Рубрика прашања
◼ Дали е исправно да го копираме материјалот што ќе биде обработен во Теократската школа за служба и да им го дадеме на другите?
Ова е дозволено да се прави за приватни потреби на членовите на семејството и за некои блиски пријатели. Меѓутоа, тој материјал не треба да им се дава на поголем број луѓе или да се продава за пари, зашто тоа би било кршење на законот за авторски права (Рим. 13:1).
За некои задачи во Теократската школа за служба дадена е само темата и не е назначено кои публикации треба да се користат. Дали би им помогнале на оние што ќе ги добијат тие задачи ако им направиме список со потребните публикации или ако го копираме потребниот материјал за да го употребат во задачите? Не. Не би било исправно ниту да им ги даваме на другите одговорите на прашањата за повторување од Теократската школа за служба, зашто тоа не би им помогнало да ги запомнат важните мисли. Секој учесник во Школата треба самиот да истражува. Ова е важен дел од поуката која, преку Школата, ни ја дава Јехова за да ни помогне да зборуваме со „учен јазик“ (Иса. 50:4).