Нашиот живот и служба — работни листови
Превод на референци кои ги нема на македонски
© 2023 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
8-14 МАЈ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. ЛЕТОПИСИ 20 — 21
Духовни бисери
it-1-E 1271, пас. 2
Јорам
Сѐ се случило токму така. Јехова дозволил Арапите и Филистејците да ја освојат Јуда и да ги заробат жените и синовите на Јорам. Бог дозволил само најмалиот син на Јорам, Јоахаз (кој уште бил наречен и Охозија), да побегне. Јехова го направил тоа само поради сојузот за Царството што го склучил со Давид. По сето тоа, Бог го удрил Јорам „со неизлечлива болест на цревата“. По две години, од болеста му излегле цревата и се мачел сѐ додека на крајот не умрел. Така завршил животот на овој злобен човек по кој никој не жалел. Тој бил погребан „во Давидовиот град, но не во царската гробница“. На негово место почнал да владее неговиот син Охозија (2Ле 21:7, 16-20; 22:1; 1Ле 3:10, 11).
15-21 МАЈ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. ЛЕТОПИСИ 22 — 24
„Јехова ги наградува храбрите“
it-1-E 379, пас. 5
Погреб, гробница
На праведниот првосвештеник Јодај му била укажана посебна чест да биде погребан „со царевите во Давидовиот град“. Тој бил единствениот за кого е спомнато во Библијата дека добил таква чест иако не потекнувал од царска лоза (2Ле 24:15, 16).
22-28 МАЈ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. ЛЕТОПИСИ 25 — 27
„Јехова може да ти даде многу повеќе од тоа“
it-1-E 1266, пас. 6
Јоас
оас му изнајмил 100.000 војници од својата војска на царот на Јуда за да се бори против Едомците. Сепак, поради советот на еден „Божји човек“, тие биле испратени да се вратат дома. И, иако однапред им биле исплатени 100 таланти сребро (660.600 американски долари), тие се разгневиле поради тоа што биле испратени дома, веројатно бидејќи немало да добијат ништо од пленот. Затоа, откако се вратиле на север, тие ги ограбувале градовите од јужното царство, од Самарија (која можеби им била база од која дејствувале) па сѐ до Вет-Орон (2Ле 25:6-10, 13).