Нашиот живот и служба — работни листови
Превод на референци кои ги нема на македонски
© 2023 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
4-10 МАРТ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ПСАЛМИ 16 — 17
Духовни бисери
it-2-E 714
Зеница
Окото е особено кревко и осетливо. Веднаш ќе почувствуваме дури и мало влакненце или прашинка помеѓу очниот капак и окото. Мора многу добро да го штитиме и да се грижиме за проѕирниот дел од окото (рожницата) кој ја покрива зеницата, затоа што, ако се изгребе при повреда или се замагли поради болест, може да дојде до искривување на сликата или слепило. Со силни зборови, Библијата опишува колку добро треба да ја чуваме „зеницата на окото“. Исто толку добро треба да го чуваме и Божјиот закон (Из 7:2). Во 5. Мојсеева 32:10 се зборува за тоа дека Бог се грижел за Израелците како добар татко и дека ги чувал „како зеницата на своето око“. Давид го молел Бог да се грижи за него и да го чува како „зеницата на окото“ (Пс 17:8). Тој барал од Јехова брзо да му дојде на помош кога непријателите го нападнале (Зх 2:8).
11-17 МАРТ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ПСАЛМ 18
Духовни бисери
it-1-E 432, пас. 2
Херувим
Во симболична смисла, херувимите „ја претставуваат колата“ со која управува Јехова, а нивните крилја ја претставуваат заштитата што ја пружаат, но и брзината со која се движат (1Ле 28:18). Давид со поетски зборови ја опишал брзината со која Јехова му дошол на помош, како да седнал на херувим, како да долетал „на крилјата на еден ангел“ (2Са 22:11; Пс 18:10).
15-21 АПРИЛ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ПСАЛМИ 29 — 31
Укорот — израз на Божјата љубов
it-1-E 802, пас. 3
Лице
Изразот „да го скрие, да го сврти своето лице“ може да има повеќе значења, во зависност од ситуацијата. Кога Јехова Бог го свртува своето лице, тоа обично значи дека повеќе не покажува милост некому или дека не ја користи својата моќ за да му помага. Тоа може да го направи поради непослушноста на поединец или на група луѓе, како што било во случајот со Израелците (Јов 34:29; Пс 30:5-8; Иса 54:8; 59:2).