Нашиот живот и служба — работни листови
Превод на референци кои ги нема на македонски
© 2023 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
15-21 ЈАНУАРИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЈОВ 36 — 37
Духовни бисери
it-1-E 492
Комуникација
Во библиските земји во минатото, информациите и идеите се пренесувале од човек на човек на различни начини. Во голема мера, локалните вести, како и вестите од подалечните краишта се пренесувале усно (2Са 3:17, 19; Јов 37:20). Патниците, кои честопати патувале со каравани, пренесувале вести од далечни места кога застанувале за храна, вода и други потреби во градовите или на попатните станици долж караванските патишта. Поради уникатната местоположба на Палестина во однос на Азија, Африка и Европа, низ неа минувале каравани кои патувале до и од далечни места. Затоа нејзините жители лесно можеле да дојдат до информации во врска со значајни настани кои се случувале во други земји. Честопати, локални вести и вести од други земји можеле да се слушнат на градските пазари.
29 ЈАНУАРИ — 4 ФЕВРУАРИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЈОВ 40 — 42
Духовни бисери
it-2-E 808
Исмејување
Јов бил праведен човек кој ја зачувал својата беспрекорност кога трпел големо исмејување. Но, тој развил погрешно гледиште и направил грешка, поради што добил исправка. Во врска со него Елиу рекол: „Постои ли човек како што е Јов, кој го пие исмејувањето како вода?“ (Јов 34:7). На Јов поважно му било да докаже дека тој е праведен отколку да докаже дека Бог е праведен. И, со своите зборови укажал на тоа дека е поправеден од Бог (Јов 35:2; 36:24). На големото исмејување што дошло од тројцата „тешители“ Јов гледал како да му е упатено лично нему, а не на Бог. Со тоа, тој бил како човек кој им се препушта на презирот и на исмејувањето и ужива во нив примајќи ги како слатко да пие вода. Подоцна, Јехова му објаснил на Јов дека овие исмејувачи, всушност, зборувале невистини против Бог (Јов 42:7). Слично на ова, кога Израелците побарале цар, Јехова му кажал на пророкот Самоил: „Не те отфрлија тебе, туку ме отфрлија мене за да не царувам над нив“ (1Са 8:7). А и Исус им кажал на своите ученици: „Сите народи ќе ве мразат [не поради вас, туку] поради моето име“ (Мт 24:9). Ако ги има овие работи на ум, еден христијанин ќе може да истрае со исправен став кога е исмејуван и ќе има можност да добие награда за својата истрајност (Лк 6:22, 23).
12-18 ФЕВРУАРИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ПСАЛМИ 5 — 7
Духовни бисери
it-1-E 995
Гроб
Во Римјаните 3:13 апостол Павле цитирал од Псалм 5:9 каде што грлото на злобните и на измамниците е споредено со „отворен гроб“. Исто како што во еден отворен гроб ќе се стави мртво тело кое подоцна ќе се распадне, така и нивното грло се отвора за говор кој е погубен и расипан. (Спореди со Мт 15:18-20.)