Распоред за седмицата од 23 март
СЕДМИЦА ОД 23 МАРТ
□ Собраниско проучување на Библијата:
lv погл. 3 пас. 1-7, рамка на стр. 29
□ Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: 1. Мојсеева 47-50
Бр. 1: 1. Мојсеева 48:1-16
Бр. 2: Дали треба да се плашиме од Ѓаволот?
Бр. 3: Помош од Божјите ангели (lr погл. 11)
□ Состанок за нашата служба:
5 мин.: Известувања.
10 мин.: Подготви се за да ги нудиш Стражарска кула од 1 април и Разбудете се! од април. Дискусија со присутните. Откако ќе дадеш краток преглед на списанијата, прашај ги присутните кои статии би им ги понудиле на луѓето од подрачјето, и зошто. Кое прашање и кој стих од статијата би го користеле за да започнат разговор? Нека има прикази во кои ќе се види како би можеле да се понудат овие списанија во службата од куќа до куќа. Во еден од приказите нека се покаже како би можело да се започне библиска студија на повторна посета.
10 мин.: Локални потреби.
10 мин.: Покажи почит со тоа што ќе слушаш внимателно и ќе го земеш предвид гледиштето на станарот. Говор и дискусија со присутните на темел на книгата Школа за служба, страници 186, 187. Нека има приказ во кој еден објавител ќе покаже како можеме да го примениме овој совет кога разговараме со станарите на нашето подрачје. Потоа, замоли ги присутните да коментираат зошто мислат дека пристапот на објавителот бил делотворен.