 2. страница од Нашата служба за Царството од ноември 2000 година.
18 мин: Добар личен изглед. Дискусија со присутните на темел на книгата Школа за служба, страници 131-133. Разгледајте ги петте наведени начела што се поврзани со облекувањето и личниот изглед. Спомни дека можеме тактично да го користиме овој материјал за да им помогнеме на оние со кои ја проучуваме Библијата да сфатат каква облека е соодветна за собраниските состаноци.
Песна 215 и заклучна молитва.
Седмица од 29 мај
10 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од службата на проповедање за мај.
10 мин: Понуди ги книгите Младите прашуваат и Семејната среќа во јуни. Користејќи ги предлозите на 2. страница од март 1994 или на 4. страница од септември 1997 од Нашата служба за Царството, или некоја друга презентација што одговара за вашето подрачје, прикажи како да се понудат овие книги. Ако има време, замоли ги присутните да кажат какви добри резултати имале од тоа што користеле некоја од овие публикации додека проповедале или, пак, ја разгледувале како семејство.
25 мин: „Пример и за млади и за стари“. По воведот, кој треба да трае најмногу една минута, премини веднаш на дискусија со присутните во врска со квизот од DVD-то Ное, при што ќе ги користиш прашањата кои се наведени во вториот пасус. Потоа замоли ги семејствата да кажат како им користеле предложените „Поучни вежби“ од тоа DVD. Продолжи со дискусија за прашањата и стиховите што се наоѓаат во третиот пасус.
Песна 9 и заклучна молитва
Седмица од 5 јуни
10 мин: Локални известувања.
15 мин: Локални потреби
20 мин: Како успешно да правиш повторни посети. Дискусија со присутните на темел на рамката на 16. страница од Стражарска кула од 15 ноември 2003. Разгледај го секој од седумте предлози и замоли ги присутните да кажат како можат да ги применат на вашето подрачје. Поттикни ги објавителите да прават повторни посети со цел да започнуваат библиски студии со сите оние што земаат литература или покажуваат интерес. Употреби ги презентациите на 6. страница од Нашата служба за Царството од јануари 2006 за да прикажеш како да се понуди библиска студија кога се прави повторна посета.
Песна 57 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.