„Идеи за нудење на списанијата во...“
Секој месец на Состанокот за нашата служба имаме точка за тоа како да ги нудиме списанијата. Целта на оваа точка не е да ги прераскажеме статиите. Таа е наменета да даваме идеи како да се понудат списанијата. Затоа, според упатствата, братот што ја води точката треба да даде многу краток увод за да ги поттикне присутните да коментираат за списанијата. Потоа, треба да ги замоли објавителите да дадат предлози за една статија (или серија статии) пред да премине на следната, за да можат сите да следат и да си прават белешки за идеите што сакаат да ги искористат. Наместо да побара цела презентација од присутните, подобро е да ги замоли да предложат прашања што би биле интересни за луѓето на подрачјето, а потоа да праша и кој стих би можел да се прочита. Точката треба да заврши со приказ за секое списание. Поттикнати сме однапред да си ги прочитаме списанијата и да бидеме спремни да дадеме предлози. Ако сите сме добро подготвени, оваа точка ќе ни помогне да се остриме еден со друг (Изр. 27:17).