ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 3/09 стр. 3
  • Писмо од Водечкото тело

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Писмо од Водечкото тело
  • Нашата служба за Царството 2009
  • Поднаслови
  • Драги браќа и сестри,
Нашата служба за Царството 2009
km 3/09 стр. 3

Писмо од Водечкото тело

Драги браќа и сестри,

Задоволство ни е да ви го пратиме ова писмо! Се чувствуваме исто како апостол Јован, кој рекол дека ‚вистински ги сака‘ своите соверници и се радувал затоа што ‚живееле според вистината‘ (2. Јов. 1, 4). Има ли поголем благослов од тоа што ја знаеме вистината? Таа нѐ ослободила од Големиот Вавилон и од неговите учења и традиции кои го срамотат Бог. Бидејќи живееме во склад со вистината, стануваме сочувствителни, љубезни и милосрдни луѓе. Освен тоа, таа ни овозможува да бидеме чисти во Божји очи и да имаме надеж дека ќе живееме вечно.

Неизмерно сме му благодарни на Јехова и за тоа што секој ден нѐ води и нѐ зајакнува со својот свет дух! Сигурни сме дека уживавте додека на Обласниот конгрес „Нека те води Божјиот дух!“ беа разработени различните начини на кои Јехова го прави тоа. Бидејќи условите во светот сѐ повеќе се влошуваат, многу е важно да дозволиме Јеховиниот моќен дух да нѐ води во значајните денови што се пред нас.

Уверени сме дека бевте трогнати кога во Годишникот читавте какви страдања морале да претрпат нашите браќа и сестри поради својата вера. А она што посебно восхитува е тоа што повеќето од нив сѐ уште не биле крстени или, пак, биле штотуку крстени кога се соочиле со проблемите. Многу ги сакаме поради нивната верност и затоа што цврсто се држат за праведноста! Нивниот извонреден пример и нам ни дава сила да му останеме верни на Царството без оглед на тоа какви проблеми ќе доживееме (1. Сол. 1:6-8).

Мили браќа и сестри, знаеме дека не ви е лесно да ги одржувате семејствата цврсти и стабилни затоа што морате да се борите со економски и многу други проблеми. За некои од вас е вистински предизвик дури и редовно да проповедаат и да одат на состаноците. Токму од таа причина, по многу разговори и молитви, одлучивме од 1 јануари 2009 год. да има некои промени во собраниските состаноци. Се надеваме дека добро ќе ги искористите овие промени за да посветите повеќе време за лично и семејно проучување.

Многу беше убаво кога на собирите и конгресите минатата година се крстија толку многу нови лица. Некои од нив беа доста млади. Вие, родители, заслужувате пофалба затоа што им всадувате на своите деца ценење за вистината и ги поттикнувате да му служат на Јехова уште од мали нозе. Тоа што голем број млади се крстија, и покрај предизвиците со кои се соочуваат на училиште, покажува дека сте вложиле многу во нивното воспитание (Пс. 128:1-6).

За пофалба е и големиот пораст во бројот на библиски студии, за што многу придонесуваат трудољубивите мисионери и специјални пионери. Сите ние од Водечкото тело многу ја цениме големата поддршка што ни ја даваат браќата и сестрите низ целиот свет со тоа што им го упатуваат повикот: „Дојди!“ на искрените луѓе и ги повикуваат сите што се жедни ‚да земат бесплатно од водата на животот‘ (Отк. 22:17). Им изразуваме срдечно добредојде во нашето братство на сите 289.678 лица кои се крстија минатата година!

Добро е постојано да се потсетуваме на зборовите на апостол Јован, кој напишал: „Светот поминува и неговата желба, но оној што ја врши Божјата волја, останува засекогаш“ (1. Јов. 2:17). И да не заборавиме дека сме многу близу до времето кога овој свет ‚ќе помине‘! Затоа, мудро е во животот најважно да ни биде да ја вршиме Божјата волја и ‚да бдееме‘ (Мат. 24:42). Никогаш нема да зажалиме ако го правиме тоа и ќе добиеме многу благослови поради Јеховината милост (Иса. 63:7).

Во Годишникот за оваа година има многу интересни извештаи. Се надеваме дека тие ќе ве поттикнат да го ставите Царството на прво место во животот. Бидете уверени дека постојано се молиме и мислиме на вас и дека многу ве сакаме. Јехова богато нека ве благослови.

Вашите браќа,

Водечко тело на Јеховините сведоци

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели